Блаже Миневски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Apr 2023 12:34:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Блаже Миневски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Матица македонска“ го објави романот посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче: „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски https://arhiva.vistina.com.mk/matitsa-makedonska-go-objavi-romanot-posveten-na-lubovta-na-gotse-delchev-i-janka-kanevche-ako-se-rodat-nekakvi-chuvstva-od-blazhe-minevski/ Wed, 12 Apr 2023 12:34:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298021

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче. Романот беше одбиен од Министерството за култура со образложение дека книгата „не е од национален интерес“. Ова најново дело на познатиот писател го отвора прашањето за тоа дали може да се биде среќен без чувства, трансформирајќи ја дилемата „да се биде или не“ во максимата „да се чувствува или да се умре“. Големата љубовна одисеја на Гоце  и Јанка почнала кога таа имала дваесет и две а тој дваесет и осум години, и траела речиси три години, до крајот на неговиот живот. Планирал да се ожени со неа веднаш по Илинденското востание, но не успеал да го преживее предавството. Неколку месеци пред убиството во Баница му оставил аманет на својот пријател Герџиков, ако тој загине, Јанка да се омажи за него, но само ако се родат некакви чувства. Дали се родиле такви чувства? Во својот осврт за романот д-р Марина Мијаковска подвлекува дека „Ако се родат некакви чувства“ е ремек-дело на македонската книжевност, фасцинантна метафикција со автентична структура и раскажувачка постапка: „Врз фонот на историските факти како предлошка, преку љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче, Миневски создава приказна во чиј центар се чувствата. Пајажината на нарацијата се плете меѓу фактографијата и фикцијата, колективното и индивуалното, историјата и стварноста, минатото и сегашноста. Пред нас е книга што секој човек со вистински чувства мора да ја прочита и да ја има во својата колекција на врвни дела.“ Според режисерот Бранко Ставрев, констатира дека романот „Ако се родат некакви чувства“ е  исклучително  книжевно дело родено во име на љубовта: Гоцевата, Јанкината, но и Џојсовата, Толстојевата, Пушкиновата, Балзаковата, Бајроновата, Есениновата, Гарибалдовата … чии  сенки  сноват  низ   лавиринтите  на  големиот  мајстор  на  зборот  Блаже  Миневски.“ Романот на  Блаже Миневски за љубовната одисеја на Гоце Делчев и неговата љубена Јанка Каневче од Охрид има значење на тектонски удар во историјата на  македонската проза. Тоа е дело за невозможната љубов во време кога „Македонија е спрострена како пациент на болничка маса“, пишува Јордан Плевнеш во својот есеј за романот. Претчувствувајќи го сопствениот крај, Гоце одлучува да му каже на својот најверен пријател Михаил Герџиков: Ако се родат некакви чувства, вие со Јанка изградете љубовно гнездо, бидејќи јас сум пред венчавање со Македонија во бескрајните предели на Подземната република. Евангелистот Јован Богослов вели дека Бог е Љубов и Македонија е Љубов, ако не биде прифатена како Љубов, Балканот никогаш нема да биде цивилизација. Приказната за љубовта на Гоце и Јанка, подвлекува Плевнеш, е астероид од типот „Амор“ со кој возвишената љубов ќе остане вечно во планетарниот систем и ќе потсетува на таа единствена и неповторлива одисеја. Во романот за првпат се објавуваат автентични сведоштва за тајните средби на Гоце и Јанка, за интимните моменти, за плановите што ги имале, за венчавката што ја замислувале, но и за траумите на Јанка од загубата на саканиот и за болеста што ја разјадува, за лузните што ги чувствува до крајот на животот распната меѓу она што го носи во срцето и она што го живее како судбина.]]>

Здружение на семејни винарници формирано во Тиквешко https://arhiva.vistina.com.mk/zdruzenie-na-semejni-vinarnici-formirano-vo-tikveshko/ Wed, 15 May 2019 18:55:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88110

Здружение на семејни винарници е формирано во Тиквешко. На основачкото собрание беа присутни триесетина претставници на фамилијарни винарници, а интерес има и кај други, најмалку десетина. Станува збор за мали винарски визби од Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман и Градско. За прв претседател е избран Горан Јаковлевски.
– Целта ни е развој на винарството. Сите ние сме производители на вино, ракија, маџун и други производи од грозје. Ќе соработуваме со други здруженија и локалните самоуправи, со стручни лица и надлежните институции при носење законски акти и слично. Заеднички ќе настапуваме при прекугранична соработка, организирање саеми и други традиционални настани како „Свети Трифун”, „Тиквешки гроздобер” и други, кои имаат за цел унапредување на винарството и туризмот. Заеднички ќе набавуваме репроматеријали и опрема, ќе го промовираме нашето производство, рече Јаковлевски за МИА.
Потпретседател е Блаже Миневски, секретар Гоце Попов, а благајник Александар Грков. Формирани се и управен и надзорен одбор.]]>