Blank Page – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 22 Jul 2023 07:29:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Blank Page – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Пешевски ви ја нуди својата „празна страница“ полна со емотивни спомени во албумот – „Blank Page“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-peshevski-vi-ja-nudi-svojata-prazna-stranitsa-polna-so-emotivni-spomeni-vo-albumot-blank-page-audio/ Fri, 21 Jul 2023 05:53:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311128

Александар Пешевски на оние кои ја следат македонската музичка сцена, особено онаа т.н. алтернативна им е веќе добро познато име. Кантавтор кој со своите необични изведби го нуди своето размислување преточено во еден поинаков уметнички израз, многу поблизок на некои музички имиња од светската сцена. За ова говорат и неговите настапи на бројни фестивали, сопствените концертни настапи, кафе или клубски свирки, разни манифестации, радио емисии како што се свирките на: „Д фестивал“, „Фрик фестивал“, „Бош фестивал“, концерт во Кула, концерт во кафе Ли, настап на „Скопско лето“, „Скопје прави музика“, „Бела ноќ“, настапите  на Македонско радио и Канал 103... Неодамна тој го издаде својот дебитантски албум со осум нумери насловен „Blank Page“  чии песни можат да се најдат на музичките платформи како „Ѕpotify“ или Јутјуб каналот. Она што оваа своевидна музичка разгледница го нуди е акустична музика преточена во лирика, отпеана на англиски јазик. Занимавајќи се со теми на сопственото осознавање и односите меѓу половите, до животот на обичниот човек на маргините на опшетството, Пешевски во манирот на големите светски изведувачи ни го доловува моментите од животот. Мелодичниот, длабок, драматичен вокал и звукот на акустиката го прави ова парче музика и слушливо за опуштено уживање, при тоа доловувајќи ни атмосфера  која ќе не натера да размислиме за многу нешта од сопственото битисување. Вокално во распон од драматиката на еден Ник Кејв, па се' до лириката на еден Леонард Коен, „Blank Page“ е музичко оставрување кое не би требале да пропуштите да го преслушате. Веруваме дека потоа повторно ќе му се навраќате, дури и по неколку пати, зашто во морето од кичерај, селанштина и комерцијала, вистинските  вредности денес се реткост. Инаку покрај Александар Пешевски, кој е вокал и свири  гитара, на ова музичко остварување изведбата и припаднала на една вистинска мала „ол-стар“ музичка екипа. Кирил Бабамов: гитара, Ратко Даутовски: перкусии, Мартин Јосифовски: бас, контрабас Симе Златков: Сакс, Паскал Краповски: виолончело, Весна Малинова: Бек вокал. Сиот материјал е снимен, миксан и мастеризиранво студиото „Sound Clinic“ од страна на Нино Спиркоски, додека фотографијата е на Златко Пармаковски. Музиката и стиховите се на самиот кантавтор, кој заедно со помош на Кирил Бабамов ги направил и аранжманите. Како инсерт од ова негово дебитантско оставрување ви ја нудиме наслованата нумера „Blank Page“ , додека комплетниот материјал можете да го најдете ако кликнете ТУКА. ]]>