бог се јави – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Jan 2021 10:51:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бог се јави – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Годинава крстот за Водици не се фаќаше, ама Ирена се соблече покрај крстот: Бог се јави, ама и фолкерката се јави… и тоа разголена од Водно (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/godinava-krstot-za-vodici-ne-se-fakjashe-ama-irena-se-sobleche-pokraj-krstot-bog-se-javi-ama-i-folkerkata-se-javi-i-toa-razgolena-od-vodno-foto/ Wed, 20 Jan 2021 08:10:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185795

Водици, Војордање или Богојавление, еден од најголемите христијански празници, православните христијани годинава го празнуваа малку поинаку. Без вековната традиција да се скока по крстот во претходно осветените води, а најсреќниот кој ќе го фати, да го следат здравје, среќа, радости, успеси... цела година. Него и неговото семејство. И додека верниците само ги посетија црковните храмови, палејќи свеќи за здравје, слушајќи ги молитвите и црпејќи од осветената вода, некој сепак реши да го фати крстот. Или да биде барем најблизу што може до него, и тоа до оној најголемиот, милениумскиот на врвот на Водно. Македонската фолкерка Ирена Вељовска беше една од ретките на која ниските минусни температури не и пречеа токму за Богојавление да се искачи на врвот на Водно. Малку за рекреација, малку за чалам, зашто иако годинава крстот за Водици не се фаќаше, Ирена реши да го фати, или барем да допре до него... Токму до оној најголемиот. И додека православните верници за Водици се поздравуваа со празничниот поздрав: „Бог се јави, навистина се јави“, се јави и фолкерката... И тоа разголена, од врвот на Водно! По теркот на Кардашијан, бугарските пејачки или колешките од Србија меѓу кои предничи Јелена Карлеуша на пример и Ирена Вељовска се разголе на студот. До душа не до толку, за да остане како нив само по танга гаќички на снегот, зашто ниту на празникот тоа не би му прилегало, ама доволно за на минусните темпартури да се смрзне како... знаете веќе што! Или на Ирена можеби не и беше студено зашто, ем загреана од пешачењето, ем од вербата во Бога, а Бога ми и од желбата да покаже какви секси атрибути има, беше доволно жешка. Секако, освен што не пропушти да се разголи, не заборави и  христијански да поздрави: „Бог се јави...“, па на сите да им посака убав ден! Колку студен, знае само пејачката, на која белким не и смрзна... Гласот! На гласот мислевме! Фото: Инстаграм принтскрин/irenaveljovska
]]>

Бог се јави: Православните верници го слават Богојавление – Водици https://arhiva.vistina.com.mk/bog-se-javi-pravoslavnite-vernici-go-slavat-bogojavlenie-vodici/ Sun, 19 Jan 2020 08:15:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129739

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден. Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. Како и во минатите години, најмасовно се очекува да биде во Скопје и во Охрид. Во Скопје се пријавени 140 граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2020“. Централната манифестација во Скопје ќе се одржи напладне, кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го положи крстот во Вардар од мостот кај хотелот „Холидеј ин“. Претходно, во 9 часот, тој ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а во 11:45 часот богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде што ќе се одржи традиционалната верска манифестација. Првата богојавленска литија (поворка) е планирана од храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Скопје, преку кејот кај Министерството за надворешни работи до мостот кај хот. „Холидеј ин“, а втората литија ќе почне од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во која ќе учествува и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и ќе се движи по кејот на Вардар и покрај МНР ќе пристигне на мостот. Од Скопската епархија информираат дека лицето кое ќе го фати крстот ќе прими честитки и дарови од архиепископот г.г. Стефан. Извор: миа]]>