Бобан Мирковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 Jul 2023 13:24:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Бобан Мирковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 5 август во Охрид: Концерт на Бобан Мирковски во „Долни Сарај“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-5-avgust-vo-ohrid-kontsert-na-boban-mirkovski/ Tue, 25 Jul 2023 05:21:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311496

Врвниот македонски пијанист, Бобан Мирковски ја продолжува концертната промоција на неговиот најнов музички проект со наслов „АЛБУМ“, кој содржи 12 најпознати македонски композиции изведени на пијано, овој пат во Охрид.

На 5 август (сабота), на магичниот амбинет на Долни Сарај, под небо од ѕвезди, во пијано изведба публиката ќе има прилика да ги слушне најпознатите македонски евергрини, создадени во периодот од 1969 до 2001. Концертот ќе започне во 22.30 часот.

Магијата ќе ја надополнат извонредните вокални изведби на Агни Авшар и Ања Митиќ како специјални гости на концертот.

  • Целиот свој живот сум растен со нашата убава македонската забавна музика, таа е посебен жанр, не е поп-музика. Тоа е, буквално, наша автентична забавна музика, која остави голем траг кај многу генерации. Затоа ми беше многу голема желба да направам ваков албум, со веќе познати композиции. Направивме нови аранжмани, специјално правени за оваа пригода, дел се мои, дел на мојот татко Љупчо Мирковски, дел на мојот тетин Дамир Имери, на кои сум им неизмерно благодарен за целата поддршка што ми ја даваат.– изјави Мирковски

Инаку Бобан Мирковски потекнува од можеби најголемото музичко семејство на Балканот и е најмладиот потомок на Благој Петров – Караѓуле. Неговото музичко образование го комплетирал во 2015 година со пост-дипломските студии на ФМУ Скопје, во класата на проф. Александар Сердар (Р. Србија). Сака да истражува и експериментира со музиката и жанровите, вљубеник е во мјузиката на грушата Queen и секако во македонската музика. На неговиот последен албум, во издание на Баги Комуникации се поместени дела од најпознатите композитори меѓу кои Славе Димитров, Љубомир Бранѓолица, Александар Џамбазов, Григор Копров, Влатко Стефановски, Кире Костов, Љупчо Мирковски, Димитар Масевски, Ванчо Димитров, Калиопи Букле, Дарио Панковски, Александар Митевски.

Со нетрпение го очекувам охридскиот концерт, привилегија е да се музицира во амбиент каков што е Долни Сарај. Подготовките со Агни Авшар и Ања Митиќ се во полн тек и со сигурност кажувам дека тоа ќе биде ноќ за паметење – вели Бобан Мирковски

Концертот е во организација на Баги Комуникации и ќе започне во 22.30 часот. Билетите можат да се набават на сервисот https://bileti.mk/e/bobomirkovski

]]>

Музичко патување со виолончело, пијано и хармоника во „Приказни од кутијата“ https://arhiva.vistina.com.mk/muzichko-patuvane-so-violonchelo-pijano-i-harmonika-vo-prikazni-od-kutijata/ Mon, 03 Apr 2023 08:33:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296417

Минатата недела во Аудиокултура се одржа култен настан на кој свој настап во живо реализираа Танос Ставридис, Стела Темплери и Бобан Мирковски. „Tales from the box“ или „Приказни од кутијата“ е насловот на проектот кој ја пренесува сета суштина, не само на музицирањето, туку и суштината на живеењето. Со прикладен говор, Танос го објасни насловот на проектот и не поведе кон неверојатно музичко патување на флексибилност и премостување на три века музика со помош на три инструменти. Виолончело, пијано и хармоника. Со трите најраспространети и најфлексибилни инструменти во светот, ова беше музичко патување од вчера до денес. Од Бах и Моцарт до Шопен, Хачатуријан и Гершвин. Но и до Фреди Меркјури, Битлси и Пјацола како најголеми филмски композитори на 20 век. „Приказни од кутијата“ се среќаваат со Бобан Мирковски во проект кој се стреми да покаже колку можат да бидат актуелни класичните музички дела. Воведниот интро говор од Танос пред секоја следна композиција беше и почеток, но и финален допир од уникатност која уште повеќе ја облагороди и така фантастичната вечер. Во биографијата на Бобан, како пијанист и аранжер, се запишани бројни солистички настапи, награди и успеси на светско ниво, како и заеднички настапи со значајни имиња од македонската музичка сцена. Танос Ставридис е еден од најпознатите хармоникаши, со соработки и изведби во дискографијата на најголемите и најпознатите пејачи, композитори и музичари во Грција и на Балканот. Учествувал во над 100 снимања на албуми и како солист и како оркестратор. Биографијата на Стела Темплери исто така бележи бројни концерти со виолончело, како и истакнувања на натпревари во камерна музика. Соработки со значајни музички имиња се чести, а еден од нејзините главни проекти во дуетот со виолончело и хармоника е секако „приказни од кутијата“. Овој проект за прв пат беше реализиран во Кавала, Грција, а изведбата во Аудиокултура е втора по ред воопшто и прва во Македонија. Фото: Стефан Рајхл]]>

„Атараксија“ со Бобан Мирковски и оркестар премиерно на „Охридско лето“ https://arhiva.vistina.com.mk/ataraksija-so-boban-mirkovski-i-orkestar-premierno-na-ohridsko-leto/ Fri, 14 Aug 2020 12:12:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163458

После вчерашниот настап на оперските солисти, оркестарот и балерините од Националната опера и балет, програмата на „Охридско лето“ продолжува со уште една премиерна изведба, овојпат на делото „Атараксија“ во изведба на пијанистот Бобан Мирковски како солист со оркестар под диригентската управа на маестро Љупчо Мирковски кој е и композитор. „Атараксија“ е модерна, поп–симфонија во 4 става напишана за пијано и симфониски оркестар. Тоа дело на Љупчо Мирковски е спој на целокупупното негово творештво кое опфаќа музика за оркестар, соло инструменти, од театарски претстави, филмска музика, џинглови, детска и поп музика, како и народна, сериозна и џез музика. „Атараксија“ претставува спој на повеќе музички жанрови кои ја покажуваат целата музичка префинетост на композиторот, со лесно прифатлива мелодиска линија и прогресивна хармонија каде на многу вешт начин ги користи сите инструменти. Оваа поп – симфонија покрај различните жанрови, следи и повеќе музички трендови кои се менуваат со текот на годините. Едноставно кажано, „Атараксија“ е 50-минутно музичко парче за уживање, лесно прифатливо за сечие уво. Во рамки на концертот ќе биде изведена и маестралната „Рапосодија во сино“ на Гершвин. Бобан Мирковски е роден 1991 година во Скопје. Основното и средното образование го завршува во МБУЦ “Илија Николовски -Луј“ во класата на проф. Даница Стојанова. Дипломира во 2013 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Симон Трпчески, а во 2015 година ги завршува пост-дипломските студии на ФМУ Скопје во класата на проф. Александар Сердар (Р. Србија). Посетува мајсторски курсеви кај Во своето образование има посетувано и неколку меѓународни семинари кај еминентни уметници како Ж. Захариева, Ј. Михајловиќ, Ф. Турисини, А. Леимони, Б. Романов и др. Има остварено голем број концерти во Македонија и странство и има освоено награди на голем број домашни и меѓународни натпревари како две први награди и лауреат на натпреварот „Арс Косова“ во Приштина, прва награда на натпреварот „Даворин Јенко“ во Белград, трета награда и награда за највиртуозен изведувач на натпреварот „Музиката и земјата“ во Софија . Настапува како солист со Филхармонијата на Северна Македонија , а со музички рецитаи настапува во Сан Даниеле (Италија, Босковице (Чешка), Вашингтон (САД) како и на концерти во градовите низ Р.Северна Македонија. Моментално работи како професор по пијано во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј“. Диригентот и композитор Љупчо Мирковски основното и средно музичко образование го завршува во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“, а дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на инструменталниот отсек. Негов прв поважен настап е улогата во операта „Оџачарчето Сејм“ на сцената на Националната опера на која го игра главниот лик на оџачарчето Сејм. За прв пат се појавува на „Скопскиот фестивал“ во 1971 година на кој се претставува со песната „Арлекин“ и станува познат под тоа уметничко име до денес. Неговата прва композиција се изведува на фестивалот „Омладина“ во Суботица во 1974 година, а првиот аранжман за помал состав го има напишано во 1977 година. Во текот на својата младост членувал во неколку домашни музички состави со кои настапува на манифестации како: „Скопски рок вечери“, Фестивал „Омладина“, фестивал „Опатија“, „ Скопски фестивал“, како и на првиот „ Скопски џез фестивал“ во 1982 година. Мирковски својата долгогодишна работна кариера ја започнува како прв трубач на Танцовиот оркестар во МРТ, каде работи до денес. Во текот на работниот век остварува значајни резултати со Танцовиот оркестар на МРТ како трубач, композитор и диригент. Како композитор, аранжер и продуцент има остварено голем број на музички дела и соработки со познати домашни и странски музичари. Во текот на својата музичка дејност има напишано музика за театарски претстави, играни серии, филмови. Има напишано музика за повеќе од 200 џинглови, химни и рекламни спотови. Најголем дел од опусот на Љупчо Мирковски се повеќе од 200 композиции од областа на популарната музика, музика за деца, народна и инструментална музика за кои има освоено огромен број на награди. Мирковски како автор учествува на странски музички фестивали во земјите на поранешна Југославија, а се јавува и како автор на композиции на два компилациски албуми со инструментална музика за „Mood spectrum Music Publishers“ од Лондон, Велика Британија. Концертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток од 22 часот. Претходно во предворјето на „Света Софија“ од 20 часот ќе биде промовирана и монографијата „Фестивалска приказна“ по повод 60-годишнината од Фестивалот „Охридско лето“ на авторите Снежана Анастасова –Чадиковска и Роза Нолчева-Ангеловска. Авторите на монографијата се академски музичари и публицисти кои припаѓаат на две различни генерации – секоја со свои значајни искуства и доживувања од фестивалот „Охридско лето“. Спојот на генерации обединети во заедничка цел, најчесто значи и взаемно дополнување и разнообразност – елементи што даваат поинаква атрактивност на самото дело. Монографијата „Фестивалска приказна” е двојазична, на македонски и англиски јазик, богато илустрирана, како со фотодокументи од бројни настапи на врвни уметници, така и на начин кој неминовно ја потцртува поврзаноста на Охридско лето со суштината и историските специфики на самиот град Охрид. Ја опишува историјата на фестивалот со нови и разнообразни сознанија, потсетува на неговите почетоци, развојот и културолошкото значење на манифестацијата, особено сознанијата на помладата, нова генерација фестивалски вљубеници. извор: Курир.мк]]>