блуз – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 31 May 2023 09:12:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png блуз – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов „го отпишаа“, а тој се потруди да појасни од каде и какви му се последиците (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-go-otpishaa-a-toj-se-potrudi-da-pojasni-od-kade-i-kakvi-mu-se-posleditsite-foto/ Wed, 31 May 2023 09:05:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304415

Игор Џамбазов постојано е преокупиран со разни нешта... Откако беше промотор на промоцијата на автобиографската книга „Живот на коцка“ на Велибор Џаровски - Џаро, Џамбазов сега е преокупиран со блузот... Поточно со излегувањето на новиот албум, чии песни од првите 30 години кариера заедно со неговиот верен придружник и музички компањон Гуру Харе, ќе бидат објавени на ЦД. „Со Гуру Харе прославуваме 30 години од првиот заеднички проект. Албум со 17 оригинални македонски блузови што ги слушавте и сакавте сиве овие години, но и некои нови, за сите блуз-сладокусци...“ - споделил Џамбаз покрај фотографијата со обвивката на претстојното ЦД. А, блузот не е блуз ако не се свири во живо, па тоа двајцата „блуз пајташи“ со нивниот придружен бенд постојано и го прават секаде каде што може да се свири и настапува, низ цела Македонија. Една фотографија од последните настапи, каде е во полн изведувачки занес на сцената, Џамбазов споделил со своите следбеници, од кои некој веројатно му забележал дека се поправил, па гитарата наместо на средина, заради стомакот му стои малку настрана. Луцидниот мултимедијалец веднаш се потрудил да појасни „каква е оваа ситуција“, поточно што е причината за „вишокот околу стомакот“? Ми викаат: „Пак си се здебелил“? Им викам: „Ееее,  ме отпишаа од планинарското...“ - им одговорил Игор асоцирајќи дека не е повеќе така физички активен откако во неговиот живот ја нема планинарката Илина Арсова, па сега нема на што да се качува... Да се разбереме, на планините се мисли и бројните прошетки во природа низ убавините на Македонија... Нешта, што ги практикуваше додека траеше врската со планинарката! Арно ама, како по некое старо непишано правило, кога „од едно ќе те отпишат во друго те запишујат“, па така изгледа дека Џамбазов е мошне редовен со своето присуство онаму каде од физички напор најтешко е да се кренат ножот, вилушката или лажицата и евентуално... чашата! Епа... таква е оваа ситуација... Наздравје! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>

„Банкрот блуз бенд“ ја визуелизираа нивната блуз врзија на старата фестивалска тема – „Починка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bankrot-bluz-bend-ja-vizueliziraa-nivnata-bluz-vrzija-na-starata-festivalska-tema-pochinka-video/ Thu, 31 Mar 2022 07:46:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244913

Песната „Починка“ во изведба на „Банкрот блуз бенд“ доби и своја видео приказна. Спотот, кој е премиерно пуштен во етерот, е снимен на  во кафе-барот „Олд Скул“ во центарот на Скопје, а го режирал Димитар Маневски. По цели 30 години, Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе, обединети во легендарната македонска група „Банкрот блуз бенд“, се собраа повторно за да му оддадат почит на големиот писател и лингвист и да дадат свој придонес во одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Конески со убава македонска песна. Инаку песната за прв пат е изведена на „Скопскиот фестивал“ во далечната 1976 година, од легендарната словенечка џез пејачка Зденка Ковачичек. На стиховите на големиот Конески, автор на музиката е познатиот македонски композитор Љупчо Константинов. Харе, Пепи и Гиш со своето реобединувањесе вистинско освежување на македонската музичка сцена. Додека се надеваме дека наскор од нив можеме да очекуваме уште грст нови песни, проследете како звучи и изгледа „починка“ во нивната нова блуз верзија. ]]>

“Punish Him” – нова песна на македонскиот рок и блуз гитарист Игимен (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/punish-him-nova-pesna-na-makedonskiot-rok-i-bluz-gitarist-igimen-video/ Tue, 08 Sep 2020 08:37:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166156

Неодамна објавена е новата песна и видеоспотот на талентираниот и креативен млад автор и изведувач Игор Станоески – Игимен. “Punish Him” е насловот на темата за која музиката, текстот и аранжманот ги направил самиот Игор,  која воедно е и водечка на истоимениот албум, на кој му претходеше дигиталното објавување на синглот “Ain’t Nobody Business”. Придружните вокали во оваа песна ги отпеала Рената Симоновска (Renne Simonne). Песната како и албумот се снимени во студиото “АлШар” во Скопје, под аудио-инжинерската палка на Ивица Јанкуловски. Видеото е снимено во истоименото студио од страна на Филип Филиповски како директор на фотографија и камера и Боро Арсовски – камера и техничка помош, додека за режијата која е во доменот на видео концепт како и монтажата и видео постпродукцијата се погрижил Оливер Станоевски. Гости - музичари на песната покрај стандардната ритам постава Пере Ангелов на бас гитара и Гоце Стевковски на тапани, се и Гордан Спасовски на пијано и Јордан Костов на хармоника. Песната претставува жанровски микс од блуз, рок и кантри музика, додека пак текстот е на англиски јазик и има сатиричен контекст. Во продолжение уживајте во најновото од Игимен: https://www.youtube.com/watch?v=_sHwBMwKkMo]]>

Почина легендарниот рок-блуз гитарист Питер Грин: Замина белиот „блуз албатрос“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-legendarniot-rok-bluz-gitarist-piter-grin-zamina-beliot-bluz-albatros/ Sat, 25 Jul 2020 08:08:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160522

Kоосновачот на  легендарната рок група „Флитвуд Mек“, и еден од нај добрите бели блуз гитаристи Питер Грин, вчера, 25 јули 2020 год. рано изутрина починал „мирно во сон“ на 73-годишна возраст. Во изјавата на правните застапници во име на неговото семејство, се вели: „Со голема тага семејството на Питер Грин ја објави неговата смрт овој викенд. Дополнителна изјава ќе биде дадена во наредните денови“. Грин, влијателниот блуз рок гитарист од источен Лондон, го формираше „Флитвуд Мек“ со тапанарот Мик Флетвуд во Лондон во 1967 година. Следната година групата го објави истоимениот деби албум, со широко распространето признание и достигнувајќи го четвртото место на топ-листите. Групата издаде уште два албума заедно со него, а потоа Грин замина од неа, по последниот настап во 1970 година, поради проблеми со менталното здравје, велејќи дека го напуштил музичкиот бизнис „за лична слобода“, откако ги напиша многу саканите песни „Албатрос“, „Човек на светот„ и „О, па“. Mу беше дијагностицирана шизофренија ( SCH) и го минуваше времето во болница подложен на терапија во текот на средината на 1970-тите, подоцна признавајќи дека можеби претерал со конзумацијата на халуцигената дрога ЛСД. Но, тој се врати со настапи во 90-тите години, откако претходно работел како гробар и на бензинска пумпа. Претходно оваа година, уметници, вклучувајќи ги Мик Флитвуд, Дејвид Гилмор од „Пинк Флојд“, Били Гибонс од „ЗЗ Топ“ настапија на лондонскиот „Паладиум“ за време на свирка што ги славеше раните години на „Флитвуд Мек“ и нејзиниот основач Питер Грин.]]>

Блузот кај нас продолжува да живее со… The Mole Pack – „Gamblin’ Man“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bluzot-kaj-nas-prodolzuva-da-zivee-so-the-mole-pack-gamblin-man-video/ Sat, 04 Aug 2018 08:59:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41514

Нов бран на музички креации е во подем од новосоздадениот авторски бенд „Мол-пек“ (The Mole Pack). Бендот штотуку го сними својот прв албум „Gambling Man“, кој е инспириран од прогресивната блуз-рок сцена од доцните 1960-ти и раните 1970-ти години. Албумот се состои од девет песни во кои покрај блуз и рок има доза на фанк, соул, па дури и малку кантри-влијание.
„Нè собра Димитар, кој е веќе долго време блуз-фанатик, и го напиша целиот материјал за албумот. Пред сè, сите ние сме блиски пријатели, па музичката конекција и разбирање дојдoa природно“, вели Александар Ѓорѓиески, главниот вокал на бендот.
‘Рбетот на бендот се состои од: Димитар Даневски (ритам и соло-гитара), Александар Ѓорѓиески (вокал и усна хармоника), Теодор Бошков (бас-гитара) и Глигор “Гишо” Динев (тапани). Пријатели и музичари кои имаат значајна улога и го комплетираат чопорот се: Дарко Стојоски (ритам и соло-гитара), Златко Андријевски (ритам и соло-гитара), Бранко Сапламаев (клавијатура), Влатко Сапламаев (клавијатура) и други блиски пријатели.
Имено, името на бендот има пошироко значење и цел. Кртот (mole) е животно кое e речиси слепо. Недостигот на вид го компензира потпирајќи се на неговите чувства, инстинкти и интуиција. Преку аналогија, членовите на бендот мислат дека луѓето би требалo повеќе да им веруваат на нивните чувства, односно слушање на своето „внатрешно јас“, со цел да го збогатат сопствениот дух и да се задoволат сопствените интереси и желби без страв од неуспех. Следењето на интуицијата и инстинктите би можеле да помогнат во излегување од секојдневната рутина на модерниот живот. Kако звучи и изгледа првиот сингл и видеото за насловната тема на албумот „Gamblin’ Man“,  на младите „блуз кртови“,  дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=104&v=7Zwo9KFYggA Извор:РадиоМК]]>

Гуру Харе и Игор Џамбазов констатираа – „Староста доаѓа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/guru-hare-i-igor-dzambazov-konstatiraa-starosta-doagja-video/ Mon, 05 Mar 2018 10:20:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14765

Македонскиот ТВ водител, актер и шоумен Игор Џамбазов и неговиот блуз гуру, Игор Атанасовски алиас Гуру Харе со уште една заедничка соработка. Овој пат во темата која веројатно и автобиографски полека почнува да ги допира, насловена „Староста доаѓа“.
Ниту престари за „пензија“, а уште помалку за рок ен рол, Харе и Џамбазов направиле извонреден спој на џезот и блузот, каде во синтезата на овие два правци провејува одличниот текст и стиховите кои како и музиката, ги напишал самиот Гуру Харе.
Кога на сето тоа ќе му се додаде емотивниот и полн со патина, но сепак  смирувачки вокал и театралната изведба на мајсторот Џамбазов, кој на ионака одличниот инструментален амбиент на песната и вдахнал душа, тогаш се добива ретко квалитетен производ кој не може баш секојдевно да се слушне... Барем не на нашиве простори.
Харе и Џамбаз покажале дека се уште го имаат блузот во вените, но дека и останатите музички форми како смут или лајт џезот не им се туѓи, како надополнување за создавање на единствена амбиетално-звучна слика... Нешто како J. J. Cale и Leonard Cohen  во едно, на македонски начин. А за истата таа слика да биде комплетна, се погрижиле режисерот и монтажер Огнен Шапковски и екипата од Мелем продукција, чија визуелизација на амбиентот созадава единствена претстава не само за уши, туку и за очи!

Како што веќе споменавме, музиката и текстот се на: Игор Атанасоски Харе, вокалот на Игор Џамбазов, гитарите ги свири  - Игор Атанасоски Харе, бас - Трајко Симоновски Таци, тапани - Златко Михајловски Бумбар. Сето тоа е  снимено кај Таци, а миксано во студиото „Тралала“ кај Мите Димовски.

Видеото го реализирала споменатата „Мелем продукција“ - режија и монтажа: Огнен Шапковски,  директор на фотографија: Кристијан Теодоров, прв асистент: Борис Јосифовски, втор асистент.  Александар Ивановски, визуелни ефекти:  Иван Куртевски, сценографија: Влатко Чачоровски, а фотограф на сет бил Стефан Дамјаноски. Гафер: Иван Ѓоршев,  шминката е на Елена Евгенија, а возач бил Јоцо Караѓорѓевиќ.

Како звучи и изгледа кога „Староста доаѓа“ проследете премиерно во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=32iiCgd0JDM&feature=youtu.be  ]]>

Во Станица 26: Концерт на легендарниот блуз гитарист Стен Веб https://arhiva.vistina.com.mk/vo-stanica-26-koncert-na-legendarniot-bluz-gitarist-sten-veb/ Thu, 22 Feb 2018 12:14:50 +0000 http://vistina.mk/?p=13738

Дел од историјата на британскиот блуз, гитаристот и вокалист Стен Веб на 23 февруари директно од Лондон доаѓа во скопскиот клуб „Станица 26“ каде што ќе одржи настап со почеток од 20 часот.
Покрај концертниот настап, македонските љубители на блузот ќе имаат ретко задоволство да се запознаат со легендарниот гитарист, а музичарот со големо задоволство ќе ги потпише нивните плочи и дискови, најавуваат организаторите. Како млад талентиран гитарист, Стен Веб бил фасциниран од „црнечкиот“ звук, особено од музичарите како Фреди Кинг, Мади Вотерс и Бади Гај, кои имале големо влијание во градењето на неговиот сопствен музички израз што во средината на шеесетите години го интепретира со својот состав Chicken Shack. Билетите за овој ексклузивен концерт, кој е во организација на концертната агенција и продукција „3 гонга“, се по цена од 1.000 денари. Ексклузивно, овој месец организаторите нудат специјален блок-билет за претстојните четири концерти, меѓу кои е оној на Стен Веб и Chicken Shack, Скот Хендерсон, кој ќе настапи на 7 март, Софт Машин на 14 март и Стик Мен заедно со Тони Левин на 22 март, по цена од 3.000 денари.
]]>