бобан василевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 13 Mar 2020 14:25:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бобан василевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сузана Спасовска изворната – „Да сум бистра вода“ ја промени во модерна музичка руба (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-spasovska-izvornata-da-sum-bistra-voda-ja-promeni-vo-moderna-muzichka-ruba-audio/ Fri, 13 Mar 2020 14:20:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139401

Нејзиниот глас  долги години ги маѓепсува сите четири страни на светот штом ги запее “Јано севдалино”, “Параходот”, “Ајде сонце зајде”. Неа со право легендарната Васка Илиева и го остави аманетот да ја разлева македонската народна песна секаде каде ќе зачекори, прогласувајќи ја за своја наследничка, а таа до ден денешен, успешно тоа го исполнува. Со музичко искуство на кое може секој да и позавиди, Сузана Спасовска е веќе седум години солист првенец на националниот ансамбл „Танец“, со кој ја презентира македнската песна и фолклор насекаде низ светот. Но Сузе - „национале“ не застанува само тука, туку паралелно продолжува да ја турка и својата соло пејачка кариера која трае повеќе од 30 години. Токму со својот пријател и долгогодишен соработник Сашо Ливрински ја облекоа „Да сум бистра вода” во една нова модерна „музичка руба”. Со помош на Љупчо Павловски во студиото „Анастасија“, Бобан Василески (соло гитара) и видео концептот за аудиото (DVisualArt), песната се збогати со моќност, разновидност и јачина, а низ сето тоа сепак ни одѕвонува препознатливиот автентичен вокал на Сузе. На тој начин е задржана основната линија на нумерата која со додавањето на модерен звук ќе биде прифатлива за помладата публика кај нас, но и надвор од границите. Истовремено се размислува и за видеозапис кој Спасовска сака добро да го осмисли и реализира за да се разликува од другите, како што е впрочем и самата таа. Слушнете во продолжение како звучи новата модерна верзија на легендарната македонска изворна песна  „Да сум бистра вода” во изведба на Сузана Спасовска: ]]>