бојан трајковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 09 Nov 2020 13:54:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бојан трајковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога ќе се спојат две македонски секси убавици на едно место, настанува… „Трепет“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-kje-se-spojat-dve-makedonski-seksi-ubavici-na-edno-mesto-nastanuva-trepet-video/ Mon, 09 Nov 2020 09:45:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175022

Во време-невреме кога ништо не се случува, кога се бориме за здив, за парче небо и убава вест, создавањето уметност ни доаѓа како награда. Како Божји дар, кој ќе ни го разубави денот, поправи расположението, разведри атмосферата која веќе со месеци е напната, тмурна и мрачна заради чумата на 21 век, коронапандемијата и борбата со неа. Токму затоа и повеќе радува кога две уметнички души ќе се спојата во едно заедничко парче музика. До душа можеби не баш најнова, но сепак наша, македонска, само овој пат поинаку препеана, преаранжирана, прераскажана со поинакви звуци и тонови, обоена со поколоритни ноти, со специфики која секоја од нејзините изведувачи ја носи во себе. И кога на сето тоа ќе и се придодаде визуелизацијата на нивниот музички израз, спојот на двете македонски секси убавици на едно место предизвикува... „Трепет“. И тоа онаков како што треперат жиците на харфата и гитарата, трепет каков што Сара Мејс и Марија од  дуото „Ај Кју“  го создадоа со нивната  интерпретација на старото макфестовско музичко дело, како благодет  за уживање во овие есенски денови. Песната и стиховите се инаку авторско дело на самата Сара Костадиновска и е настаната пред неколку години, кога на „Макфест“ ја изведе Тања Би, тогаш во аранжман на Дамир Имери. Идејата одново да ја преработи во соработка со „Ај Кју“ потекнала од посилната половина на дуото, Бојан Трајковски, а во ваква или слична верзија беше премиерно изведена од Сара Мејас и Ај Кју на последниот „Skopje Unplugged 2020“ на скопски Камник. „Бојан и Марија честопати ми зборуваа за оваа песна. Ова лето го искористивме слободното време што го имавме повеќе од вообичаеното, ја стокмивме „Трепет“ и ја отсвиревме премиерно на Skopje Unplugged 2020. Ни се допадна изведбата и како сето тоа звучеше, па решивме да ја крунисаме со спот за да влеземе со трепет во есента“. „Ова е за сите оние што знаат да уживаат и се среќни со тоа што го имаат“ - ќе изјави Сара за настанувањето на „Трепет“. Доживејте го и вие аудио-визуелно нивниот „Трепет“, овој пат заеднички преаранжиран од самата кантавторка Сара Мејс и Ај Кју, снимена во студиото „Подрумот“, а визуелизирана од Кристијан Шемко. Уживајте во видеото во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=-NlqeT9e3_k&feature=emb_logo      ]]>

На Бојан од „Ај Кју“ гитарата сепак не му е омилен инструмент: Музичарот повеќе „се пали“ на малку поинакви звуци (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-bojan-od-aj-kju-gitarata-sepak-ne-mu-e-omilen-instrument-muzicharot-povekje-se-pali-na-malku-poinakvi-zvuci-foto/ Tue, 28 Apr 2020 07:34:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146839

Скопското евровизиско љубовно-музичко дуо „Ај Кју“,  излезе од карантинот за да сподели „култура во време на корона“, па музицираше во рамките на истоимената манифестација организирана од Град Скопје, на која скопските музичира „од под балкон, на покрив или под пенџере“ се обидуваат да го забавуваат народот, додека тој чмае во изолација заради корона пандемијата. Скопје и не само Скопје и понатаму седи дома, а Бојан и Марија откако ја завршија својата музичка мисија се вратија назад во изолација... Се разбира со 14.500 или 29.000 денари во џебот, зависи како градоначалникот Шилегов и неговата свита гледаат на нив? Како група и „две во едно“ или „две одделно“, па секому му следува ветенета сума уметнички „минималец“. Малку пред тоа, навидум мирната, тивка и повлечена Марија ја шокираше јавноста, откако на социјалните мрежи сподели разголена фотографија. Пејачката гола, затскриена само зад стара акустична гитара, од сите предрасуди ослободена, позираше како од мајка родена.   https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/marija-od-aj-kju-se-sobleche-gola-pejachkata-od-site-predrasudi-oslobodena-pozira-kako-od-majka-rodena-zadskriena-zad-stara-gitara-foto/ И не помина долго, по пејачката на „Ај Кју“ нов шок ни приреди посилната половина на ова дуо - гитаристот и лидер на бендот, Бојан Трајковски. Додека во домашни услови тој и Марија се подготвуваа за своето онлајн музицирање, следуваше неговото шокирање на јавноста. Имено, меѓу сите инструменти во собата за проби, се најдоа и едни конги. Не се гитара и не се жичан инструмент, ама сепак - комплимент за тоа, како најпрвин на нив Марија го покажа своето музичко умеење и „чувство за осет“ за ритам. Веднаш потоа и се придружи Бојан, па така заедно, како „дуо -трио“ ја продоллжија ритмичката ударна сеанса, во која на „гитарџијата“ одненадеж му се пружи шанса да ги слушне своите „омилени звуци“! Додека така заедно свиреа, пејачката во еден момент му заврте грб, па се поднаведна веројатно да земе нешто што беше оставено до неа, а Бојан го искористи моментот за да го смени “инструментот“. Неговите „брзи прсти“ за миг од конгите се префрлија на бујната задница на расната љубовница и колешка, па лекцијата што очигледно веќе му е позната на „перкусионистот“, не му беше тешка. Ја отсвири совршено, иако се чини  дека со „парти-турата“ тука не беше свршено... Како и да е, Бојан од „Ај Кју“ покажа дека гитарата сепак не му е омилен инструмент. Музичарот повеќе „се пали“ на малку поинакви звуци...  Брзопотезно изведени и природно произведени! Впрочем, не му е прв пат да покаже дека има „брзи и лепливи прсти“  подготвени за миг да се фатат за нешто цврсто или меко, како ланската зима, кога на очиглед ја зграпчи амбалажата за... „мајчино млеко“! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/aj-kju-vo-mavrovo-marija-na-skii-bojan-na-snoubord-na-snegot-ama-na-suvo-ja-batali-daskata-pa-se-fati-za-ambalazata-za-majchino-mleko-foto/  ]]>

Eye Cue – „Јано мори“ или „Tell me baby“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eye-cue-jano-mori-ili-tell-me-baby-video/ Tue, 05 Nov 2019 12:56:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116709

Бојан Трајковски и Марија Ивановска од дуото „Ај Кју“, по евровизискиот настап и сите песни потоа, на почетокот на октомври 2019 месец одлучија да ја изненадат македонската јавност со едно уникатно музичко остварување, преработувајќи ја познатата македонска народна песна „Јано мори“. Реакциите беа поделени, иако критиките за верзијата која ја направиле беа воглавном позитивни.  Едни тврдеа дека во културното музичко наследство како и да интервенираш, можеш само да го расипеш, додека други ја фалеа инвентивноста и новото аранжманско решение на верзијата на „Ај Кју“, како и експресивната вокална изведба на пејачката. Еден месец подоцна, дуото ја сподели со јавноста и англиската верзија на песната, насловена како „Tell me baby“. Причина повеќе за ваквиот потег е фактот што Бојан и Марија последнава година-година и пол се повеќе надвор отколку во Македонија, активно настапувајќи низ Европа и Австралија, а и поголемиот дел од 2019 година го поминаа во Лондон, работејќи на нов материјал. Англиската верзија веројатно заради јазикот звучи некако „повозбудливо и посвежо“, а во неа точно и одмерено е најдена дозата на спој на македонската традиција со модерните музички жанрови на изразување. Можеби затоа со неа и „Ај Кју“ ќе имаат некакви шанси да се допаднат на пребирливата европска и особено англиска публика. Како и да е, времето пред нас ќе покаже дали ваквата „музичка алхемија“ може да предизвика „емоционална хемија“ кај европските музички мконзументи на кои музичкиот избор од целиот свет им е од една страна на дланка. И за оваа верзија е снимено видео по истиот принцип, режирано и реализирано од истиот автор, Кристијан Шемко. Ние уште еднаш ви ги нудиме на преслушување и прегледување обете верзии, а вие самите одлучите: „Јано мори“ или „Tell me baby“ - вие кажете?! https://www.youtube.com/watch?v=cgq_Gi8yWe4 https://www.youtube.com/watch?v=Xvp5UJ4tvoc  ]]>

Ај Кју одново разиграни во „Dancin’“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aj-kju-odnovo-razigrani-vo-dancin-video/ Fri, 22 Mar 2019 11:28:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78861

Популарната македонска група „Ај Кју“  го објави и својот најнов сингл насловен „Dancin’“, со кој ќе се обиде да ја освојува светската сцена, особено откако ги освои срцата на европската публика со минатогодишниот евровизиски хит „Lost And Found“.
Станува збор за  денс-нумера која е одново комплетно авторско дело на Бојан Трајковски кое се лепи за уво уште при првото слушање, а сето тоа визуелно надополнето и разиграно, со шареноликото видео со потписот на Џејмс Галант.
Дуото периодов е зафатено со бројни гостувања низ Европа, а новиот сингл ќе имаат можност во живо да го слушнат и посетителите на евровизиските забави во Лондон и во Амстердам. Првата од нив е закажана токму за вечерва, 22 март, во Лондон, потоа на ред е „Амстердам колинг 2019“ (5 април), а уште еднаш во британската престолнина ќе настапат и на 14 април.
Како звучи и изгледа најновото од „Ај Кју“ проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=gs4NLV9Zb4I]]>

Марија Ичкова ви го нуди својот – „Сладок отров“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-ichkova-vi-go-nudi-svojot-sladok-otrov-audio/ Wed, 12 Dec 2018 11:28:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62701

Марија Ичкова е талентираната богданчанка, која македонската публика ја запозна преку учеството во првата сезона од регионалното музичко талент шоу „Х фактор“. Минатата година, на  фестивалот на забавни мелофии „Макфест 2017“ во Штип настапи со темата „Одговори ми“, потпишана од лидерот на групата „Ај Кју“ - Бојан Трајковски и Кристина Арнаудова.
Бојан Трајковски е комплетенм автор и на „Сладок отров“ , како што гласи насловот на новата песна на Марија Ичкова, снимена во „Мјузик хаус“ студио, која за соработката со Трајковски вели: „Со Бојан се најдовме на иста фрекфенција и соработката навистина добро ни оди. Тој знае што сакам јас, јас знам што сака тој и она што го добиваме како производ е навистина одлично. Соработката продолжува и понатаму и ветувам дека наскоро ќе бидам повеќе присутна на музичката сцена“ - порача Ичкова, а како звучи нејзиниот „Сладок отров“ дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=BE1nn5mWfjU]]>

„Еye Cue“ со „Lost and found“ ќе ја претставуваат Македонија на годинешниот Изборот за песна на Евровизија во Лисабон https://arhiva.vistina.com.mk/eye-cue-so-lost-and-found-kje-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-godineshniot-izborot-za-pesna-na-evrovizija-vo-lisabon/ Tue, 13 Feb 2018 14:22:57 +0000 http://vistina.mk/?p=12649

Комисијата одлучи дека песната „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови. Комисијата според правилата, едногласно заклучи дека: одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Еye Cue“ којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Иванов На ден 10.02.2018 година во просториите на МТВ се одржа селекција на пристигнатите песни по распишаниот јавен повик за: Песна којашто ќе ја претставува Македонија на Евровизија, Лисабон 2018 година. Комисијата беше во состав: Мери Попова – координатор на проектот Евровизија 2018 и уредник на Културно уметничка програма на МТВ1 , Каролина Петковска - Уредник на Редакција за Контактно забавни емисии во МТВ1, Александра Јовановска – уредник и водител на музичка емисија во МТВ1, Авни Ќаили – уредник на Културно уметничка програма на МТВ2, Бранка Костиќ Марковиќ – музички новинар и критичар, Андријана Јовановска – музички новинар во „Репортер.мк“, Марко Марк – музички новинар во „Канал 77“ и водител во ТВ „Телма“ и Антонио Димитриевски - главен и одговорен уредник на порталот „Вистина.мк“ и продуцент на музичката манифестација „Македонски радиски фестивал  - МАРС“. Во процесот на подготовка за селекција, МТВ покани уште десет други личности коишто професионално се занимаваат со македонската и светска музичка сцена и случувања, но истите поради лични и субјективни причини не беа дел од селекционата комисија. Од пристигнатите 382 композиции на меѓународниот повик за Избор на песна за Евровизија, комисијата по пат на елиминација во три круга, на крајот селектираше 12 композиции. Секоја од композициите во последниот круг од страна на комисијата беше рангирана и бодувана според евровизискиот принцип на гласање.
По пребројувањето на гласовите, комисијата одлучи дека песната „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови. По повторното преслушување, комисијата според правилата, едногласно заклучи дека: одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Еye Cue“ којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Ивановска. Комисијата е едногласна во ставот дека: одбраната композицијата има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ. МРТ како носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија го прифати ставот на комисијата и упатува честитки до авторскиот тим и групата „Еye Cue“. Извор: МРТ]]>

Дина те повикува… „Дојди со мене“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/dina-te-povikuva-dojdi-so-mene-audio/ Mon, 20 Nov 2017 11:08:38 +0000 http://vistina.mk/?p=4164

По успешната „Вреди ли“, соработката со Cyrillic на песните „Во тебе се гледам“ и „Feel like“ Дина ни го најавува новиот сингл со наслов „Дојди со мене“. Полека но сигурно младата пејачка си го обезбедува местото на музичката сцена и се наметнува како една од поактивните млади изведувачи.
Дина која исто така се појави и на акустичната верзија на Eye Cue – Мојот крал, како придружен вокал, успева да се снајде на повеќе фронта и  да ја изненади  публиката со нова и свежа музика. Таа го напиша текстот на песната, а како и на претходните песни и овој пат соработува со својот продуцент Бојан Трајковски (Ај Кју) со кој заедно ја напишаа музиката, а тој стои и зад аранжманот и продукцијата на песната.
Песната е снимена во студиото „Music House“  и за истата е изработено и lyric видео, а Дина во соработка со својата продукција најавува музичка активност и во периодот што следи. https://www.youtube.com/watch?v=KaELHUCKu4o]]>