блаже конески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Apr 2023 12:47:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png блаже конески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 78 години од првата премиера на Македонскиот народен театар https://arhiva.vistina.com.mk/78-godini-od-prvata-premiera-na-makedonskiot-naroden-teatar/ Mon, 03 Apr 2023 12:47:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296421

На денешен ден, пред 78 години е прикажана првата целовечерна драмска претстава на сцената на Македонски народен театар (МНТ) формиран во 1945 година – „Платон Кречет“ од Александар Е. Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров и во превод на Блаже Конески.

Празник на македонскиот тетатар! „Во свечената тишина прозвучи првата реплика на артистката Вера Вучкова: ’Колку е блиску сонцето’. Македонскиот јазик ја доби битката и на тетарската сцена“ – забележано е во сеќавањата на Илија Милчин.
Првата критика уште во почетокот има нагласено дека „денот на првата премиера во Македонскиот народен театар, денот на раѓањето на нашиот тетатар е важен датум, голем настан во културната историја на македонскиот народ. Со оваа значајна културна манифестација ние, Македонците, како нација им задаваме на сите наши непријатели еден удар на културното поле… …И кога веќе зборуеме за убавиот успех, што при тие условиа и возможности го постигна нашиот народен тетатар, тоа тогај преди сè треба да оддадеме признание на огромните напори и љубов што нашите млади артисти ја вложија во својата работа. Само по таков начин, излегуејќи пред нас за прв пат со оваа драма, тие упеаја наполно да дадат доста добар тетатар.“
Информации за ансамблот на МНТ во првата претстава на неговата сцена: https://mnt.mk/pretstavi…/arhiva/platon-krechet-03-04-1945 Секогаш, сонцето нека биде блиску до македонската тетарска сцена.
]]>

„Банкрот блуз бенд“ се враќаат на сцената со обработка на темата „Починка“, компонирана на стихови на големиот Блаже Конески (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/bankrot-bluz-bend-se-vrakjaat-na-scenata-so-obrabotka-na-temata-pochinka-komponiana-na-stihovi-na-golemiot-blaze-koneski-audio/ Tue, 15 Mar 2022 14:21:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243208

После 30 години, легендарните - Банкрот блуз бенд ( Сашо Гигов - Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски - Харе) се собраа повторно, за да му оддадат почит на големиот Блаже Конески. Бендот направи обработка на неговата песна „Починка“, во нивен блуз стил. Новиот аранжман го потпишува Игор Атанасоски - Харе, а продукцијата е на Мите Димовски од  „Тра-ла-ла студио“. Да ја прославиме 100 годишнината од раѓањето на великанот Конески со убава македонска песна“ – порачува бендот, а публиката се радува на нивното враќање на сцената! Инаку песната за прв пат е изведена на „Скопскиот фестивал“ во далечната 1976 година, од легендарната словенечка џез пејачка Зденка Ковачичек. Автор на музиката на стиховите на големиот Конески, е познатиот македонски композитор Љупчо Константинов. Додека ја чекаме новата кавер блуз верзија на „Банкрот блуз бенд“, слушнете како звучи оригиналот од пред 46 години. ]]>

Марка со ликот на великанот Блаже Конески од денеска е во оптек во 6.000 примероци https://arhiva.vistina.com.mk/marka-so-likot-na-velikanot-blaze-koneski-od-deneska-e-vo-optek-vo-6-000-primeroci/ Mon, 05 Apr 2021 13:13:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197627

Марка со ликот на великанот Блаже Конески од денеска е во оптек во 6.000 примероци, со што Пошта се вклучи во одбележувањето на јубилејот – 100 години од неговото раѓање. Илустрирана е со портретот на Конески, дело на академик Димитар Кондовски. Во вредност од 72 денари може да се најде во Бирото за филателија во Пошта 2 во Скопје. Директорот на Пошта Јани Макрадули верува дека на секој наш сограѓанин, а особено на филателистите ќе им биде предизвик да ја вметнат марката во сопствената колекција.
За да ја прошириме во целиот свет да стане што повидлива сите да испратиме барем едно писмо, на некому што му недостига, некому што го чувствуваме близок и да ја ставиме поштенската марка со ликот на Конески, особено во ова тешко време, кога корона-пандемијата физички не одделува едни од други, порача Макрадули.
Претседателот Стево Пендаровски на промоцијата порача дека негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик не е само долг кон делото на академикот Конески, туку и долг кон самите себеси, долг кон сите наши предци, долг кон идните генерации.
Заштитата и негувањето на македонскиот јазик е исто така и обврска не само кон оние чиј мајчин јазик е македонскиот, туку и кон сите оние кои го употребуваат како официјален во независна и самостојна Македонија, но и кон сите лингвисти, слависти и македонисти кои го проучувале и изучувале, кон сите преведувачи кои преведувале и преведуваат од или на македонски. На крајот на краиштата тоа е долг кон науката, кон вистината и кон правдата. Затоа во годината Конески, но и во секоја следна како општество, но и како поединци, обични граѓани или претставници на институции да работиме сплотено и одговорно во афирмација и промоција на неговото дело, рече Пендаровски,
На промоцијата присуствуваа и министерката за култура Ирена Стефоска и универзитетскиот професор и претседател на Советот за македонски јазик Људмил Спасов. Промоцијата е дел од програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на  Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура, а во соработка со Министерството за образование и наука. Стогодишнината од раѓањето на Конески е запишана и во календарот на значајни јубилеи подржани од УНЕСКО.]]>

Јазикот е нашата татковина – поетско читање во чест на Блаже Конески https://arhiva.vistina.com.mk/jazikot-e-nashata-tatkovina-poetsko-chitanje-vo-chest-na-blaze-koneski/ Mon, 16 Dec 2019 12:04:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124201

Во Друштвото на писатели на Македонија во петок со почеток од 19 часот ќе се одржи поетско читање на кое поети од различни генерации ќе ја искажат својата почит кон ликот и делото на Блаже Конески. Тие ќе прочитаат по една песна од Конески по свој избор и една сопствена песна. Од ДПМ информираат дека ќе настапат: Зоран Анчевски, Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Кристина Николовска, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В. Спасовска, Снежана Стојчевска, а со писмо ќе се вклучи и Лидија Димковска. Настанот ќе го модерира Александра Јуруковска.]]>