боки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Aug 2019 17:13:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png боки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За Лила нема маки, еве кој ја дружи во отсуство на Боки? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kaj-lila-nema-utka-eve-koj-ja-druzi-dodeka-boki-e-vo-shutka-foto/ Mon, 12 Aug 2019 07:33:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101501

Боки - „Тредичи“  и понатаму е во притвор. Аферата секој ден добива нов заплет, станува се позамрсена, како гордиев јазол кој на крајот по се изгледа дека не ќе може да се одмрси, па ќе заигра мечот... да го пресече! Прашање е само чии се' глави ќе одат јабана? Во меѓувреме „1ТВ“  е на шкрги... Телевизијата „работи на апарати“ одржувајќи се на „жими мајка“ во живот. Додека и оние што се обидуваат да ја „вратат“ конечно не сфатат дека од ветеното нема ништо! Бајката (бргу ќе) заврши  - папала маца!
Интересно е да се види каде е и што прави верното и убаво друштвото на Боки - „Тредичи“ додека тој е на „сигурно“!
„Модниот гуру“ Варошлија никаде го нема! Исчезна преку ноќ! Дури и од социјалните мрежи! Едната од двете дами која беше со Боки во џипот при неговото апсење, повеќе ја нема... Барем не, на програмата на 1ТВ , која ионака е сведена на „фчерашна“ со бајати дебатни репризи и „трагикомичен обид“ за правење најнови вести! Ама затоа некои од „Тредичи друштвото“ се' уште се тука... Кој во телевизијата кој, надвор од неа!
Така е со новинарот и водител Зоран Василевски, многу попознат како Зоки - „Фаци“, кој и понатаму  е присутен во 1ТВ. До душа не на програмата, зашто од „ексклузива забава“ на Зоки му остана само цревото в раце! За да ја полева тревата во дворот на 1ТВ да не овене на жештините, како нивната програма!  Ама ако! И тоа е нешто! Барем е корисно и еколошки прифатливо!
Откако Боки 13 повеќе не е на слобода, најинтересно прашање е кој ја дружи Лила, со оглед на тоа дека таа, Варошлија и Боки  беа речиси неразделни во периодот по отворањето на 1ТВ. „Првата другарка на банкарот“ беше дури и втората дама во џипот на „газда 13-ка“ при неговото апсење на граница.
И за да нема повеќе дилеми и недоумици, одговорот е тука. Лила за дружба си најде достојна замена во „човек од доверба“ од 1ТВ! Кога веќе нема емисија, Зоки - „Фаци“ има „ексклузива“ покрај цревото, да ја дружи и Лила додека Боки е во Шутка! Или можеби нивната средба во еден од познатите скопски молови беше сосема случајна, па заврши само со еднократен лимонада муабет?
Како и да е, Лила, во отсуство на старото друштво, си најде нова екипа за дружба во Охрид: синот Филип и нејзиниот асистент Спасе - „временска“ од ТВ „Сител“!
 
View this post on Instagram
 
Ohridsko leto ❤️❤️❤️ #summer #friends #love #life

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

]]>

Ова се последните објави на Боки 13, Сергеј Варошлија и Лила на Инстаграм! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-poslednite-objavi-na-boki-13-sergej-varoshlija-i-lila-na-instagram-foto/ Tue, 16 Jul 2019 07:46:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97740

На 15 јули 2019, како  бомба одекна веста дека менаџерот, кој се претставува и како сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, попладнето беше уапсен на граничниот премин „Богородица“ по налог на Јавното обвинителство Скопје.  Речиси во исто време и главната на СЈО, Катица Јанева ја поднесува својата ковертирана оставка!
Боки 13 заедно со Зоран Милевски - „Кичеец“  се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати. Боки 13-ка со лисици на рацете беше изнесен од Кривичниот суд во Скопје и заврши во затворот во Шутка, откако доби 30 дневен притвор.
Покрај медиумите вријат и социјалните мрежи. Шпекулациите не престануваат, особено, по информациите дека при апсењето со „газда Боки13“ во автомобилот биле и неговите блиски пријатели, инаку познати медиумски личности. Едниот водител на ТВ шоу во „неговата“ телевизија, а другата уште попозната ТВ водителка на една национална телевизија.
Не сакаме да шпекулираме за кого се работи, иако веќе многумина ги врзуваат за имињата на „светото“ естрадно ТВ тројство“: „газдата“, „модниот ТВ гуру“ и „првата дама до банкарот“! Не е тајна дека оддамна се најдобри пријатели, а уште поблиски откако се отвори 1ТВ. Бојан Јовановски, Сергеј Варошлија и Лила Филиповска секој слободен миг го користеа да бидат заедно.
Заеднички излегувања, вечери, појавувања на разни настани, шопинзи, викенди по Охрид, Грција... Телевизиското трио фантастико беше речиси неразделно... Се' до вчера.
Но, без да преујдицираме или даваме било какви квалификации, ајде само да видиме што напишале, односно кои беа последните објави на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, кој обилно го користеа постирајќи фотографии од своите заеднички дружби Боки 13, Сергеј и Лила, пред „газдата“ да биде лишен од слобода!
Последниот статус на Боки 13 е од пред два дена. Боки од гримиорната го опишал своето расположение, не заборавајќи да го потенцира стилот. И толку... Другото е веќе познато. Оттаму фотографии имаат само камерите на граница!
Сергеј обилно ги користи социјалните мрежи, ама туѓите. На својот Инстаграм не кисне и не го товари секојдневно со нови објави, па оттаму последната фотографија и не му е баш најтазе. Летна, од плажа, со неговото гумено коњче за пливање под мишка, обоено во, за него „вистинските бои“ на виножитото... Пост, отприлика од времето на парадата на гордоста во Скопје.
Само, што по „падот на 1ТВ вождот“,  боите почнуваат некако да се разводенуваат... А, кога ТВ империјата почнува да се урива, целиот свет ќе ти се сврти наопачки!
Лила пак нема ден да не објави по една, две, три... па и повеќе фотографии и понекое видео на Инстаграм. Последната во моментов на излегување на овој текст е од пред 16-ина часа... Водителката седната во луксузен автомобил или џип со кожни светлокафени седишта, објавила „претскажувачко“ селфи...
„Double trouble“ или во превод: „Двојна неволја“ - напишала Лила во постот покрај фотографијата... На каква тоа двојна неволја мислела Лила, останува нејасно?! Јасно е само дека се работи за „неверојатна случајност“, која речиси се поклопува со тајмингот на чинот на апсење на нејзиниот близок пријател - Боки 13!    ]]>