бојан маровиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 30 Aug 2023 07:10:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бојан маровиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бојан Маровиќ колабирал на сцената: Најблиските загрижени за здравјето на пејачот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bojan-marovik-kolabiral-na-stsenata-najbliskite-zagrizheni-za-zdravjeto-na-pejachot-foto/ Wed, 30 Aug 2023 07:03:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315781

Бојан Маровиќ е некој кој летово го помина повеќе работејќи отколку одморање, а токму тоа го натера да завршиво болница само час и половина пред големиот концерт во Петровац. На пејачот ненадејно му се слошило и колабирал за време на генералната проба. Неговите колеги музичари брзо реагирале, па пејачот веднаш го однеле во итната медицинска помош. - Се е во ред. Можев и полошо. Уморен сум, бидејќи ова лето е многу напорно. Речиси постојано сум или на сцена или во кола. Но, сега сум добро. Благодарение на докторите, успеав да го одржам концертот и морам да им се заблагодарам во оваа прилика. Не е ништо страшно, само треба да се одморам, па нема место за грижа и паника - изјавил пејачот. Со ова пејачот уште еднаш покажа колку е професионалец, бидејќи иако лекарите го советувале да го откаже концертот, тој одбил и се качил на сцената , а многубројната публика која била на концертот таа вечер, не можеланиту да претпостави каква драма се случила со Маровиќ само два часа претходно. Фото: Принтскрин/Приватна архива  ]]>

Пред 15 – тина или 22-три години ќе да беше…? Лила Филиповска објави хит фотографија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pred-15-tina-ili-22-tri-godini-ke-da-beshe-lila-filipovska-objavi-hit-fotografija-foto/ Sat, 18 Feb 2023 08:11:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287617

Многу жени стареат достоинствено, а токму таква е нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска на која времето како да не и може ништо. Македонската водителката имаме прилика секој ден да ја гледаме на ТВ екраните во квизот „Сė или нешто“, кој  го  води повеќе од 10 години  и е доста активна и на социјалните мрежи, a речиси секојдневно објавува фотографии  со некој повод, рекламирајќи одредени козметички производи, позирајќи во некоја модна комбинација, од некое патување или снимање но, често и со некои нејзини најдраги личности или колеги. Овој пат таа се присети и не потсети на едно минато време,  па ископа стара фотографија на која позира заедно со Каролина Гочева, Бојан Маровиќ и Дани Димитровска. На фотографијата лесно може да забележиме дека Лила го задржала нејзиниот шарм и е истата онаа ведра дама со позитивна насмевка која ја краси до ден денес. Каролина откако ја виде Инстаграм приказната,  ја репостираше на нејзиниот профил и напиша дека фотографијата е стара и се случила пред 15 - тина година но, сепак со  прашалник и црвено срце ... Како доказ за младешкиот изглед на Лила говори и уште една постара фотографија  која е  направена токму на преминот на новиот милениум 2000 - 2001 - та година за Избор за ТВ лице на годината на тогашниот дневен весник „Вечер“, а овој пат на фотографијата позира заедно со ТВ водителот и новинар Антонио Димитриевски и пејачката Ребека Јанковска Ристевски. Лила не сака многу  да зборува за нејзините  години, но секогаш со доза на духовитост знае да се пошегува на сметка на нејзината возраст. Но, секако бројот на годините воопшто не е важен кога станува збор за било која дама, осбено не за неа,  поради енергијата и младешкиот дух кој го има во себе. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лила Филиповска/Фејзбук/Антонио Димитриевски  ]]>

„Сакавме да зборуваме за девојки“: Бојан Маровиќ се наврати на спомените со Тоше Проески https://arhiva.vistina.com.mk/sakavme-da-zboruvame-za-devojki-bojan-marovik-se-navrati-na-spomenite-so-toshe-proeski/ Wed, 01 Feb 2023 12:08:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286917

Пејачот Бојан Маровиќ е на сцената цели две децении, а извесен период беше и во медиумскa илиегала. Не е од оние кои го ставаат приватниот живот на тацна, а ретко кој не знае дека се дружел со Тоше Проески. Нивното пријателство никогаш не го користел како реклама, а на денот на роденденот на Тоше, Бојан се сети на нивното пријателство.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Bojan Marovic (@bojanmarovicofficial)

- Навистина ја мразам таа уморна флоскула, кога некој го нема, велат дека сме биле големи пријатели. Неговите пријатели се во Крушево, луѓе со кои пораснал, завршил училиште и дури бил со нив на тој кобен ден. Бев негов многу добар пријател, некој што го ценеше како музичар и тој мене, се разбира. Нашите разговори беа најмногу за девојки и музика - изјави Бојан.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Toše Proeski (@toseproeski_)

Маровиќ без двоумење раскажа какви разговори воделе и истакна дека никогаш не припаѓале на тој забавен свет кој својата приватност ја презел во јавноста. - Имаше се’, сакавме да зборуваме за тоа колку е убава оваа жена, колку е убава онаа, дали ја познаваш, дали е добра девојка и слично, но повеќе разговаравме за нашата музика. Тој, како мене сега, не можеше да ја поднесе естрадата, не можеше да ги поднесе тие приказни, јас сум тој тип, не сум шоумен, ниту пак сакам да зборувам за шоу, грдо ми е - рече Бојан во емисијата „Премиера“. фото:Инстаграм/Бојан Маровиќ/Тоше Проески]]>

Родениот брат на Бојан Маровиќ е топ модел од насловниците на модните магазини: Борис како најзгоден маж во Црна Гора на изборот за светски топ модел (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/rodeniot-brat-na-bojan-marovikj-e-top-model-od-naslovnicite-na-modnite-magazini-boris-kako-najzgoden-maz-vo-crna-gora-na-izborot-za-svetski-top-model-foto/ Tue, 23 Aug 2022 11:45:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263807

Бојан Маровиќ стана миленик на женската публика пред 20 години, кога се појави на фестивалот „Сунчане скале“ со песната „Више те нема“.Оттогаш девојките лудуваа по него, но сега неговиот помлад брат Борис ја презеде титулата заводник и кршач на женски срца. Пејачот е особено врзан за својот помал брат Борис, бидејќи на рана возраст го загубиле таткото, па Бојан додека растел му бил и брат и татко и пример и идол, а денес посебно го слави неговиот успех.   „Немој после да кажете дека немам згоден брат“ - се пофали Бојан на Инстаграм и откри дека брат му се занаимава со манекенство, како и дека токму тој ќе ја претставува Црна Гора на светскиот натпревар „Top Model Of Universe“ за  машки модели во Истанбул. „Речиси почна да се занимава со манекенство, односно пред неколку години и погледнете до каде дотурка. Искрено, не се разбирам многу во таа работа.Најчесто снима реклами, спотов, оди по ревии и... добро му оди“ - заклучил пејачот споделувајќи фотографија од неговиот помлад брат Борис.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Boris Marovic (@boris_marovic)

Фото: Инстаграм принтскрин/boris_marovic/bojanmarovicofficial]]>

Бојан Маровиќ си пресади коса отако се соочил со проблем: „Си ја видов косата во рацете!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bojan-marovikj-si-presadi-kosa-otako-se-soochil-so-problem-si-ja-vidov-kosata-vo-racete-foto/ Fri, 01 Jul 2022 09:53:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256675

Пејачот Бојан Маровиќ, судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, си пресади коса. Имено, пејачот призна дека бил под стрес кога почнал да губи косата, па долго време бил ќелав, а дека дошло до голема промена покажуваат и неговите нови фотографии. Сега Бојан почесто се слика и објавува фотографии на Инстаграм, а добива и бројни комплименти од припадничките на понежниот пол.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Bojan Marovic (@bojanmarovicofficial)

Бојан се прослави пред 20 години кога учествуваше на еден фестивал и освои се со својата балада, а беше и остана миленик на многу припаднички на понежниот пол.
 
-Најмногу ме погоди кога се разбудив во хотел, веќе не знаеш каде се будиш, кој град е. Отидов да се измијам и си ја видов косата во моите раце. Видов два печати на темето и потоа се свртев и реков тоа е тоа, крај на приказната, веќе никој не ми треба, се ќе направам сам, изјави еднаш Бојан за медиумите. фото:Инстаграм бојан маровиќ]]>

Бојан Маровиќ раскажа низ каква трагедија минал како дете: Татко му се самоубил, јадел бајат леб и туѓи сендвичи…! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bojan-marovikj-raskaza-niz-kakva-tragedija-minal-kako-dete-tatko-mu-se-samoubil-jadel-bajat-leb-i-tugji-sendvichi-foto/ Fri, 26 Nov 2021 12:29:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228996

Пејачот Бојан Маровиќ презентираше непознати детали од неговиот приватен живот. Таткото на пејачот, некогашен боксерски шампион и југословенски репрезентативец  ќе изврши самоубиство кога тој имал 16 години, а сега Бојан јавно си ја отвори душата за таа трагична и болна случка, како и за целата своја кариера. „Татко ми се самоуби. Тоа беше момент, не беше планирано. Но, знам дека не сакаше, тоа беше само момент на слабост. Сите ги имаме, кога ти се гади од се'. Кога го закопувавме и го спуштавме во земја, тогаш половина од мене замина со него. Никогаш не се опоравив од тоа. Лага е дека времето ги лекува раните. Не лечи, само ги става, таму некаде. Многупати доаѓав на неговиот гроб и зборував за тоа што ме мачи. Отпрвин се прашував зошто и како дошло до тоа што си го одзеде животот, но како што минуваат годините сфаќаш дека така морало да биде. Некој би го обвинил Бога, но тој нема врска со тоа, тоа е само твоја одлука. Немаше ништо што укажува на тоа дека тој може да крене рака на себе.  Кога тоа се случи, беше како гром од ведро небо, а само замислете како боли после тоа. Бев малку лут некое време, бидејќи мислев дека требаше да биде со мене, но му простив се“ - ја отвори душата пејачт за најболното нешто што го доживеал во животот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Bojan Marovic (@bojanmarovicofficial)

Маровиќ откри и дека плачел кога победил на фестивалот „Сончеви скали“ бидејќи татко му не бил таму да го слушне, а потоа раскажал како изгледале неговите музички почетоци и преселбата во Белград во емисијата „Преживеани“ на К1. „Дојдов во Белград во 2003 година, имав договор со продукциска куќа. Постерот ми беше на сите можни трговски центри, ме продаваа на улица, јас бев најбараниот изведувач, а немав динар во мојот џеб. Се сеќавам, се враќам од настап, ми велат утре ќе ти дадеме пари кои никогаш не ги добивам. Доцнев да платам кирија, многупати подгревав бајат леб  во микробрановата печка. Се сеќавам дека имав околу 40 настапи за три месеци, еден по друг, и на крајот јадев остатоци од туѓи сендвичи“ - рече Бојан и продолжи: „Се будам наутро и немам со што да купам појадок. Потоа излегувам на улица и луѓето се сликаат со мене, а вие само се молите на Бога да не сретнете некој што треба да го поканите  на кафе, затоа што немаш со што тоа кафе  да го платиш. Денес не се срамам од тоа, бидејќи тоа е трн што мораше да ми ја чеша кожата и сфатив дека музиката треба да прокрвари. Дури после 20 години решив да ја кажам вистината, бидејќи на сцената не може да се молчи. Отсекогаш сум бил поразличен од естрадата и затоа не сум за шоубизнис. Сакав само да бидам обичен тип од околината и денес така се однесувам. Никогаш не копнеев по скапи станови, автомобили, но сакав да имам пари за инвестирање, никогаш не се фалев со музиката, затоа што бев така воспитан. На почетокот не сакав седам во кафулиња, не излегував по градот, носев книги на настапи, тоа ме одржуваше буден и трезен, а не естрадни приказни. Тоа ме чинеше на крајот и затоа толку пати менаџерте ме ограбија“. Бојан откри дека никој не верувал во неговиот успех, па дури и од фестивалот „Сончеви скали“ му порачале дека песната му е глупава. „Прво ме одбија за фестивалот, рекоа дека песната е многу глупава. Меѓутоа, 10 дена пред фестивалот повторно ми се јавија и ми рекоа дека сум поминал. Мајка ми ме однесе на пазар кај еден лик што продаваше шверцувана италијанска гардероба и јас се облеков таму. Само ѝ реков: „Ако луѓето се потсмеваат со тоа што ми го купи, навистина ќе се отселам од Подгорица од срам.“ Отпрвин не ни сакав да одам, а на крајот одлучив да тргнам во последен момент. Се качив во автобус со само 15 евра во џеб и отидов во Херцег Нови. Секако дека таму ме пречекаа како класично дериште, немаа ниту соба за мене до последно минута. Сепак, уште на пробата, знаев дека ќе победам и така и беше“- изјави пејачот во емисијата „Преживеани“.]]>

И регионалните ѕвезди против уривањето на „Универзална сала“: Бојан Маровиќ – „Ве молам, не уривајте ја… душата ме заболе кога слушнав дека ќе биде претворене во парк!“ https://arhiva.vistina.com.mk/i-regionalnite-dzvezdi-protiv-urivanjeto-na-univerzalna-sala-bojan-marovikj-ve-molam-ne-urivajte-ja-dushata-me-zabole-koga-slushnav-deka-kje-bide-pretvorene-vo-park/ Wed, 05 Aug 2020 08:50:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161842

Реакциите околу „бизнис плановите“ на урбаната мафија поддржана од идејата на градската власт и скопскиот градоначалник Петре Шилегов со распишување конкурс за идејно решение за парк со летна сцена на местото на „Универзална сала“ која во тој случај би се урнала, не само што не стивнуваат, туку стануваат се посилни и пожестоки. Покрај домашната јавност која ги усвити социјалните мрежи и написите во медиумите, уметниците, културните работници, естрадата, ивент индустријата... речиси да нема човек кој има допирни точки со културата и уметноста, да дава „зелено светло“ за уривање на скопската и македонска „Мека на културата и уметноста“... (освен ретки исклучоци во поединци кои се „лижат“ со власта)! На домашните естрадни и музички ѕвезди, им се приклучија и регионалните, оние кои повеќе пати настапувале во  „Универзална сала“ со свои солистички концерти, или учествувале на разни фестивали, манифестации, збиднувања... на нејзината сцена. Еден од нив е и црногорската поп ѕвезда Бојан Маровиќ, кој точно пред 15-ина години, тогаш како голобрадо момче кое ја гради својата популарност  го имаше својот прв голем солистички концерт во кариерата токму во скопската „Универзална сала“, која тогаш беше претесна да ги прими сите кои сакаа да ги слушнат неговите хитови и балади. „Универзална сала е местото каде што го имав мојот прв голем солистички концерт во животот - организиран. Душата ме заболе кога слушнав дека салата во која многумина настапија ќе биде претворена во парк. Пред некое време,ме израдува информацијата дека  оваа легендарна сала ќе биде реновирана, во ново руво,  со иста намена. Сепак, плановите во меѓувреме се чини дека за жал се променети?! Се надевам дека, на крајот на краиштата, мислењето ќе се смени и ќе слушнеме дека овој култен културен храм ќе се реновира и ќе биде местото што повторно ќе ги собира луѓе за убави, духовни нешта. Скопје уште еднаш, благодарам што ми го дадовте срцето токму таму, на таа сцена. Должник сум ви засекогаш, но Ве молам... не уривајте ја Универзална сала“ -  вели во своето обраќање црногорската поп ѕвезда, за Вистина.ком.мк, симболично споделувајќи го видеото од песната „Ако повредим те ја“, снимено токму од неговиот дебитантски  концерт во „Универзална сала“! https://www.youtube.com/watch?v=-i_VBPlDUMc  ]]>

„Бела ноќ“ во Скопје: Бојан Маровиќ во живо во „Еквилибриум“ https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-sabota-bojan-marovikj-vo-zivo-vo-ekvilibrium/ Tue, 01 Oct 2019 07:37:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=110883

Оваа сабота, 05 октомври 2019 година во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“ во Скопје покрај културните и естрадните активности кои ќе се одвиваат на повеќе различни локации низ градот, баровите, кафулињата, кафеаните, рестораните, клубовите, дискотеките... во македонската метропола ќе имаат продолжено работно време. Тоа дава можност за збогатена програма, па така во сабота, за време на годинешната скопска „Бела ноќ“, кафе барот и ресторан „Еквилибриум“ на своите гости ќе им понуди вечер со црнгорскиот заводник, пејачот Бојан Маровиќ познат по своите хитови меѓу кои се издвојуваат безвременските балади како „Теби је лако“ или „Више те нема“. Во „Белата ноќ“, Маровиќ во живо, покрај своите песни, ќе изведе и избор од голем број незаборавни екс ЈУ, како и хитови од регионот, па затоа сите што сакаат пријатна атмосфера, пдобра забава и уште подобро дружење со храна, пиалаци и добра музика во добро друштво, навреме нека резервираат свое место во реномираниот скопски локал. Сабота, 05 октомври 2019 год. -  „Бела ноќ“ за Ваше задоволство, Бојан Маровиќ од 22:00 часот. Резервации на: 02/60-90-555 или http://equilibrium.mk/#rezerviraj]]>

Елена Ристеска на специјална вечера со него – фановите веднаш почнаа со прашања (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-risteska-na-specijalna-vechera-so-nego-fanovite-vednash-pochnaa-so-prashanja-foto/ Thu, 01 Aug 2019 07:09:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100085

Елена Ристеска вчеравечер имаше посебен гостин кого го однесе на вечера во нејзиниот омилен елитен скопски ресторан кој се наоѓа во нејзиното маало. Станува збор за српскиот пејач Бојан Маровиќ кој дојде во Скопје, па со својата долгогодишна пријателка реши да направи средба на која ќе си помуабетат, ќе евоцираат спомени или можеби ќе направат договор и план за некој музички новитет.
Елена го овековечи моментот со една фотографија и ја објави на социјалните мрежи, а фановите веднаш почнаа да поставуваат прашања дали можеби се спрема дует. Двајцата оставија само прашалници за „тајната вечера“, а што ќе произлезе од истата, останува да видиме. Исто така она што повеќето забележаа е дека Бојан Маровиќ е доста променет од она каков што го паметиме.]]>

Брат му Борис му ја украде девојката на Бојан Маровиќ… ама само во новиот спот – „Како да си тука“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/brat-mu-boris-mu-ja-ukrade-devojkata-na-bojan-marovikj-ama-samo-vo-noviot-spot-kako-da-si-tuka-video/ Wed, 06 Jun 2018 12:39:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31120

Не постои ништо пострашно што може да ги скара двајца браќа од жена. Токму тоа  се случи со познатиот црногорски пејач Бојан Маровиќ, и неговиот брат, исто така познат фудбалер Борис, кој, како што дознаваме, започна афера со поранешната девојка на неговиот брат.
И сето тоа ќе беше навистина бизарно и чудно, да не е дел од сценариото за видеото што ја придружува новата песна на Бојан, во која главната улога покрај  пејачот ја има и брат му Борис, кој ја сака поранешната девојка на Бојан.
„На новата песна "Како да си тука" работевме долго и искрено се надевам дека луѓето ќе ја засакаат и прифатат“ - изјави Бојан при неговата минатонеделна посета на Скопје заради завршната реализација на спотот.
Оваа песна е голем камбек, на миленикот на девојките, Бојан Маровиќ, кој извесно време се повлече од музичката сцена од лични причини. Песната е негово авторско дело кога се музиката и стиховите во прашање, додека аранжманот го направил Страхиња Ѓуриќ, а песната е снимана во студиото на познатиот продуцент и гитарист Душан Алагиќ во Белград.
Видеото пак, го изработи „Генерал продукција“ на нашиот режисер и уметнички фотограф Дарио Јанковиќ кој и ја потпишува режијата, додека монтажата е на Елвис Дурмишовски.
Во видеото кое снимено на падините на Златибор, покрај Бојан и неговиот брат Борис, главната женска улога ја има преубавиот модел Нина Јовановиќ, а во спотот се појавува и песот на браќата Маровиќ, питбулот Перла.
Како сето ова изгледа и звучи, проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=XaL35WPqTdg]]>