боки13 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Nov 2023 10:53:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png боки13 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Боки 13 излегува од затвор: Бојан Јовановски е пуштен на слобода https://arhiva.vistina.com.mk/boki-13-izleguva-od-zatvor-bojan-jovanovski-e-pushten-na-sloboda/ Wed, 29 Nov 2023 10:53:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329079

Осудениот во случајот „Рекет“,  Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, потврдува неговиот адвокат, а неофицијална потврда има и од Кривичниот суд. Причината е лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми. Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Јовановски посочува дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако задоцнета, е праведна. „По однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице. Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“, посочува Туфегџиќ.
Јовановски во 2020 година беше осуден на по девет години затвор за случајот „Рекет“ за изнуда и примање награда за незаконско влијание и перење пари, а во случајот „Меѓународen  сојуз“ за измама.  Јовановски казната ја отслужуваше во најголемиот македонски затвор „Идризово“ крај Скопје, а неговите адвокати постојано бараа да му биде укината казната, бидејќи неговото здравје е нарушено и не може соодветно да се лекува во затвор.
Извор: Danas Фото: Инстаграм/boki13official

Повеќе на vistina.mk]]>

Извор: Danas Фото: Инстаграм/boki13official]]>
Старите пајташи се’ уште се во блиски релации, па Сергеј Варошлија му даде поддршка на Боки13-ка: „Мачот требаше на време да заигра“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/starite-pajtashi-se-ushte-se-vo-bliski-relacii-pa-sergej-mu-dade-poddrshka-na-boki13-machot-trebashe-na-vreme-da-zaigra-foto/ Thu, 31 Mar 2022 08:40:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244920

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 во пресрет на пресудата за делата кои му се товарат од страна обвинителството за таканаречениот случај „Меѓународен сојуз“, ја издржува својата казна за случајот „Рекет“  во затворот „Идризово“, но изнендувачки и повторно е активен на социјалните мрежи. Поточно, тој се врати на Инстаграм и тоа преку својот администратор на неговата страница, на која почна со серија обраќања во јавноста да ја раскажува својата страна на приказната. Неговата „вистина“ до душа, многу поразлична од онаа официјалната, ги содржи оние работи за кои Боки 13 ја отвори душата, анализирајќи каде згрешил, кому му прогледувал низ прсти, а не требало, кому слепо му верувал, кој се' му глумел близок пријател, а тоа не му бил, кои вистински го почитувале, а кои само го искористувале и „цицале“! Удри по некои најблиски довчерашни пријатели, соработници, партнери...  кои откако го притворија, осудија и затворија, го избришле од листата на живите. Како и по оние, според него – најодвратните, што најполтронски му се лигушеле, а сега му се насладувале на неговата ситуација! Во второто продолжение од неговото писание, на удар се најдоа некои од најблиските негови соработници и челници во фамозната „1ТВ“, со кои Боки13 како што самиот напиша, ја сечел црвената лента на отоврањето на телевизијата, а подобро раката да си ја исечел! Но Бојан Јовановски во една од објавите не пропуштил и од се срце и  душа да им се заблагодари и на оние малкумина кои ја покажале човечноста најмногу кога треба, кои останале луѓе и биле со него и во неговите најтешки моменти, кои се’ уште траат! Она што се знае од порано е дека македонскиот моден гуру Сргеј Варошлија и Боки 13-ка беа блиски пријатели, што би рекол народот, нераздвојни како „га. и гаќи“!  Кога „газдата“ на „1ТВ“  „падна“, на модниот гуру „му пукна душата“. Го снема, се повлече, долго молчеше... Се појави година и нешто подоцна, откако нештата горе-долу слегнаа и веќе беа многу нешта познати. Ја продолжи својата модна мисија со истата емисија, само на друга фреквенција... Или поточно на Интернет.   Она што е евидентно и забележливо во најновите објави на Боки 13, а и на самиот Сергеј е дека старите пајташи  се' уште се во блиски релации!  По се' изгледа дека Сергеј  Варошлија останал еден од оние малкумина, како што самиот Јовановски вели, што можат да се избројат на прсти, што му останале вистински пријатели!   Токму затоа Сергеј во своето Инстаграм стори му даде поддршка на Боки 13 за неговите најнови објави на Инстаграм, во кои тој ги прозива посочените личности, некогаш нему блиски, кои денес за него се користољубиви предавници. „Мачот требаше на време да заигра“!  - напишал Сергеј Варошлија во Инстаграм стори видеото кое го споделил, јасно асоцирајќи што тоа требало неговиот компањон да стори, кога да пресече, кого се' „да исече“ пред да се случат сите афери. „Требаше“ - кусо му потврдил Боки 13 во својот одговор на истото видео ое и тој го споделил, согласувајќи се со проценката, откако си ја увидел грешката! Дали е во право или само „криво суди“, останува времето да покаже... Ако воопшто покаже, зашто евидентно е дека секој има „своја верзија“ на вистината! Фото: Инстаграм принтскрин/boki13official/

Повеќе на vistina.mk]]>

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 во пресрет на пресудата за делата кои му се товарат од страна обвинителството за таканаречениот случај „Меѓународен сојуз“, ја издржува својата казна за случајот „Рекет“  во затворот „Идризово“, но изнендувачки и повторно е активен на социјалните мрежи. Поточно, тој се врати на Инстаграм и тоа преку својот администратор на неговата страница, на која почна со серија обраќања во јавноста да ја раскажува својата страна на приказната. Неговата „вистина“ до душа, многу поразлична од онаа официјалната, ги содржи оние работи за кои Боки 13 ја отвори душата, анализирајќи каде згрешил, кому му прогледувал низ прсти, а не требало, кому слепо му верувал, кој се' му глумел близок пријател, а тоа не му бил, кои вистински го почитувале, а кои само го искористувале и „цицале“! Удри по некои најблиски довчерашни пријатели, соработници, партнери...  кои откако го притворија, осудија и затворија, го избришле од листата на живите. Како и по оние, според него – најодвратните, што најполтронски му се лигушеле, а сега му се насладувале на неговата ситуација! Во второто продолжение од неговото писание, на удар се најдоа некои од најблиските негови соработници и челници во фамозната „1ТВ“, со кои Боки13 како што самиот напиша, ја сечел црвената лента на отоврањето на телевизијата, а подобро раката да си ја исечел! Но Бојан Јовановски во една од објавите не пропуштил и од се срце и  душа да им се заблагодари и на оние малкумина кои ја покажале човечноста најмногу кога треба, кои останале луѓе и биле со него и во неговите најтешки моменти, кои се’ уште траат! Она што се знае од порано е дека македонскиот моден гуру Сргеј Варошлија и Боки 13-ка беа блиски пријатели, што би рекол народот, нераздвојни како „га. и гаќи“!  Кога „газдата“ на „1ТВ“  „падна“, на модниот гуру „му пукна душата“. Го снема, се повлече, долго молчеше... Се појави година и нешто подоцна, откако нештата горе-долу слегнаа и веќе беа многу нешта познати. Ја продолжи својата модна мисија со истата емисија, само на друга фреквенција... Или поточно на Интернет.   Она што е евидентно и забележливо во најновите објави на Боки 13, а и на самиот Сергеј е дека старите пајташи  се' уште се во блиски релации!  По се' изгледа дека Сергеј  Варошлија останал еден од оние малкумина, како што самиот Јовановски вели, што можат да се избројат на прсти, што му останале вистински пријатели!   Токму затоа Сергеј во своето Инстаграм стори му даде поддршка на Боки 13 за неговите најнови објави на Инстаграм, во кои тој ги прозива посочените личности, некогаш нему блиски, кои денес за него се користољубиви предавници. „Мачот требаше на време да заигра“!  - напишал Сергеј Варошлија во Инстаграм стори видеото кое го споделил, јасно асоцирајќи што тоа требало неговиот компањон да стори, кога да пресече, кого се' „да исече“ пред да се случат сите афери. „Требаше“ - кусо му потврдил Боки 13 во својот одговор на истото видео ое и тој го споделил, согласувајќи се со проценката, откако си ја увидел грешката! Дали е во право или само „криво суди“, останува времето да покаже... Ако воопшто покаже, зашто евидентно е дека секој има „своја верзија“ на вистината! Фото: Инстаграм принтскрин/boki13official/]]>
Боки 13 се врати на Инстаграм со порака полна со длабока горчина: „Најблиските“ ме избришаа од листата на живите, а оние најодвратните, што најполтронски ми се лигушеа, потоа се насладуваа на мојата ситуација, велејќи – убаво му направија“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/boki-13-se-vrati-na-instagram-so-poraka-polna-so-dlaboka-gorchina-najbliskite-me-izbrishaa-od-listata-na-zivite-a-onie-najodvratnite-shto-najpoltronski-mi-se-ligushea-potoa-se-nasladuvaa-na-mojata-sit/ Wed, 23 Mar 2022 08:00:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243963

Притворениот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 во пресрет на пресудата за делата кои му се товарат од страна обвинителството за таканаречениот случај „Меѓународен сојуз“, ја издржува својата казна за случајот „Рекет“  во затворот „Идризово“, но изнендувачки и повторно е активен на социјалните мрежи. Поточно, тој се врати на Инстаграм и тоа преку својот администратор на неговата страница, кој уште пред неколку дена ја пренесе тагата по починатата Марина Туцаковиќ, која како што самиот Боки вели, му била како втора мајка. Неколку дена подоцна , еве го Боки 13 со нов статус на својот Инстаграм, овој пат во вид на порака  полна со длабока горчина. Еден вид обраќање до јавноста и пред се' до оние кои како што самиот вели, некогаш му се претставувале за „најблиски“, а кога го притворија, осудија и затворија, го избришле од листата на живите. Како и до оние, според него - најодвратните, што најполтронски му се лигушеле, а сега му се насладувале на неговата ситуација, велејќи: „Убаво му направија, малку му е...!“ Но Бојан Јовановски во објавата не пропуштил и од се срце и  душа да им се заблагодари и на оние малкумина кои ја покажале човечноста најмногу кога треба, кои останале луѓе и биле со него и во неговите најтешки моменти, кои се' уште траат! Еве што напиша Боки 13 дословно, во своето инстаграм обраќање и до погоре опишаните, лицемери, крлежи, лопови, мршојадци, лешинари... но и до малкумината блиски што останале луѓе, кои покрај неговите родители, можат да се избројат на прсти: „Кога ме притворија и затворија многу од моите таканаречени пријатели, роднини, другари и соработници ме избришаа од листата на ЖИВИТЕ... како небаре да сум мртов и да ме закопале, а не притвориле и затвориле... Па така занесени во сопственото лицемерие и хиенски потреби, едни велеа дека не ме познаваат, други дека ме познавале само од телевизија, трети велеа дека ми биле но дека повеќе не ми се пријатели и дека они биле шокирани кога дознале што сум правел (а ништо не сум правел и ништо не сум им направил и токму тие први ме осудија, баш тие кои што сум се обидувал да ги направам луѓе иако биле обични штетни крлежи закачени на мојата кожа) , четврти ме испокрадоа, петти се дистанцираа најмизерно од мене а добро им беше кога земаа огромни плати, а еден голем дел се оние, најодвратните, кои што ми се лигушеле најполтронски во "нормалниот" свет, а потоа се насладуваа на мојата ситуација велејќи "убаво му направија, малку му е" е на таквите полтрони им посакувам истото мое "убаво" да го доживеат на сопствена кожа за да почуствуваат колку е убаво... Сите овие погоре опишани, лицемери, крлежи, лопови, мршојадци, лешинари, го занемариле фактот дека нивното лицемерие, гадотија и нечовечност, денеска се моја мотивација! Мотивација да продолжам со дигната глава, да се борам и да успеам во својата борба, со Божја волја и помош а не со нивна! За волја на вистината со мене во моите најтешки моменти покрај мајка ми и татко ми останаа само неколку луѓе кои можат да се избројат на прсти, но верувајте ми дека сум благодарен што ги имам и тие малку по бројка, но премногу по квалитет и значење, нека се сите тие живи и здрави и од срце им благодарам што покажаа дека се' уште имало и по некој човек....Фала ви од се срце!!! Благодарам и на оние луѓе кои што не ги познавам лично, а ми пружиле поддршка искрена и од срце, верувајте во ситуација во која се наоѓам, секој убав збор, планина вреди, затоа ви благодарам. Скоцкан сум и од затвор... тоа ви пречеше , ви пречи и нека ви пречи, ако е тоа главниот проблем во нашата држава, тогаш ние сме навистина среќно и успешно општество!!! Скоцканиот "криминалец" го фативте... смешни сте!“ Објавено од администратор на профилот на Бојан Јовановски.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Boki 13 (@boki13official)

Фото: Јутјуб  и Инстаграм принтскрин/boki13official

Фото: Јутјуб  и Инстаграм принтскрин/boki13official]]>
По Кичеец и Рашковски и Боки 13-ка сликан како слободно се шета низ Скопје, иако е во куќен притвор… на ред ли е Катица?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-kicheec-i-rashkovski-i-boki-13-ka-slikan-kako-slobodno-se-sheta-niz-skopje-iako-e-vo-kukjen-pritvor-na-red-li-e-katica-foto/ Fri, 17 Sep 2021 08:15:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219475

Чудна некоја земја оваа наша Македонија... Уште почудна власта и оние кои беа први пајташи со неа, па и се огрешија и неа, а најмногу  на народот, па сега се зад решетки. Или барем треба да бидат, ама не се! Зашто изнаоѓаат разно-разни причини и начини како да ескивираат. По Зоран Милески Кичеец, кој учествуваваше во сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Охрид - Кичево, пред некој ден и бившиот секретар на владат на Заев, Драги Рашковски кој е во куќен притвор заради познатата „сообраќаен софтвер афера“, беше сликан како слободно си шета без задолжителната полициска придружба низ Скопје. Првиот бил на „месечен отпуст заради лечење“, вториов имал дозвола, односно, документ од судот кога да оди на лекар! Се сами „пациенти“, што би рекле! Најодговорниот се прави „наудрен“... Божем од медиумите разбрал за ваквите „прошетки“ на актуелните осуденици, негови доскорешни блиски соработници! И не мина ниту еден ден кога ете ти уште еден од „некогаш големото друштво“ на власта, фатен во кадар среде центарот на Скопје, а ико и тој треба да е зад четири ѕида, зад „домашни решетки“! Во тесни фармерки и тексас јакна, со каубојски чизми, Боки 13-ка е забележан во центарот на Скопје. За разлика од Зоран Кичеец и Драги Рашковски, кои беа уловени без придружба, Боки 13 шета на слобода во придружба на двајца полицајци во цивил. Барем така изгледаат на фотографијата која осамна на социјалните мрежи. Бојан Јовановски е сликан спроти „Зелено пазарче“ на влезот на паркингот на некогашната Градска болница. За потсетување, Боки 13 е осуден на 9 (девет) години затвор заради „Луј Витон“ аферата која резултираше со предметот „Рекет“. И додека на пример пред домот на екс министерот Миле Јанакиевски 24/7 дежураат полицајци, а бизнисменот Јордан Орце Камчев и гаранција од два и кусур  милиони евра не може да го извади од Шутка за да се брани од слобода, „грешните љубимци на власта“ кога сакаат се возат по Македонија и шетаат по Скопје. Како тргнало, веројатно следна е Катица... Можеби ќе добие „судска дозвола“ да оди на вакцинација, кој да ја знае?

Повеќе на vistina.mk]]>

Чудна некоја земја оваа наша Македонија... Уште почудна власта и оние кои беа први пајташи со неа, па и се огрешија и неа, а најмногу  на народот, па сега се зад решетки. Или барем треба да бидат, ама не се! Зашто изнаоѓаат разно-разни причини и начини како да ескивираат. По Зоран Милески Кичеец, кој учествуваваше во сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Охрид - Кичево, пред некој ден и бившиот секретар на владат на Заев, Драги Рашковски кој е во куќен притвор заради познатата „сообраќаен софтвер афера“, беше сликан како слободно си шета без задолжителната полициска придружба низ Скопје. Првиот бил на „месечен отпуст заради лечење“, вториов имал дозвола, односно, документ од судот кога да оди на лекар! Се сами „пациенти“, што би рекле! Најодговорниот се прави „наудрен“... Божем од медиумите разбрал за ваквите „прошетки“ на актуелните осуденици, негови доскорешни блиски соработници! И не мина ниту еден ден кога ете ти уште еден од „некогаш големото друштво“ на власта, фатен во кадар среде центарот на Скопје, а ико и тој треба да е зад четири ѕида, зад „домашни решетки“! Во тесни фармерки и тексас јакна, со каубојски чизми, Боки 13-ка е забележан во центарот на Скопје. За разлика од Зоран Кичеец и Драги Рашковски, кои беа уловени без придружба, Боки 13 шета на слобода во придружба на двајца полицајци во цивил. Барем така изгледаат на фотографијата која осамна на социјалните мрежи. Бојан Јовановски е сликан спроти „Зелено пазарче“ на влезот на паркингот на некогашната Градска болница. За потсетување, Боки 13 е осуден на 9 (девет) години затвор заради „Луј Витон“ аферата која резултираше со предметот „Рекет“. И додека на пример пред домот на екс министерот Миле Јанакиевски 24/7 дежураат полицајци, а бизнисменот Јордан Орце Камчев и гаранција од два и кусур  милиони евра не може да го извади од Шутка за да се брани од слобода, „грешните љубимци на власта“ кога сакаат се возат по Македонија и шетаат по Скопје. Како тргнало, веројатно следна е Катица... Можеби ќе добие „судска дозвола“ да оди на вакцинација, кој да ја знае? ]]>
Се’ би дале само да бидат понежен пол: Овие познати балкански пејачи станаа жени! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-bi-dale-samo-da-bidat-ponezen-pol-ovie-poznati-balkanski-pejachi-stanaa-zeni-foto/ Mon, 25 Jan 2021 10:33:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186551

Сцената е исполнета со личности чиј изглед отстапува од стандардното и традиционалното. Приказните за мажи кои станале жени, привремено, делумно или целосно ја шокираа јавноста и си поиграа со традицијата и стереотипите на нашите простори. На оваа фотографија која кружи на социјалните мрежи, можете да ги видите: Азис, Боки13, Сестри, Наташа Маза, Невен Цигановиќ, Славко Калезиќ, Електра Елит и Божо Вреќо. Фотографија која предизвика вистинско цунами од коментари. Некои беа многу негативни, додека имаше и понекој позитивен каде ја пофалија нивната храброст да се појават во јавноста. Некои од пејач(к)ите тотално го сменија полот, како  Наташа Маза и Електра Елит, додека други користеа женска гардероба, обувки на високи потпетици и силна шминка на сцената, но и во приватниот живот. Ќе го споменеме само оној, кој беше пионер на Балканот и прв го шокираше целиот регион. Популарниот бугарски пејач Азис веројатно беше првиот на овие балкански простори што го воведе овој тренд. Изгледаше многу мажествено, но се облекуваша и однесуваше како жена. Кај нас секско најпознат беше и остана Боки13. Особено после аферата „Рекет“, која се уште ја чека својата финална судска разрешница. Тој како и Азис сега направија неверојатни трансформации и од облекување во женска гардероба премина во вистински мажи. Барем навидум! Фото: Социјални мрежи

Повеќе на vistina.mk]]>

Сцената е исполнета со личности чиј изглед отстапува од стандардното и традиционалното. Приказните за мажи кои станале жени, привремено, делумно или целосно ја шокираа јавноста и си поиграа со традицијата и стереотипите на нашите простори. На оваа фотографија која кружи на социјалните мрежи, можете да ги видите: Азис, Боки13, Сестри, Наташа Маза, Невен Цигановиќ, Славко Калезиќ, Електра Елит и Божо Вреќо. Фотографија која предизвика вистинско цунами од коментари. Некои беа многу негативни, додека имаше и понекој позитивен каде ја пофалија нивната храброст да се појават во јавноста. Некои од пејач(к)ите тотално го сменија полот, како  Наташа Маза и Електра Елит, додека други користеа женска гардероба, обувки на високи потпетици и силна шминка на сцената, но и во приватниот живот. Ќе го споменеме само оној, кој беше пионер на Балканот и прв го шокираше целиот регион. Популарниот бугарски пејач Азис веројатно беше првиот на овие балкански простори што го воведе овој тренд. Изгледаше многу мажествено, но се облекуваша и однесуваше како жена. Кај нас секско најпознат беше и остана Боки13. Особено после аферата „Рекет“, која се уште ја чека својата финална судска разрешница. Тој како и Азис сега направија неверојатни трансформации и од облекување во женска гардероба премина во вистински мажи. Барем навидум! Фото: Социјални мрежи]]>
Боки 13 го оставија „по гаќи“: Се’ што му беше запленето, ќе му биде конфискувано https://arhiva.vistina.com.mk/boki-13-go-ostavija-po-gakji-se-shto-mu-beshe-zapleneto-kje-mu-bide-konfiskuvano/ Thu, 18 Jun 2020 10:52:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154425

Конфискација на предмети и на пари на осудените  Бојан Јовановски и Катица Јанева, определи денеска судијката Васка Николовска-Масевска при изрекување на пресудата во случајот „Рекет“. Како што беше речено, на Боки 13 му се конфискува облеката и накитот од скапи брендови, што му беа одземени од страна на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска во истрагата, како и повеќе уметнички слики, мебел и сè што му е стекнато со пуштањето во оптек на парите од земениот рекет. На Јанева, пак, ќе ѝ бидат конфискувани 50.000 евра, а ако нема пари на сметките, ќе бидат присвоени лични предмети или недвижнини во износот со кривичното дело. Денеска Кривичниот суд, Скопје на Јанева и Јовановски им изрече затворски казни во траење од 7 и 9 години.   Извор:Курир.мк Фото:Боки13/Инстаграм принтскрин

Повеќе на vistina.mk]]>

Конфискација на предмети и на пари на осудените  Бојан Јовановски и Катица Јанева, определи денеска судијката Васка Николовска-Масевска при изрекување на пресудата во случајот „Рекет“. Како што беше речено, на Боки 13 му се конфискува облеката и накитот од скапи брендови, што му беа одземени од страна на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска во истрагата, како и повеќе уметнички слики, мебел и сè што му е стекнато со пуштањето во оптек на парите од земениот рекет. На Јанева, пак, ќе ѝ бидат конфискувани 50.000 евра, а ако нема пари на сметките, ќе бидат присвоени лични предмети или недвижнини во износот со кривичното дело. Денеска Кривичниот суд, Скопје на Јанева и Јовановски им изрече затворски казни во траење од 7 и 9 години.   Извор:Курир.мк Фото:Боки13/Инстаграм принтскрин]]>
Бекам: „Јас не го познавам Бојан, се сликавме само еднаш и тоа затоа што тој инсистираше на тоа“ https://arhiva.vistina.com.mk/bekam-jas-ne-go-poznavam-bojan-se-slikavme-samo-ednash-i-toa-zatoa-shto-toj-insistirashe-na-toa/ Sat, 07 Sep 2019 09:12:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105662

Повеќе на vistina.mk]]>

]]>
Поранешен пратеник тврди: И синот на Катица Јанева е директно вмешан во „Рекет“ https://arhiva.vistina.com.mk/poraneshen-pratenik-tvrdi-i-sinot-na-katica-janeva-e-direktno-vmeshan-vo-reket/ Tue, 20 Aug 2019 11:41:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103071

Поранешниот пратеник во македонското Собрание, Веле Митаноски, го обвини синот на Катица Јанева дека директно бил вмешан во „Рекет“. Тој на Фејсбук објави статус на кој тврди дека синот на Катица Јанева им се заканувал на градоначалниците, со зборовите: „Знаеш ли ти чиј син сум јас“?
Лазар Јанев, инаку, беше вработен во 1ТВ, телевизијата на таткото на Боки 13, каде тој се претставуваше како директор. Јанев во телевизијата ја држеше позицијата директор на маркетинг. Кога како бомба одекна „Рекет“, веднаш беше спомнато и името Лазар Јанев, синот на обвинителката. Тој изјави дека телефонот на мајка му е загубен, за подоцна во истрагата телефонот да биде најден кај неговата девојка. Но, официјално, досега, името на синот на катица Јанева не е вклучено во истрагата. Тој во моментов не е осомничен за „Рекет“ и Вилма Рускоска го нема повикано на распит. Извор: Засе

Повеќе на vistina.mk]]>

Поранешниот пратеник во македонското Собрание, Веле Митаноски, го обвини синот на Катица Јанева дека директно бил вмешан во „Рекет“. Тој на Фејсбук објави статус на кој тврди дека синот на Катица Јанева им се заканувал на градоначалниците, со зборовите: „Знаеш ли ти чиј син сум јас“?
Лазар Јанев, инаку, беше вработен во 1ТВ, телевизијата на таткото на Боки 13, каде тој се претставуваше како директор. Јанев во телевизијата ја држеше позицијата директор на маркетинг. Кога како бомба одекна „Рекет“, веднаш беше спомнато и името Лазар Јанев, синот на обвинителката. Тој изјави дека телефонот на мајка му е загубен, за подоцна во истрагата телефонот да биде најден кај неговата девојка. Но, официјално, досега, името на синот на катица Јанева не е вклучено во истрагата. Тој во моментов не е осомничен за „Рекет“ и Вилма Рускоска го нема повикано на распит. Извор: Засе]]>
Боки 13 денеска без раскош и гламур го слави 33-тиот роденден во Шутка https://arhiva.vistina.com.mk/boki-13-deneska-bez-raskosh-i-glamur-go-slavi-33-tiot-rodenden-vo-shutka/ Mon, 19 Aug 2019 10:02:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102818

Денеска во затворот во Шутка, Боки 13 ќе го прослави 33-тиот роденден. Овој пат без роденднеска торта, свеќи и раскошот на кој беше навикнат. Боки 13, кој е притворен во аферата Рекет, беше навикнат на гламурозни прослави на неговите родендени, со музика, познати пејачки ѕвезди и гости од македонскиот и балканскиот „џет-сет“.
Прославата на 30-тиот роденден Боки 13 ја почна со 1001 роза, 32-иот го славеше со италијанска вечера, а на социјалните мрежи тогаш напиша: „Мала Сицилија во Скопје“.
Сега 33-тиот роденден Боки 13 ќе го прослави во притворот во Шутка.  Лани со „мала Сицилија“ во Скопје, годинава со голема „Козаностра“ во цела држава!
Извор: Денешен.мк

Извор: Денешен.мк]]>
Пронајдени шокантни пораки, експлицитни фотографии и два видеоклипа во мобилниот на Боки 13: Водителот во врска со познат политичар? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pronajdeni-shokantni-poraki-eksplicitni-fotografii-i-dva-videoklipa-vo-mobilniot-na-boki13-voditelot-vo-vrska-so-poznat-politichar-foto/ Sat, 17 Aug 2019 10:43:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102691

Во телефонот на уапсениот македонски водител и поранешна ријалити ѕвезда на Боки 13, полицијата пронашла шокантна кореспонденција со познат српски политичар - објавија српските медиуми  Курир и Телеграф.
Пронајдени се дури и експлицитни фотографии од нивната интимна средба, а тие сега се во сопственост на истражните тела и органи во Скопје, кои утврдуваат дали врската меѓу нашиот водител и српскиот политичар имаат врска со аферата „Рекет“ која со денови ја тресе Македонија.
„Полициските инспектори кои го уапсија Боки 13 и му го заплениле неговиот мобилен телефон, буквално биле шокирани кога виделе што има во него. Меѓу другото, пронајдени се голем број на пораки што водителот ги разменувал со познат политичар од Белград, како и неколку фотографии и две видеа“ - открива соговорник од Скопје, вклучен во истрагата. Според изворот, некои од пораките што ги размениле Боки 13 и политичарот датираат од деновите непосредно пред неговото апсење.
„Во една од овие пораки, Боки 13 најавува дека ќе дојде во Србија што е можно поскоро и дека едвај чека да се видат, а политичарот одговара дека едвај чека да се сретнат што е можно побргу“ - вели соговорник на српски Телеграф. Станува збор за српски политичар, кој често патува и објавува фотографии од различни дестинации, а пред неколку месеци објави фотографија и од Скопје на социјалните мрежи.

Повеќе на vistina.mk]]>

Во телефонот на уапсениот македонски водител и поранешна ријалити ѕвезда на Боки 13, полицијата пронашла шокантна кореспонденција со познат српски политичар - објавија српските медиуми  Курир и Телеграф.
Пронајдени се дури и експлицитни фотографии од нивната интимна средба, а тие сега се во сопственост на истражните тела и органи во Скопје, кои утврдуваат дали врската меѓу нашиот водител и српскиот политичар имаат врска со аферата „Рекет“ која со денови ја тресе Македонија.
„Полициските инспектори кои го уапсија Боки 13 и му го заплениле неговиот мобилен телефон, буквално биле шокирани кога виделе што има во него. Меѓу другото, пронајдени се голем број на пораки што водителот ги разменувал со познат политичар од Белград, како и неколку фотографии и две видеа“ - открива соговорник од Скопје, вклучен во истрагата. Според изворот, некои од пораките што ги размениле Боки 13 и политичарот датираат од деновите непосредно пред неговото апсење.
„Во една од овие пораки, Боки 13 најавува дека ќе дојде во Србија што е можно поскоро и дека едвај чека да се видат, а политичарот одговара дека едвај чека да се сретнат што е можно побргу“ - вели соговорник на српски Телеграф. Станува збор за српски политичар, кој често патува и објавува фотографии од различни дестинации, а пред неколку месеци објави фотографија и од Скопје на социјалните мрежи.]]>