Болен ми лежи Миле Поп Јорданов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 11 Jul 2023 12:06:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Болен ми лежи Миле Поп Јорданов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наум Петрески ја препеа „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, па порача: „Чувајте ја македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/naum-petreski-ja-prepea-bolen-mi-lezhi-mile-pop-jordanov-pa-poracha-chuvajte-ja-makedonskata-pesna-bidejki-nema-koj-drug-da-ja-chuva-video/ Tue, 11 Jul 2023 12:06:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309808

„Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ не звучела никогаш помоќно од сега – отпеана од златното грло на Наум Петрески, а спакувана со мерак од маестро Николче Мицевски. „Оваа песна е легендарна за нас Македонците и треба да се негува, впрочем, како и сите патриотски песни кои оставиле трага во нашата историја. Чест ми е што ја пеам во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“, а уште посреќен сум што можам да испратам една убава порака, особено до младите – да продолжат да ја чуваат македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува, особено во ова време кога секојдневно и од сите страни сме напаѓани“, вели Наум. „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ е отпеана во чест на македонскиот револуционер и просветен деец, а, според историчарот Коста Црнушанов, истата е создадена брзо по смртта на Миле. Според други извори, пак, била отпеана уште на неговиот погреб. Во 2006 година оваа песна е прогласена за официјална химна на градот Велес. Инаку, ова е петтата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, составен од 12 композиции во изведба на 12 изведувачи. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот во чии рамки јавноста уште ќе ги чуе и види и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска и Зуица Лазова; се потпишува Скендеровски продукција. Кон крајот на летото публиката ќе има можност сите 12 песни да ги слушне и во живо, бидејќи во план е и концертен караван кој под истото име ќе гостува во неколку македонски градови - да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас. Уживајте во неверојатиот глас на Наум Петрески и моќната изведба на „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“: ]]>