болно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 May 2023 09:16:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png болно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Викторија Лоба ги загрижи нејзините пријатели на Инстаграм: „Болничка е“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-loba-gi-zagrizhi-nejzinite-prijateli-na-instagram-bolnichka-e-foto/ Fri, 05 May 2023 08:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300726

Македонската пејачка со руско потекло, Викторија Лоба,  често споделува фотографии од нејзините настапи, од  нејзиниот стил на облекување  но често покажува и докажува  дека е  и голем љубител на животните, бидејќи три години ужива во друштвото на нејзините миленичиња, кучeнцата од расата Померанец. Таа честопати од нив споделува симпатични фотографии на кои тие слатко позираат. Лоба неодамна со нив славеше и први Мај и ги прошета низ градот Охрид.
Но овој пат со нејзините следбеници и пријатели сподели дека нејзиното милениче сега е болно. Имено, Лоба објави загрижувачко видео со кое покажа и на кое лесно се забележува дека Дунче не е како што треба. Но и таа самата напиша: „Болничка е Дунче“ - стоеше на објавата на социјалната мрежа Инстаграм заедно со многу тажен и загрижувачки емотикон, со кој потврдува како се чувствува таа во овие моменти. Инаку, оваа раса на кучиња, померанец, е доста популарна периодов и нивната цена на пазарот за миленици се движи околу илјада евра. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Викторија Лоба]]>

Јоце Панов се депилираше на многу незгодно место, па тоа го доживеа… „убиствено“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/joce-panov-se-depilirashe-na-mnogu-nezgodno-mesto-pa-toa-go-dozivea-ubistveno-foto/ Thu, 25 Nov 2021 09:31:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228745

Македонскиот пејач Јоце Панов важи за еден од оние кои постојано имаат работа... Тезги, настапи, свирки, на штипјанецот никогаш не му недостасуваат, зашто Јоце знае како да направи незаборавна атмосфера, фантастичен штимунг, луд провод, забава за долго паметење. Токму затоа пејачот е еден и од оние кои мора постојано да се средени „цакум-пакум“. Дотеран, стокмен, уреден, педантен,  современ маж - вистински метросексуалец, како што по ново таквите ги нарекуваат! Во поново време Јоце пушти брада и мустаќи што на пејачот му даваат дополнителна доза на мажевност и сериозност. Арно ама, мажевноста понекогаш бара и „женско одржување“, па затоа Јоце реши да замина на машка депилација... И тоа на многу незгодно место! Имено, покрај редовното средување на брадата, за мустаќите да не му растат „одвнатре“ од носот нанадвор, туку само од под носот, Јоце отиде на средување на должината на влакненцата во отворите на дишниот орган. А влакненца како влакненца, каде и да ти растат, на ист начин се отстрануваат. Та биле тие околу препоните или во ноздрите! Малку восок за депилација и неколку стапчиња со памуче за чепкање уши, овој пат пикнати во носот. Додека чекаш восокот да се залепи и зацврсти и некако... А потоа доаѓа моментот на вистината... Или пеколот, кој како го доживува... и поднесува. Јоце Панов го доживеа - „убиствено“! Очигледно толку непријатно болно, што моментот го споделил на своите Инстаграм приказни со „закана за убиство“... до изумителот на депилаторската постапка: „Кој го измислил ова, да одам да го убијам“ - напишал „искубаниот“ Јоце, кој овој пат покажа дека е „мажиште“ на „женски терен“. Патем, откако ја почувствува „сета суровост на убавината“ веројатно и самот се запрашал: Што ли се треба да истрпат жените, во случајов неговите колешки-пејачките, за убавина? И тоа смело, по цело тело!? Фото: Инстаграм принтскрин/jocepanov      ]]>

Бора Ѓорѓевиќ не може да ја преболи смртта на неговиот другар од бендот: „Починал Џеј, а јас земам телефон да му вртам на Миша, дали е вистина?“ https://arhiva.vistina.com.mk/bora-gjorgjevikj-ne-moze-da-ja-preboli-smrtta-na-negoviot-drugar-od-bendot-basistot-na-riblja-chorba-pochinal-dzej-jas-zemam-telefon-da-mu-vrtam-na-misho-dali-e-vistina/ Thu, 10 Dec 2020 13:12:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180216

Бора Ѓорѓевиќ, пејач и фронтмен на рок групата „Рибљ чорба“, не може да прифати дека го нема веќе неговиот пријател и колега од бендот, Миша Алексиќ, Џеј Рамадановски, Тихомир Тика Арсиќ...
„Гледав во весникот утрово и со олеснување констатирав дека денас никој близок не умрел“ - очајно изјави Бора.
„Беше невозможно Џеј да не се сака. Чорба за првпат замина на австралиска турнеја во 1990 година со тогаш младиот Џеј. Тој беше на почетокот на својата кариера, љубезен и симпатичен“ - се присети Бора.
Прославениот бенд и починатиот пејач се поврзани со духовитата песна „Гастарбејтерска 2“, снимена на албумот на „Рибља чорба“  - „Ноевата арка“ во 1999 година. Набројувањето на народните пејачи што оди на тезга „преку границаа“ за време на викендите во секоја строфа завршува со познатиот стих: „... и секако Џеј“. Било планирано, на крајот од песната, како гостин,Џеј да рече: „И секако јас“, но тоа не се случило, бидејќи тој не бил во Белград за време на снимањето на песната.
„Кога ја снимивме таа песна, некои од споменатите пејачи ни беа лути, некои не, а Џеки беше воодушевен“ - се сеќава Бора. Тој ми велеше: „Брат, ти благодарам. Ми ја качи цената, сите ми бараат“. Последен пат се сретнавме на бензинската пумпа, по свирките за Стара Нова 2017 година. Падна и пеење и плачење. Потоа дојде 2020 година...“ - воздивнува  Бора, собирајќи сила да додаде.
„Сето ова е толку болно. Го слушам концертот на Бајага на 'Синиот воз' и двапати кревам телефон за да разговарам со Миша за концертот. Џеј починал, а јас го земам телефонот за да му се јавам на Миша, да го прашам дали е вистина. Сите во бендот сме скршерни...“ - со жал констатира Бора.
Фото: Инстаграм принтскрин/riblja_corba_do_groba_fan_
]]>

Најчести родителски грешки поради кои децата постојано се разболуваат! https://arhiva.vistina.com.mk/najchesti-roditelski-greshki-poradi-koi-decata-postojano-se-razboluvaat/ Sat, 20 Jan 2018 23:36:53 +0000 http://vistina.mk/?p=10295

„Не допирај го тоа, падна на земја, сега е нечисто“, оваа реченица е многу позачестена во балканските земји отколку во западните, а во повеќето случаи стравот на родителите е сосема непотребен бидејќи тоа не може да го загрози здравјето на децата. Всушност, добро е познато дека најдобар начин да се изгради имунитет кај децата е да им се дозволи контакт со повеќето потенцијални извори на зараза – со прашина, кал, песок, валкани раце... Чувањето на детето во речиси стерилно опкружување предизвикува намален имунитет! „Денешните деца треба да се очеличат. Ние како мали одевме боси, родителите не нè преоблекуваа постојано, па дури ни кога бевме мокри, ниту ни ги миеја рацете кога ќе ги извалкавме. Западниот свет во однос на нас е многу полиберален по ова прашање“, истакнува педијатарот Дејан Јонев. Родителите во Шведска, Данска или Исланд ги оставаат своите бебиња добро покриени надвор во количките, додека вее снег или врне дожд. Дури и кога се дома, за време на попладневниот одмор родителите ја изнесуваат количката надвор на балкон, за бебињата да не го пропуштат дневното челичење на остриот северен воздух. Зад оваа практика стои нивното уверување дека свежиот надворешен воздух ги прави децата поотпорни на вируси и настинки, а дека чувањето во затворен простор ја зголемува можноста за инфекции. Овие се најчестите грешки на родителите што ги прават со намера да ги заштитат децата: Претерано затоплување на децата „Првата грешка што ја прават родителите е што ги презатоплуваат децата, затоа што сметаат дека тие се склони кон настинки. Тоа е целосно погрешно. Токму важи спротивното. Бебињата се пречувствителни на претерано загревање. Не треба дополнително да се покриваат и завиваат, не треба да им се ставаат капи и дополнителни чорапи, особено ако се дома, а собата каде што престојуваат не треба да е потопла од 22 степена. Во спротивно, може да дојде до оштетување на терморегулаторниот систем, поради што подоцна ќе бидат зиморливи и склони кон настинки.“ Не трчајте по секое зрнце прашина низ домот Претерувањето во одржувањето на хигиената може да доведе до нарушување на имунитетот на бебето и да предизвика алергии, астма и егземи. Се разбира, хигиенските услови во домот се неопходни, но тоа не значи и живеење во целосно стерилна околина. Современите средства за хигиена придонесоа за искоренување на многу болести, но ако се претерува со нивна примена, средината во која живее детето може да се претвори во тригер, а ќе настанат имунолошки нарушувања. Имено, секогаш кога детето ќе дојде во допир со некаква бактерија или вирус, неговиот имунолошки систем почнува да произведува антитела кои следниот пат ќе го препознаат „натрапникот“ и ќе се пресметаат со него. Дозволете им да играат во кал Изгледа застрашувачки, но не само што децата ќе уживаат туку и ќе станат поотпорни. Лекарите истакнуваат дека ја разбираат грижата на родителите кои се плашат да им дозволат на децата да ги допираат калта, инсектите, кората од дрвјата, растенијата и така да дојдат во допир со микроби, но сепак го препорачуваат тоа затоа што е природен дел од растењето кој резултира со јакнење на имунолошкиот систем. Дружење со животни Слободно дозволете им на децата да играат со животни. Не смеете постојано да ги отстранувате од нивна близина. Доколку кучето или некое друго домашно животно редовно се контролира кај ветеринар, нема потреба од никаква грижа, дури ни кога животното го лиже детето. Истражувањата покажале дека на овој начин се намалува ризикот од астма и алергии кај децата, а истовремено децата учат како да ги сакаат и да се грижат за животните. Избегнувајте антибиотици Антибиотиците треба да се избегнуваат кога е можно затоа што ги убиваат лошите, но и добрите бактерии. Прекумерната употреба на антибиотици може да доведе до појава на астма, алергија, дебелина, дијабетес и други заболувања. Ова исто така може да создаде отпорност на лошите бактерии на антибиотикот, со што негативно се влијае врз имунолошкиот систем на детето. извор:факултети.мк]]>