благој нацоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Aug 2023 12:38:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png благој нацоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Извонреден концерт со Благој Нацоски во Сан Квирино ди Порденоне https://arhiva.vistina.com.mk/izvonreden-kontsert-so-blagoj-natsoski-vo-san-kvirino-di-pordenone/ Tue, 15 Aug 2023 12:38:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313831

Македонскиот и меѓународно афирмиран тенор Благој Нацоски по негова иницијатива, а во чест на 30 годишнината од дипломатските односи помеѓу Северна Македонија и Италија, во саботата одржа концерт во Сан Квирино ди Порденоне. На концертот наречен „Ноти како мостови” настапија и сопранот Паола Кампоново, во пијано придружба на Алфредо Блесано, инаку и двајцата Италијанци. Публиката имаше можност да го чуе македонскиот јазик преку стиховите на Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, односно музиката на Тодор Скаловски, Благој Цанев, Трајко Прокопиев, Дарија Андовска, Дино Имери и Андреј Наунов, како и Свитата Македонија создадена од Алесандро Д’Агостини. Магазинот за култура Ла Платеа, денеска објави рецензија од концертот, за кој наведува дека понудил исклучително префинета програма, во која беа изведени бројни камерни арии компонирани од македонски музичари, придружени со италијански дела и дуети. Алфредо Блесано, мошне талентиран пијанист, вешто ја придружуваше Кампоново со која победи на натпреварот „Респиги“ во 2016 година и, се додава, тенорот Благој Нацоски, вистинската ѕвезда на вечерта. -Тенорот, многу активен на националната и меѓународната сцена, покажа уште еднаш глас со многу цврст центар, полн со бои и нијанси, сигурни високи тонови, многу долг воздух и моќен волумен, но пред се‘ покажа дека е чувствителен и префинет интерпретатор, способен да ги измеша со интензитет сензациите опишани во стиховите што ги отпеа, никогаш повнимателен кон музичката изведба, но сепак одлична, отколку кон интерпретативната. Уметник во служба на уметноста. Редок дар во време на претерана самореференцијалност и во кое приоритетите премногу често се губат. Во Сан Квирино, се наведува во рецензијата, беше предложена сложена програма, секако префинета, главно современа. Интересен експеримент: предлагање нешто непознато, или речиси непознато, во нов контекст, на необична публика. Во текстот се наведува дека вечерта започнала со дело од Тодор Скалоски од 1967 година: „Молитва“, која Нацоски, истовремено автор на италијанскиот превод поделен на публиката со цел за да и овозможи подобро да го сфати значењето на делата, ја толкува со голема вклученост. Гласот сјае со темната боја која одекнува жалење и меланхолија, но и со долгите фрази на еден воздух, кои како да го оставаат последниот призив на ветрот: „Исцели ме, земјо, од темниот немир и тага“. Програмата ја сочинуваа и партитурата „Цветови“, дело на Благој Цанев, од 1976 година, „Галебе мој“, дело со силно драматично влијание, компонирана од Трајко Прокопиев во 1964 година, „Река“ напишана во 2021 година, од младиот композитор Андреј Наунов, потоа делото „Сон“ на Дино Имери, млад и брилијантен композитор и „Песни од татковината“ од Дарија Андовска, типично македонска атмосфера изградена во седум октави. Затворањето е доверено на парче од Алесандро Д’Агостини: „Свита Македонија“, напишано, вели македонскиот тенор, по повод концертот што го одржале заедно, за да се обидат да ја разведрат меланхоличната и мрачна атмосфера на многу од предложените дела во таа прилика. -Всушност, составена од четири цитати од популарни песни, оваа прекрасна музичка екскурзија им овозможува на двајцата пејачи да ја затворат вечерта на пиротехнички начин, пеејќи со живи ритми, одлични вокални екскурзии, наизменично, дуетирајќи и предизвикувајќи искрен ентузијазам кај публиката, која добива и подеднакво радосен бис…, заклулува италијанскиот магазин. Инаку, ова е втор концерт годинава на Нацоски во Италија од ваков тип, со атрактивна македонска програма. извор:курир.мк]]>

Тенорот Благој Нацоски и пијанистот Лука Чамаруги солисти на концертот на Македонска филхармонија насловен „Сафи“ https://arhiva.vistina.com.mk/tenorot-blagoj-nacoski-i-pijanistot-luka-chamarugi-solisti-na-koncertot-na-makedonska-filharmonija-nasloven-safi/ Thu, 15 Dec 2022 09:11:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280292

Овој четврток, 15 декември 2022 год. со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе се одржи концертот насловен „Сафи” на кој како солисти ќе настапат нашиот тенор со интернационална кариера Благој Нацоски и пијанистот Лука Чамаруги од Италија. Диригент е Виктор Митревски, а на програмата се увертирата од операта “Така прават сите” и Концертот за пијано и оркестар бр. 18 од Волфганг Амадеус Моцарт, Соло песни за тенор и оркестар од Франц Шуберт и и песни од циклусот „Волшебната хорна на момчето” од Густав Малер. Комичната опера „Така прават сите” од Вофганг Амадеус Моцарт првпат била изведена на 26 февруари 1790 година во „Бургтеатар” во Виена. Либретото е на Лоренцо да Понте кој ја напишал приказната и за оперите „Свадбата на Фигаро” и „Дон Џовани”. Делот во насловот „сите” се однесува на жените и најчесто во англискиот превод на оваа опера е „Жените се такви”.]]>

Нашите бисери по светот: „Што ми е мило и драго“ – онлајн, испеана од тројца братучеди, музички уметници во три различни земји (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nashite-biseri-po-svetot-shto-mi-e-milo-i-drago-onlajn-ispeana-od-trojca-bratuchedi-muzichki-umetnici-vo-tri-razlichni-zemji-video/ Wed, 22 Apr 2020 13:21:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146074

Оперскиот пејач Благој Нацоски кој со години живее и работи во Италија, заедно со своите братучеди диригенти, ја испеаја старата македонска песна „Што ми е мило и драго“. Иако и тројцата се наоѓаат во три различни држави. Еве како звучи триото македонски, а светски  музички уметници од Џенова, Италија, Овиедо, Шпанија и Виена, Австрија. ]]>

Митевски, Дац и Благој Нацоски со порака на солидарност и љубов во новата македонско-италијанска верзија на – „Уште ми фалиш / Mi manchi ancora“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-dac-i-blagoj-nacoski-so-poraka-na-solidarnost-i-ljubov-vo-novata-makedonsko-italijanska-verzija-na-ushte-mi-falish-mi-manchi-ancora-video/ Mon, 13 Apr 2020 12:48:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144720

Александар Митевски и Драган Спасов -Дац, музичко актерското дуо кое ја воскресна и продолжи нишката на современи шансони, срцепарателни балади кои со тек на времето како по некое непишано правило стануваат евергрини, на својата макфестовска тема „Уште ми фалиш“ и деновиве и дадоа нова димензија. Поттикнати од корона пандемијата која го погоди целиот свет, но во Европа најмногу Шпанија и Италија, двајцата уметници решија истата песна да ја надополнат со уште еден вокал. Овој пат оперскиот глас на нашиот со нашиот еминентен тенор Благој Нацоски кој живее и работи во Џенова, Италија. Тројцата одново заедно ја отпеаја  „Уште ми фалиш“ на македонски и италијански како порака на солидарност и љубов во овие тешки времиња низ кои минува светот, па и македонскиот и италијанскиот народ, претворајќи ја песната во безвременска, песна за сите генерации. Како звучи сега, вака отпеана песната чии стихови се своевидна ретропективна на животот и  младоста, на сите остварени и неостварени љубови, желби, мечти, младешки сништа… без оглед кои сме и што сме, колку сме познати или успешни, исполнети и реализирани личности, на кои животот и премрежјата што ги носи времето во вака тешки мигови, подеднакво ни се закануваат на сите. Слушнете и погледнете ја новата македонско-италијанска верзија на „Уште ми фалиш“ или „Mi manchi ancora“... https://www.youtube.com/watch?v=UcZwcOsXCmA&fbclid=IwAR3YjDM8TIL_HN4BlAIxcH0UUZUYLZkV_cnrynCB28_7TPnQaEVOKq9iSLI&app=desktop  ]]>

Омаж на Руџеро Леонкавало со македонскиот тенор Благој Нацоски https://arhiva.vistina.com.mk/omaz-na-rudzero-leonkavalo-so-makedonskiot-tenor-blagoj-nacoski/ Wed, 25 Sep 2019 13:15:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109030

По повод 100-годишнината од смртта на италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, на 28 септември со почеток во 20 часот, Амбасадата на Италија во Скопје организира концерт со македонскиот светски познат тенор Благој Нацоски и Дино Имери на пијано. Гкако гостин на концертот че настапи хелена Суѓа - сопран. Концертот ќе се одржи  во Камерната сала на Македонската филхармонија. Влезот е слободен.]]>

Шокиран: Македонскиот пејач го послужи среќата тој ден да не помине низ мостот во Џенова! https://arhiva.vistina.com.mk/shokiran-makedonskiot-pejach-go-posluzi-srekjata-toj-den-da-ne-pomine-niz-mostot-vo-dzenova/ Thu, 16 Aug 2018 08:08:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=43257

Деновиве голема трагедија се случи во Италија кога се сруши мост во близина на градот  Џенова. Новинската агенција АНСА информира дека најмалку 11 луѓе се загинати и еден преживеан е извлечен од урнатините. Во извештајот се вели дека најмалку 10 автомобили биле на делот од мостот кој се урна. Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски кој живее во Џенова истакна дека тој требало да помине низ мостот кој се срушил.
Ви благодарам на сите за пораките... јас сум добро, дома сум шокиран... имам пројдено на тој мост илјадници пати а и денеска требаше да поминам на истиот, напиша Благој на својот Фејсбук профил.
Како причина за урнивање на мостот се наведува застарената инфраструктура. фото: Фејсбук]]>