бојан јовановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Apr 2022 12:07:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бојан јовановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Боки13-ка ја нарече судијката „хиена и слуга на Заев“: „Господ казнува, не ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/boki-ja-nareche-sudijkata-hiena-i-sluga-na-zoran-zaev-gospod-kaznuva-ne-ti-video/ Thu, 07 Apr 2022 11:59:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245655

Додека судијката Софче Гаврилова-Ефремова ја образложуваше одлуката за пресудата во случајот „Меѓународен сојуз“, првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 бурно реагираше нарекувајќи ја „слуга на Заев“. „Најголемата хиена, слуга на Зоран Заев. Оваа пресуда е доказ дека си слуга на Зоран Заев, но Господ казнува, не казнуваш ти“, рече Јовановски кој во случајот доби 9 години затвор. Судијката, пак, откако еднаш го опомена да не зборува, потоа нареди тој да се изнесе од судница. Со придружба на затворската полиција од „Идризово“, од каде тој беше спроведен и каде ја издржува затворската казна за „Рекет“, Јовановски ја напушти судница. Зборови не штедеше ниту неговиот татко, Миле Јовановски, во неговата изјава пред медиумите. „Дефинитивно денеска умре правдата во Македонија, умрено е обвинителството на госпоѓица Русковска, судството на господинот Џолев и неговите јастреби. Денеска одмазднички пресуди, без никакви докази, тие си ги местат како на нив им одговара. Значи, Македонија нема правда, од дон Заев само пипците уште му се останати“, рече Миле Јовановски. Тој во предметот се гонеше за помагање во делото перење пари и за неовластено држење оружје и за што беше прогласен за виновен и доби условна осуда од 2 години затвор кои нема да се извршат ако во наредните пет години не стори нови кривично дело. Во предметот, осудителна пресуда од четири години затвор доби и Јасна Ерцеговиќ која беше заменик-претседателка на Меѓународниот сојуз, како и асистентката на Боки, Христина Блажевска која беше осудена на едногодишна затворска казна. Поранешната пратеничка од СДСМ и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски, пак, доби ослободителна пресуда. ]]>

Боки 13 се врати на Инстаграм со порака полна со длабока горчина: „Најблиските“ ме избришаа од листата на живите, а оние најодвратните, што најполтронски ми се лигушеа, потоа се насладуваа на мојата ситуација, велејќи – убаво му направија“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/boki-13-se-vrati-na-instagram-so-poraka-polna-so-dlaboka-gorchina-najbliskite-me-izbrishaa-od-listata-na-zivite-a-onie-najodvratnite-shto-najpoltronski-mi-se-ligushea-potoa-se-nasladuvaa-na-mojata-sit/ Wed, 23 Mar 2022 08:00:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243963

Притворениот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 во пресрет на пресудата за делата кои му се товарат од страна обвинителството за таканаречениот случај „Меѓународен сојуз“, ја издржува својата казна за случајот „Рекет“  во затворот „Идризово“, но изнендувачки и повторно е активен на социјалните мрежи. Поточно, тој се врати на Инстаграм и тоа преку својот администратор на неговата страница, кој уште пред неколку дена ја пренесе тагата по починатата Марина Туцаковиќ, која како што самиот Боки вели, му била како втора мајка. Неколку дена подоцна , еве го Боки 13 со нов статус на својот Инстаграм, овој пат во вид на порака  полна со длабока горчина. Еден вид обраќање до јавноста и пред се' до оние кои како што самиот вели, некогаш му се претставувале за „најблиски“, а кога го притворија, осудија и затворија, го избришле од листата на живите. Како и до оние, според него - најодвратните, што најполтронски му се лигушеле, а сега му се насладувале на неговата ситуација, велејќи: „Убаво му направија, малку му е...!“ Но Бојан Јовановски во објавата не пропуштил и од се срце и  душа да им се заблагодари и на оние малкумина кои ја покажале човечноста најмногу кога треба, кои останале луѓе и биле со него и во неговите најтешки моменти, кои се' уште траат! Еве што напиша Боки 13 дословно, во своето инстаграм обраќање и до погоре опишаните, лицемери, крлежи, лопови, мршојадци, лешинари... но и до малкумината блиски што останале луѓе, кои покрај неговите родители, можат да се избројат на прсти: „Кога ме притворија и затворија многу од моите таканаречени пријатели, роднини, другари и соработници ме избришаа од листата на ЖИВИТЕ... како небаре да сум мртов и да ме закопале, а не притвориле и затвориле... Па така занесени во сопственото лицемерие и хиенски потреби, едни велеа дека не ме познаваат, други дека ме познавале само од телевизија, трети велеа дека ми биле но дека повеќе не ми се пријатели и дека они биле шокирани кога дознале што сум правел (а ништо не сум правел и ништо не сум им направил и токму тие први ме осудија, баш тие кои што сум се обидувал да ги направам луѓе иако биле обични штетни крлежи закачени на мојата кожа) , четврти ме испокрадоа, петти се дистанцираа најмизерно од мене а добро им беше кога земаа огромни плати, а еден голем дел се оние, најодвратните, кои што ми се лигушеле најполтронски во "нормалниот" свет, а потоа се насладуваа на мојата ситуација велејќи "убаво му направија, малку му е" е на таквите полтрони им посакувам истото мое "убаво" да го доживеат на сопствена кожа за да почуствуваат колку е убаво... Сите овие погоре опишани, лицемери, крлежи, лопови, мршојадци, лешинари, го занемариле фактот дека нивното лицемерие, гадотија и нечовечност, денеска се моја мотивација! Мотивација да продолжам со дигната глава, да се борам и да успеам во својата борба, со Божја волја и помош а не со нивна! За волја на вистината со мене во моите најтешки моменти покрај мајка ми и татко ми останаа само неколку луѓе кои можат да се избројат на прсти, но верувајте ми дека сум благодарен што ги имам и тие малку по бројка, но премногу по квалитет и значење, нека се сите тие живи и здрави и од срце им благодарам што покажаа дека се' уште имало и по некој човек....Фала ви од се срце!!! Благодарам и на оние луѓе кои што не ги познавам лично, а ми пружиле поддршка искрена и од срце, верувајте во ситуација во која се наоѓам, секој убав збор, планина вреди, затоа ви благодарам. Скоцкан сум и од затвор... тоа ви пречеше , ви пречи и нека ви пречи, ако е тоа главниот проблем во нашата држава, тогаш ние сме навистина среќно и успешно општество!!! Скоцканиот "криминалец" го фативте... смешни сте!“ Објавено од администратор на профилот на Бојан Јовановски.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Boki 13 (@boki13official)

Фото: Јутјуб  и Инстаграм принтскрин/boki13official]]>

Лепа Лукиќ постојано е во контакт со Боки 13: Пејачката откри како се чувствува Бојан Јовановски во домашен притвор! https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-lukikj-postojano-e-vo-kontakt-so-boki-13-pejachkata-otkri-kako-se-chuvstvuva-bojan-jovanovski-vo-domashen-pritvor/ Thu, 08 Jul 2021 07:52:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210183

Пејачката Лепа Лукиќ не ги заборава своите стари пријатели, па не го ни заборава својот реалити другар Бојан Јовановски односно Боки 13 со кој се дружи и по нивното учество во реалното шоу „Големиот брат“. Таа за курир.рс открива дека била во контакт со семејството на Боки 13 додека тој бил во затвор. Боки 13 осуден на 9 години: „Парите од ‘Рекет’ барајте ги кај Зоран и Вице Заеви!“ (ФОТО) – Вистина.мк (vistina.com.mk) „Често се слушам со него. Додека беше во затвор, често се слушав со неговата мајка, се јавував и се распрашував како е, дали нешто му треба и како можам да и помогнам. Кога го пуштија во домашен притвор веднаш ми се јави. Ние со години се дружиме“, вели пејачката и додава дека и ден денес се слушаат. „Тој кон мене секогаш беше добар, а тоа што правел и како се однесувал со другите, не ме засега. Многу се израдував кога го слушнав. Ми кажа дека здравствено сега е добро и дека многу ослабел во затворот. Тој негира дека е виновен, туку дека го наместиле и дека нема врска со тоа за што го обвинуваат“, додава Лепа. Инаку, во октомври 2020 година, скопскиот Апелационен суд донесе одлука македонскиот шоумен Бојан Јовановски односно Боки 13 да биде префрлен од затвор во домашен притвор. Јовановски беше во истражниот затвор „Скопје“, од 15 јули 2019 година кога беше отворена истрагата за случајот „Рекет“, а во јуни претходната година е осуден на 9 години затвор. фото: ана пуанковиќ/принтксрин/јутуб/дамир дервишагиќ/принтскрин/сител телевизија/принтскрин телма тв]]>

Ако Боки 13 победи на претстојниот конгрес за лидер на СДСМ, дали Лила ќе биде новата Шеќеринска, Сергеј Варошлија наместо Љупчо Николовски, Јасна Мандиќ како Нина – „Групер“… а, Социјалдемократскиот сојуз ќе стане Меѓународен сојуз? https://arhiva.vistina.com.mk/ako-boki-13-pobedi-na-pretstojniot-kongres-za-lider-na-sdsm-dali-lila-kje-bide-novata-shekjerinska-sergej-varoshlija-namesto-ljupcho-nikolovski-jasna-mandikj-kako-nina-gruper-a-socijaldemokratskio/ Thu, 11 Feb 2021 08:50:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189158

Бојан Јовановски познат како Боки-13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ на претстојниот Конгрес кој треба да се одржи на 21 март,  обзнани вчера, среда, 10 февруари 2021 год.  Плусинфо. Како што се шпекулира, мотото на кампањата што ќе ја води Боки-13 за иден лидер на СДСМ е „Декриминализација на СДСМ“. Инаку, актуелното водство на СДСМ донесе одлука да одржи конгрес на 21-ви март, на кој непосредно ќе се гласа за нов лидер и за негови соработници. Во рамки на подготовките на конгресот, социјалдемократите почнаа процес на ажурирање на членството. Веста дека Боки 13 се подготвува за лидерство кај социјалдемократите одекна бетер од  бомбите на Заев и во политичките кругови, ама и во кулоарите. И веднаш тргнаа и шпекалациите и калкулациите... Од каде пак, сега Боки, дали е ова сериозно или е само „новинарска патка“, кој стои зад него, кому му му е во интерес тој да биде „тројанскиот коњ во СДСМ, кој ќе му ја финансира кампањата, дали е во прашање мотив за лична одмазда или и некој трет има интерес да направи „рашомонијада“ во таборот „комуњарите“... Прашања и недоумици милион, а желба само една: Да се биде „калиф наместо калифот“, прв на тронот во Бихаќка! И под претпоставка дека е ова вистина, веднаш тргнаа комбинаториките... Замислете, да претпоставиме Боки13 навистина да влезе во трката за претседател на партијата на власт... И замислете да се случи да победи... Каква екипа тогаш тоа би била, околу него? Каква само рашомонијада од рокади би настанала во СДСМ? Како и секој нов лидер и Бојан Јовановски, логично,  покрај себе би си ги собрал најблиските соработници. Дали тогаш Лила би била новата Шеќеринска во партијата, а Сергеј Варошлија би му бил десна рака на Боки, нешто како сега Љупчо Николовски на Заев? Тогаш по логика на нештата Кичеец веројатно би бил наместо Оливер Спасовски, Јасна Мандиќ нешто како Нина - „Групер“, Анета Кочишки како Коста Петров и Роберт Поповски - во едно... А, да речеме она што е сега Зоран Башановиќ како главен советник од соседството на Заев, на Боки би му бил Чедо Јовановиќ, на пример? Добро, веројатно би останале понешто и од старите кадри на СДСМ во новото раководство на Бојан. Па долг е списокот на оние што имаа „шајка релации“ со Јовановски, нели? Ременска на пример, како иден министер за правда тогаш можеби се гледа, или тогаш можеби „амнестирана“ Катица, како прва дама на Уставен суд? Чомовски или Кабрамов како двоец генерални директори на јавниот сервис - МРТ и уште дузина други поп и фолк пејачки, манекенки, ТВ водителки и водители, актуелни „обесправени“ и „неправедно“ запоставени политичари... кои би биле дел од „тимот на соништата“  на новата социјалдемократска постава на чело со Боки 13-ка. Се разбира сето ова е во доменот на Рипли, каде и невозможното станува возможно, па завршува со: „Верувале или не?“ Или можеби, поточно е да се опише како: „Што би било, кога би било?“ Но, што и да биде едно е сигурно: Ако Бојан Јовановски навистина решил да се кандидира за нов лидер на СДСМ, тоа и ќе го стори. А каков претседател би бил, односно дали би бил подобар од сегашниов? Еднаш веќе писмено се изјасни. Еве, да ве потсетиме: Фото: Инстаграм принтскрин    
 
]]>