БМЈ медиа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Jan 2020 12:20:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png БМЈ медиа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лила како банкарот – пари навреме: „Мене никој не ми дал позајмица од БМЈ Медиа, јас бев таа која даде позајмица“ https://arhiva.vistina.com.mk/lila-kako-bankarot-pari-navreme-mene-nikoj-ne-mi-dal-pozajmica-od-bmj-media-jas-bev-taa-koja-dade-pozajmica/ Wed, 29 Jan 2020 12:20:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131648

Заврши сведочењето на водителката Лила Филиповска за случајот „Рекет“. Обвинителката ја праша за нивните луксузни одмори, а таа одговори дека Боки во еден наврат бил во грчки ресорт со некои девојки, а таа и Сергеј Варошлија дошле само на еден ден. Дента кога бил уапсен Бојан Јовановски, Филиповска била заедно со него и со новинарката Анета Кочишки. Филиповска тврди дека, најпрвин по барање на Боки 13, дала донација од 25.000 евра за „1ТВ“, бидејќи како што рече, сакала да и помогне на телевизијата. Потоа следела и позајмица од 500.000 денари. „Бојан го знам скоро 17 години. Прво бевме блиски пријатели, па бевме неколку години скарани, па после пак се смиривме. Во 2018 година на Бојан му позајмив 500.000 денари. Мене никој не ми дал позајмица од „БМЈ Медиа“, јас бев таа која даде позајмица“, изјави Филиповска. Таа додаде дека биле неколку пати на викенд на одмор. „Дента кога Боки беше уапсен, планиравме да одиме во Миконос. Одморот беше планиран од Бојан. Тој кажа дека се е организирано, а веројатно и платено, не стигнав да дознам. Јас си имам свои пари, си зедов со себе, не е должен мене никој да ме чести. Веројатно ќе требаше потоа да се доплати, затоа си имав свои пари“ -  рече Филиповска. Бојан Јовановски немаше прашања за долгогодишната пријателка.  ]]>