Богојавление – Водици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 19 Jan 2024 08:35:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Богојавление – Водици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Богојавление – Водици https://arhiva.vistina.com.mk/bogojavlenie-voditsi/ Fri, 19 Jan 2024 08:35:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335455

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примањето Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“.
Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна што во Стариот Завет само се навестуваше, тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.
И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение.
Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (потопувањето) и оживеја (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени.
Празникот Богојавление се нарекува и Просветлување, зашто настанот на Јордан нѐ просветлува, прво: покажувајќи ни Го Бог како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува, бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.
]]>

Православните верници го слават Богојавление – Водици https://arhiva.vistina.com.mk/pravoslavnite-vernitsi-go-slavat-bogojavlenie-voditsi/ Fri, 19 Jan 2024 08:33:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335452

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст. Како што изјавија за МИА од Скопската православна епархија, годинава се пријавени 157 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот што ќе се положи во реката Вардар. Одбележувањето на празникот Богојавление ќе почне во 9 часот со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ со која ќе чиноначалствува архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан. По завршување на литургијата, во 11:30 часот поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“ каде околу 11:45 часот ќе започне „Водосветот“, а неколку минути по 12 часот,  архиепископот ќе го положи крстот во реката Вардар. На чинот на осветување на водите на реката Вардар и положување на светиот крст ќе присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити. Во земјава, согласно Законот за празници, Богојавление-Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Извор и фото: МИА