бобан цаневски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 28 Mar 2023 12:20:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бобан цаневски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Победникот на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, Бобан Цаневски реши да – „Удри бригу на весеље“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pobednikot-na-muzichkoto-shou-nikogash-ne-e-dotsna-boban-tsanevski-reshi-da-udri-brigu-na-vesele-video/ Tue, 28 Mar 2023 12:20:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295519

Победникот на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ (Никад није касно) пред неколку дена ја промовираше својата најнова песна и тоа на српски јазик. Песната носи наслов „Удри бригу на весеље“, а неа како автори се потпишуваат веќе докажани музички работници. Музиката е дело на Блаже Темелков, текстот го направија Татјана Петровска и Сашо Младеновски, кој го потпишува и аранжманот. Песната е објавена на јутјуб-каналот на „Гранд“ и за само неколку дена таа има преку 30.000 прегледи. Инаку јавноста за Боби многу дозна откако тој учествуваше во „Никад није касно“, каде успеваше со секоја негова интерпретација да ги остави жирито и публиката со подотворени усти. Токму поради тоа, нашиот Боби заслужено беше и победникот во минатогодишната сезона. „Да бидам искрен, многу работи се променија после „Никад није касно“. Ме дознаа многу луѓе, постојано ме бараат за настапи, приватни прослави и да бидам ме радува тоа. Кога сме кај песната, можеби многумина ќе кажат дека требаше веднаш да извадам песна после финалето, но верувајте дека денеска не е лесно да дојдете до добра песна. Морав да слушнам преку 10 демо-верзии на песни, за на крајот да ја изберам оваа. Се надевам на публиката ќе и се допадне, јас секојдневно добивам само позитивни критки“ – изјави Цаневски. Инаку него може да го видите и слушнете на нстапите во повеќе локали и кафулиња во Скопје како и ширум Македонија. Како звучи и изгледа кога Боби ќе реше да „Удри бригу на весеље“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Дури тројца победници во „Никогаш не е доцна“: Еден од нив е и Македонецот Бобан Цаневски https://arhiva.vistina.com.mk/duri-trojca-pobednici-vo-nikogash-ne-e-docna-eden-od-niv-e-i-makedonecot-boban-canevski/ Mon, 27 Jun 2022 08:49:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256038

Вечеравечер се одржа натпреварувањето на финалето на седмата сезона од популарното музичко шоу „Никогаш не е доцна“. Победниците од оваа сезона ќе добијат една песна како награда, како и реклама од страна на „Гранд продукција“. По 10 месеци борба со музичките ветерани на големата сцена, стигнаа до највозбудливиот и најемотивниот крај. Финалната вечер ја одбележаа настапите на 12 величествени натпреварувачи, но статуите на победниците можеа да одат само во рацете на најдобрите.
Годинешните победници беа избрани во три категории, па така победник на гласовите на Фејсбук е Дубравко Биондиќ - Дуба, кој заплака на сцената, додека нашиот Бобан Цаневски освои најмногу СМС гласови. На крајот, стручното жири, кое го сочинуваа популарни пејачи од српската јавна сцена и кои гласаа по евровизискиот систем, ги подели своите гласови, поделувајќи им од 1 до 12 поени на натпреварувачите. На крајот стручното жири по свое мислење и критериуми го прогласи Амер Ченгиќ Ченга за најдобар. Она што е интересно е дека Ченг го имаше најинтересниот стајлинг од сите учесници. За оваа пригода избра шешир и тексас комплет,а јакната му беше ракопчана. Новата сезона на популарната програма започнува во септември. фото:Nikad nije kasno / Z. K. Munja]]>

Бобан Цаневски уште еднаш „растури“ и влезе во финалето на „Никад није касно“: Аки би бил горд кога би го слушнал како пее (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/boban-canevski-ushte-ednash-rasturi-i-vleze-vo-finaleto-na-nikad-nije-kasno-aki-bi-bil-gord-koga-bi-go-slushnal-kako-pee-video/ Tue, 21 Jun 2022 06:46:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255316

Бобан Цаневски покажа како се пее за финале, откако со маестрална изведба на  песната „Доѓи“ од „Парни ваљак“ растури во музичкото талент шоу за возрасни „Никад није касно“. Скопјанецот  влезе во финалето на познатото музичко наптреварување  и тоа со маестрална изведба на песната која сите знаемекако ја пееше прерано починатиот Аки Ракимовски. Бобан уште во првите секунди ги освои симпатиите на жири - комисијата, која овојпат беше составена од славната пејачка Зорица Брунцлик, Бора Чорба и претседателот на таа жирикомисија, композиторот Маре. „Мислев дека ќе стигнам до третиот круг, но еве ме во финале. Ова шоу направи многу за мене, ефектот се гледа. Имам доста работа, ме бараат постојано на свирки, приватни забави, фестивали“ - изјави Боби пред да излезе на големата сцена и да го испее познатиот хит на Аки и „Парни ваљак“. По завршувањето на неговиот настап, свој коментар даде и трочлената жирикомисија: „Одлично пеење. Никаде не згреши, има совршен распон на глас, пее како змеј. Пее на свој начин, покојниот Аки и јас требаше да бидеме кумови, но тој пее поинаку од Аки. Сите Македонци имаат слух“ - искоментира Бора Чорба. „Она што мене ме фасцинираше е динамиката. Вие сте еден од ретките кандидати кој го пее овој вид на музика, а да внимава на динамиката“ - беше коментарот на Зорица. „Јас не знам многу вакви песни во поп-рок жанрови, но ова е една од најтешките, бидејќи пејачот мора да покаже се' што знае, а Боби го покажа тоа. Апсолутно брилијантно, јас уживав и навивав за тебе“ - искоментира Маре. Погледнете ја целата емисија и во неа го  одличниот настап на Боби Цаневски и неговиот влез во финалето на „Никогаш не е доцна“ на 2:20.00... ]]>

Нашиот Бобан Цаневски ја расплака Тања Савиќ: „Никогаш не е доцна“… за кариера и солзи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nashiot-boban-canevski-ja-rasplaka-tanja-savikj-nikogash-ne-e-docna-za-kariera-i-solzi-video/ Wed, 11 May 2022 07:12:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249769

Познатата српска фолк ѕвезда, пејачката  Тања Савиќ не можеше да ги задржи солзите во музичкото талент шоу за повозрасни „Никад није касно“, кога македонскиот натпреварувач Бобан Цаневски (45) го пееше големиот  хит на Здравко Чолиќ - „Као моја мати“. Нашиот Бобан буквално брилијираше на големата сцена, а неговото емотивно пеење не ја „допре“ само Тања, туку и водителот Жика Јакшиќ, како и целата публика во студиото... По завршувањето на неговиот настап жири комисијата не штедеше пофални зборови за интерпретацијата на Боби: „Бобане, јас многу ја сакам Македонија, многу го сакам Скопје. Ти вечерва ме погоди со оваа песна, дури и солзи ми потекоа кога кажа: „Кад ти једном срце сломе, не верујеш никоме“... „Доста  години имам, доста кустоси имам запознаено, но мислам дека сте најдобриот пејач - кустос кој сум ги запознал“ – беше коментарот на Франо Ласиќ. „Бобане, ми ја расплака Тања, јас не знам што да ти кажам. Можеби треба да направиме пауза со снимање“ – кажа познатиот композитор Маре. Се разбира, Бобан Цаневски после овој настап оди директно во следниот круг од ова големо музичко натпреварување. Инаку Бобан веќе долги години настапува во познати ресторани, кафулиња и клубови и помеѓу публиката важи како еден од најдобрите „мајстори“ за ноќните забави... Погледнете ја целата емисија и  неговиот брилијантен настап во неа... Бобан Цаневски во  „Никад није касно“: ]]>

Некогашниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ сега е дел од „Никад није касно“ – на сцената растури со песна од „Парни ваљак“ – „Секој чест“ https://arhiva.vistina.com.mk/nekogashniot-uchesnik-vo-dzvezdite-na-grand-sega-e-del-od-nikad-nije-kasno-na-scenata-rasturi-so-pesna-od-parni-valjak-sekoj-chest/ Tue, 01 Mar 2022 08:50:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241065

Во емисијата „Никогаш не е доцна“ се претстави и Бобан Цаневски од Скопје. Бобан се претстави со песната „Све још мирише на њу “ и го воодушеви жирито, како и публиката која го поздрави со силен аплауз. -Силна енергија, силен вокал, звучеше многу добро, изјави Стеван Анѓелковиќ. -Прекрасно, секоја чест, изјави Саша Милошевиќ Маре. И Тијана Дапчевиќ која беше дел од жирито имаше само пофални зборови за Македонецот. -Бобане, супер пееше, ништо помалку не се очекуваше од тебе, изјави Жика Јакшиќ. Во ревијалниот дел, Бобан запеа со Огнен Здравкоски и во дует ја изведоа песната „Лагала нас мала“, a со нивната интерпретација ги освои сите симпатии на публиката во студиото. -Браво момци, немам зборови, останав без текст, изјави Дапчевиќ. Инаку, Бобан во 2016/2017 година учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“ и испадна во третиот круг. Бобан помина во следната фаза, а како ќе се претстави останува да видиме. Неговиот настап може да го погледнете во видеото подолу на 8:22. фото: принтскрин/јутуб/никад није касно/З.К Муња/Лука/Елена]]>