богородичен пост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Aug 2018 11:41:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png богородичен пост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Утре почнува Богородичниот пост кој има најстроги правила https://arhiva.vistina.com.mk/utre-pochnuva-bogorodichniot-post-koj-ima-najstrogi-pravila/ Mon, 13 Aug 2018 11:41:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=42721

Годината на секој православен христијанин ја одбележуваат 4 големи поста: велигденскиот, божиќниот, постот на светите апостоли и богородичниот. Утре почнува богородичниот кој е посветен на духовната подготовка воочи празникот Успение на Пресвета Богородица, Голема Богородица. Еве по што се истакнува. Богородичниот пост трае од 14 до 28 август. Најкраток е од четирите големи постови, но и построг од божиќниот и апостолскиот. Поради големото почитување кон Пресвета Богородица верниците овој пост го постат како и Големиот пост. Тоа значи дека сите денови се постат на вода, освен сабота и недела, кога е дозволено да се користи зејтин и вино, а за празникот Преображение, кој паѓа во време на овој пост, се јаде и риба. Важно е да се знае дека ако Голема Богородица падне во среда и петок, тој ден не се мрси, туку се јаде риба, вино и зејтин. Во нашиот народ постои обичај грозје да не се јаде до Преобрежение, кога во црквите се дели на народот. Празникот Голема Богородица се смета за празник на жените и мајките. Постот пред Голема Богородица востановен е како би се сеќавале сите на Пресвета Богородица и би ѝ се молеле.]]>