бобинки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 14 Jul 2022 12:10:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бобинки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Моќни бобинки од црвена и црна рибизла: Овошје што ги освежува летните денови https://arhiva.vistina.com.mk/mokjni-bobinki-od-crvena-i-crna-ribizla-ovoshje-shto-gi-osvezuva-letnite-denovi/ Thu, 14 Jul 2022 12:30:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258671

Бобинките од црвена рибизла растат ниско на грмушката, висат од гранките како низи од минијатурни накит. Имаат висока содржина на витамин Ц, а одлично се комбинираат и со други бобинки, како малини, капини, јагоди и дињи, како и во преливи со разни видови месо (гуска, дивеч, јагнешко). Може да се користат и како декорација за пудинзи или коктели. Бидејќи е богат со калиум, кој придонесува за здрава работа на срцето, црвената рибизла може да се користи за спречување на хипертензија и за регулирање на крвниот притисок. Исто така, неагресивното дејство на плодот на ова овошно дрво ги прави рибизлите корисни за луѓето кои страдаат од нервозни црева и придонесува за подобро варење. Црната рибизла има вкусни, црни плодови кои се богати со витамин Ц и антоцијанин, што е поволна комбинација за луѓе кои боледуваат од проширени вени или имаат чувствителни капилари. Семките од црна рибизла се богати со гама-линоленска киселина, која има антиинфламаторно дејство. Покрај многуте хранливи материи кои се поволни за здравјето, Webmd.com известува дека рибизлите се добри и за надминување на симптомите на грип. Познавачите на хербалните лекови и нивните лековити дејства велат и дека листот од црна рибизла е неправедно запоставен и малку познат, но многу ефикасен како помагало во решавањето на проблемите со ревматизам и ревматоиден артритис.]]>