Благоја Георгиевски – Буштур – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 31 Oct 2022 13:32:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Благоја Георгиевски – Буштур – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промовиран документарниот филм „Среќна 13-ка“ за Благоја Георгиевски – Буштур https://arhiva.vistina.com.mk/promoviran-dokumentarniot-film-srekjna-13-ka-za-blagoja-georgievski-bushtur/ Mon, 31 Oct 2022 13:32:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273622

Во хотелот „Парк“ во Скопје, и првиот канал на МРТ викендов беше промовиран документарниот филм посветен на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски Буштур. – Некои можеби не знаат, но вечерва ќе се потсетат на тие времиња од седумдесеттите кога Благоја Георгиевски-Буштур беше прво име на македонската кошарка. Кога играше на Европски првенства, на Олимпијади, освојуваше медали на Балканијадите, на Медитеранските Игри. Ова е вечер и за носталгија, меѓутоа оваа е и вечер за сите нас, да се потсетиме или пак да научиме нешто. А нашето мото беше ‘Македонија не ги заборава и не смее да ги заборави своите херои’. Во овие времиња во кои што живееме, ако ние од Македонската радио телевизија ја добиеме поддршката и го оцените филмот како добар, ќе продолжиме да ги истакнуваме нашите херои. Пред се, за да дадеме можност нашата младина да се сеќава каков беше нивниот придонес за Македонија. Со надеж, сите ние да изградиме едно поубаво и посреќно општество за сите, порача Тони Стојановски, по чие сценарио е склопена „Среќна 13-ка“, а режирана од Тони, Ристовски. На промоцијата беа присутни членови на семејството, голем број пријатели и своевремено соработници на Георгиевски. Помеѓу нив и Лазар Лечиќ, неговиот кошаркарски „татко“, потоа Александар Књазев, Драган Радосављевиќ, Јорданчо Давитков, Борче Серафимовски, Ѓокица Лукаревски. Во филмот за Буштур говорат и великани на светската и југословенската кошарка како Иво Данеу, Никола Плеќаш, Зоран „Мока“ Славниќ, Жељко Јерков, Дамир Шолман, Среќко Јариќ, Дуци Дамјановиќ, Мирко Новосел и Светислав Пешиќ, но и нашите кошаркарски величини, браќата Јанко и Митко Луковски, Стерија Андоновски, Ѓорчевски, Кацарски, секако и Васил Тупурковски, човекот без кој дури и Буштур тешко функционираше, а некогаш беше и во улога на прв човек на кошарката во СФРЈ.]]>

Пред да загине, Буштур бил на вечера со Ален Исламовиќ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pred-da-zagine-bushtur-bil-na-vechera-so-alen-islamovikj-foto/ Thu, 30 Jan 2020 09:13:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131795

Македонската кошаркарка легенда, Благоја Георгиевски – „Буштур“ пред тешката сообраќајка во која го загуби животот, бил на вечера на која присуствувал и легендарниот босански пејач на „Бјело Дугме“ и „Дивље Јагоде“,  Ален Исламовиќ. „Утринава во сообраќајна несреќа во Скопје загина легендарниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур. Минатата вечер се дружевме на заедничката вечера. Нека му е вечна слава и големо и искрено сочувство на неговото семејство, пријателите и љубителите на македонската кошарка. Вечно ќе бидеш во нашите срца Благоја“ - напиша пејачот на својот Фејсбук профил. ]]>

Во сообраќајна несреќа загина Благоја Георгиевски – „Буштур“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-soobrakjajna-nesrekja-zagina-blagoja-georgievski-bushtur-video/ Thu, 30 Jan 2020 09:01:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131786

Легендарниот македонски кошаркар, тренер и спортски функционер, Благоја Георгиевски – Буштур изминатата ноќ трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Официјални детали како дошло до несреќата засега нема, но со оглед на тоа како изгледа возилото станувало збор за прилично силен удар во бетонскиот столб. ]]>