бока рафинерија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Nov 2018 12:09:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бока рафинерија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Бока – Рафинерија“ и Адријана – „Кеш“ се во љубовно – „Пали – гаси“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/boka-rafinerija-i-adrijana-kesh-se-vo-ljubovno-pali-gasi-video/ Fri, 23 Nov 2018 12:09:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59478

Пејачот Борче Бока Димитров, познат како Бока - „Рафинерија“  летово ја екранизираше својата песна „Ако не си моја“. 
По ова негово музичко „соло чедо“ Бока реши да ги здружи силите со познатата и атрактивна македонска фолк пејачка Адријана Ацевска позната под уметничкото име Адријана - „Кеш“. Резултат на нивната соработка е новото музичко парче насловено „Пали - гаси“, кое воопшто не е фолк нумера и покрај определбата на пејачката, а неа како автор на музиката и текстот ја потпишува самиот Бока Димитров.
Како и да е, се работи за нумера во која во основа Бока и Адријана одлично се вклопиле не само со гласовните можности, туку и со стиховите кои совршено кореспондираат со музиката и целиот тензичен амбиент на нумерата. Меѓусебни обвинувања на една љубовна двојка, во кои секој држи до својата страна, до својата вистина, која всушност е лага во која верува само оној што ја кажува, обидувајќи се да ја убеди, а во истовреме и обвини другата страна... И сето тоа одлично спакувано во еден музичко-стиховен калибар достоен и за многу поголеми пејачки имиња, зачинет со одличната продукција и аранжман на Робер Билбилов. Едноставно, нумера која како да е создадена за дует... кој одлично функционира!
Ако на сето тоа му се додаде и функционалното видо кое не е можеби кој знае колку високобуџетно, но кадрите во него совршено кореспондираат со музиката и текстот на песната создавајќи една аудиовизуелна целина која мириса на хит.
Зад видеозаписот стои видеопродукцијата „ДРД Медија“, а режијата ја потпишува уметничкиот фотограф и режисер, Драган Ристовски - Дац, кој и самиот е и музичар и композитор.
Како наведеното изгледа спакувано во аудиовизуелното парче музика и видео насловено „Пали - гаси“, проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=Umb0MuQo3d8&fbclid=IwAR2wqCXsyUGJ71qWu45kQ-_Vb9AxCUpjGlBMjrS1GlNPzCfyrVhWCLb4-aI]]>