блејзери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 27 Oct 2022 09:36:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png блејзери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пет ултрамодерни парчиња за жените над 50 години: Ќе направат да изгледате храбро и барем деценија помладо https://arhiva.vistina.com.mk/pet-ultramoderni-parchinja-za-zenite-nad-50-godini-kje-napravat-da-izgledate-hrabro-i-barem-decenija-pomlado/ Thu, 27 Oct 2022 09:36:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273085

Постарите жени се често на мета на критики поради начинот на облекување, па затоа се неретко во дилема дали некое парче е во согласност со нивните години или не. Меѓутоа, дамите постари од 50 години зад себе имаат огромно искуство, поминале низ разни модни епохи и имаат изграден моден стил. Не се сомневаме дека тие имаат истанчен моден вкус, а денеска ви претставуваме неколку предлози за модни парчиња кои се апсолутен хит и кои дамите над 50 години со задоволство ги носат: Кожни парчиња Без разлика дали станува збор за постари или помлади дами, кожните парчиња се „must have“ и секоја жена би требало да поседува барем едно парче во својот ормар. Тие ќе направат вашиот аутфит да изгледа многу подобро и ќе му дадат посебен печат.
Впечатливи бои Впечатливите бои ќе направат да зрачите со самодоверба, додека ќе изгледате многу модерно и младолико. Охрабрете се и набавете едно парче облека во впечатлива боја.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Grece Ghanem (@greceghanem)

Блејзери Блејзерите секоја комбинација ја подигнуваат на повисоко ниво, давајќи ѝ доза на елеганција и префинетост. Постојат мноштво модели и кроеви - одберете еден во омилената боја и ќе ја разбудите моќната жена во себе.  
Предимензионирани очила за сонце Освен што ќе ги сокријат трагите на ненаспаност и умор, големите очила ќе направат да изгледате помладо и помодерно. Дури и во мрзеливите денови кога не сте расположени за шминкање, предимензионираните очила за сонце се вистинското решение за вас.
Чанти со мали до средни големини Одберете го омилениот модел на чанта и во него ставете ги само најпотребните нешта. Ќе изгледате шик!
Извор: Точка.мк]]>

Меморија + Блејзери со концертната верзија на „Дирлада“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/memorija-blejzeri-so-koncertnata-verzija-na-dirlada-video/ Fri, 22 Dec 2017 12:47:02 +0000 http://vistina.mk/?p=7526

Пред нешто повеќе од еден месец, на 18 ноември годинава, легендарната македонска попо-рок група „Меморија“ го одржа својот голем повратнички концерт во арената „Метрополис“, каде што илјадници љубители на нивните безвременски хитови во еден глас пееја со комплетната постава на бендот. Неколкучасовната забава беше збогатена и со настапи на специјалните гости и пријатели на „Меморија“, како што се: Пере од „Нокаут“, Мики Јовановски - Џафер, групата „Зијан“, Гранит Таќи од „Лева патика“ и неговата ќерка и колешка Леа.
Освен двата албума со најголемите хитови што беа објавени годинава, „Меморија“ в година ќе нè почести и со сосема  новв материјал од кој како вовед ќе ја слушнеме темата „За тебе“, чија премиера се очекува во февруари. За потсетување на сите оние што присуствуваа на концертот, но и за да видат што пропуштиле оние кои не успеале или не можеле да бидат таму, групата деновиве премиерно го претстави видеото од бисот и спектакуларната изведба на познатата „Дирлада“, во придружба на блех оркестарот „Блејзери“, што ја сумира целата атмосфера на незаборавниот настан, а како изгледаше сето тоа можете да видите подолу. ]]>