благо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Jun 2023 12:12:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png благо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Смути со јагоди и чиа семе: Да, навистина може да јадете благо за доручек! https://arhiva.vistina.com.mk/smuti-so-jagodi-i-chia-seme-da-navistina-mozhe-da-jadete-blago-za-doruchek/ Mon, 19 Jun 2023 12:12:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306824

Јагоди, нема кој не ги сака! Тие се вкусни, убави се за гледање, здрави, па дури и ги избелуваат забите. Во потоплите денови, смути од јагоди ќе биде особено убаво, па само почнете да барате рецепти. Ние ви носиме еден за смути со јагоди и чиа семе. Тоа е како да јадете благо, само без вишок шеќер и калории. Совршено е да го започнете денот или како ужина. Состојки: чаша јагоди 1 лажица чиа семе половина чаша јогурт со ванила 1 лажичка мед или јаворов сируп 2 супени лажици семки од пченица 1 цела јагода вода по потреба Подготовка: Измешајте чаша јагоди, јогурт, мед или јаворов сируп и пченица во блендер. Ако е премногу густо додадете малку вода. Потоа измешајте две лажици чиа семе во смутито и оставете да отстои најмалку 10 минути за да набабруваат семките. На крајот ставете една цела јагода на работ од чашата, а на врвот од смутито можете да додадете и половина лажичка чиа семе. Извор: Курир.мк]]>

Дали имате потреба од слатки и пецива? Ова е она што телото се обидува да ви го каже https://arhiva.vistina.com.mk/dali-imate-potreba-od-slatki-i-petsiva-ova-e-ona-shto-teloto-se-obiduva-da-vi-go-kazhe/ Mon, 24 Apr 2023 11:59:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299126

Испраќа сигнали Желбата за храна полна со јаглехидрати и масти како печива, пица и слатки може да биде знак дека ви недостасуваат протеини. Ова го тврдат научниците од Универзитетот во Сиднеј, чие истражување покажало дека луѓето чија исхрана содржи доволно протеини се помалку склони да се прејадуваат со високо преработена храна отколку оние на кои им недостасуваат протеини. Авторите на истражувањето ги опишуваат протеините како основен градежен материјал на организмот, кои, меѓу другото, му се потребни за создавање енергија. Во случај на недостаток на протеини, може да се појави желба за брза храна за да се задоволат енергетските потреби, но со таквите непожелни извори на енергија само го продлабочуваме проблемот. Телото најдобро се снабдува со протеини преку урамнотежена исхрана со разновидна и целосна природна храна. Меѓу најголемите извори на протеини се месото, јајцата, млекото и млечните производи, но и бројни растителни намирници: мешунките (особено гравот, леќата и наутот), овесот, киноата, брокулата, јаткастите плодови. Извор: Курир.мк]]>

Совети за диети без воздржување од благо https://arhiva.vistina.com.mk/soveti-za-dieti-bez-vozdrzuvanje-od-blago/ Thu, 02 Jun 2022 12:11:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252903

Многу строги диети наметнуваат ограничување за јадење слатки, но некои стручњаци сметаат дека тоа не е вистинскиот пристап и дека доведува до лоши ефекти. Затоа, ако човекот има желба да касне нешто слатко, треба да ѝ се препушти на таа потреба. Следат неколку здрави можности кои нутриционистите ги препорачуваат… Десерти во контролирани порции Само затоа што се обидувате да изгубите тежина не значи дека треба да престанете да јадете десерт. – Наместо тоа, претпазливоста со големината на порцијата може да направи чуда. Десертите во контролирани порции се добар избор за оние кои сакаат да ја контролираат својата тежина, изјави нутриционистката Лорен Манакер. Зелен чај со десертот – Зелениот чај содржи кофеин и соединение наречено ЕГЦГ, за коешто е докажано дека поддржува губење на тежината, вели Манакер. Потпрете се на природната сладост на овошјето – Јадењето овошје може да помогне да ја задоволите вашата желба за благо, а со тоа и да му ги дадете на вашето тело потребните влакна кои можат да помогнат да се контролира апетитот и да се постигне ситост, истакна Манакер. Дозволете си каков било десерт Понекогаш, премногу ограничувања може да предизвикаат контра-ефект. Според стручњаците, кога човек ќе се ограничи во исхраната и не си дозволува да ужива во храната што ја сака, желбата само ќе се зголеми и ќе продолжи да се зголемува… Во еден миг, голема е веројатноста дека тој / таа ќе изеде повеќе од вообичаено – како контраефект. извор:сител.ком.мк]]>

Вечна дилема: Дали да се откажеме од леб или од благо? https://arhiva.vistina.com.mk/vechna-dilema-dali-da-se-otkazeme-od-leb-ili-od-blago/ Wed, 21 Aug 2019 13:30:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103268

Едно од најчестите прашања на кое нутриционистите и професионалците за диета треба да одговорат е: дали треба да се откажеме од леб и (или) десерт за време на вечерата ако сакаме да изгубиме тежина. За среќа на сите нас кои сакаме благо, одговорот е – секогаш е подобро да се избере десерт! Иако, на прв поглед, десертот се чини дека е полош избор од лебот затоа што содржи шеќер, а со тоа и многу калории, експертите сепак гласаат за – благо! Имено, повеќето луѓе сметаат дека оброкот не е завршен без десерт на крајот. Затоа, ако одлучат да го прескокнат десертот и да изберат леб, веројатно е дека малку по паузата после вечерата, тие ќе одат во потрага по ’нешто слатко’ и ќе изедат повеќе благо отколку што планирале. Значи, излегува дека тие не се откажуваат од – ништо! И на крај, со оглед дека сè уште сакате да ги изгубите вишокот килограми (во спротивно не би требало да се откажувате од нешто, нели?) сепак изберете овошна торта или темно чоколадо – наместо кремаста торта. извор:попара.мк]]>

Победете ја желбата за благо https://arhiva.vistina.com.mk/pobedete-ja-zelbata-za-blago/ Fri, 08 Feb 2019 12:15:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=71842

Сигурно знаете какво е чувството кога премногу ви се јаде нешто благо и имате чувство дека шеќерот едноставно ви е потребен. Пред да го разберете тоа, веќе сте изеле неколку колачи … Се случува. Но, постои трик како да ги победите тие моменти на слабост, односно да не дојде до нив воопшто. Нутриционистот Вил Кол објаснува дека изненадната желба за благо ја предизвикува храната, која не не одржува сити доволно долго. “Шеќерот брзо ни дава енергија, но таа енергија брзо исчезнува.” Здравите масти, од друга страна, поспоро се разложуваат и поради тоа подолго не одржуваат сити. ” Кога ќе погледнете од биолошка гледна точка, најодржливиот избор на енергија за телото се здравите масти, “вели Кол. Со други зборови, ако за појадок јадете тост од житарици и салата, што е здраво, многу брзо ќе огладните повторно, освен ако не додадете малку здрави масти. Со додавање на здрави масти на јадењето ќе ја избегнете зголемената желба за благо. Покрај тоа што внесувањето на шеќер има краткорочни негативни последици, во смисла дека таа енергија повторно ќе се потроши, премногу шеќер води до дебелеење, дијабетес, срцеви болести, канцер … Во секој случај, за да го спречите овој круг, овие 7 намирници ќе ве спречат да добиете “напади” на желба за благо.
  1. Половина авокадо
Спречете ја потенцијалната желба за благо, така што малку по ручекот ќе изедете половина авокадо, богато со здрави масти. Може да го збогатите вкусот на овој плод со тоа што ќе посолите малку сол одозгора и ќе исцедите малку лимон.
  1. Ферментирани производи
Може да ви звучи чудно, но ферментираната храна, како кефир или комбуха, се одличен начин да се спречи желбата за благо. Вкусот на овие напивки на сетилото за вкус делува слично како и шеќерот, а пробиотиците и пребиотиците што ги содржат ќе ја спречатжелбата за благо, покажа истражувањето.
  1. Путер од бадеми
Ако сакате малку сладок вкус, на парче тост (гледајте да биде од житарици, без шеќер),намачкајте малку путер од бадеми и изедете го по ручекот. Содржи здрави масти и протеини, па ќе се чувствувате сити.
  1. Неколку коцки црно чоколадо
Да ги задоволите своите желби за благо, а да не внесете премногу шеќер, изедете неколку коцки темно чоколадо. Најдобро е да барате чоколада која содржи 70 или повеќе проценти какао.
  1. Цимет
Станува збор за зачинот кој има сладок вкус, така што ќе можете да внесете нешто благо, а вашиот шеќер во крвта нема да скокне брзо. Додадете малку цимета во овесната каша или посипете го врз путерот од бадеми, а можете да додадете и во утринското кафе.
  1. Овошен чај
Верувале или не, но може да се случи понекогаш, кога ќе ви се јаде нешто благо, навистина да сте само жедни. Често ја мешате жедта со чувството на глад, па ако баш ви се јаде нешто благо, сипете си чаша овошен чај. Овие чаеви се природно благи, ќе ве хидрираат и ќе спречат да добиете “напад” на желбата за благо. извор:попара.мк]]>

„Грешна сум“: Викторија Лоба откри која и е „ најслатката мака“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/greshna-sum-viktorija-loba-otkri-koja-i-e-najslatkata-maka-foto/ Sun, 22 Jul 2018 09:16:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=39320

Кога станува збор за физичкиот изглед и витката линија жените најчесто се соочуваме со проблемот со вишокот на килограми и постојано „не мачи“ некој килограм плус. Многумине не можат да одолеат на благото и слатките колачи кои токму придонесуваат за плус килограми. Македонската пејачка Викторија Лоба,  може да се пофали со витка линија и згодно тело кое редовно го одржува. Лоба деновиве посети еден македонски бар, па го прекрши дневното мени и јадеше десерт. Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија, а во описот напиша „Грешна сум, признавам“ во смисла дека „згрешила“ што јаде нешто калорично. Како и да е, Лоба има одлична линија, па еден десерт нема да го наруши нејзиното витко и убаво тело.
фото:инстаграм/принтскрин]]>

Дали детето може да добие дијабетес од јадење многу благо? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-deteto-moze-da-dobie-dijabetes-od-jadenje-mnogu-blago/ Mon, 29 Jan 2018 09:30:33 +0000 http://vistina.mk/?p=11060

Постојат два типа дијабетес - тип 1 и тип 2. Првиот најчесто се јавува кај децата, тинејџерите и младите, додека тип 2 е поврзан со дебелината. Почесто се појавува подоцна во животот, но во последно време сè повеќе има заболени и на помлада возраст. Кога жената ќе остане трудна, сè и поминува низ главата - што е добро за моето дете, а што не е? Така, се наметнува прашањето: дали моето дете може да добие дијабетес од премногу благо? Ако мајката јаде поголема количина благо во текот на бременоста, таа ќе се здебели и може да развие гестациски (труднички) дијабетес. Како последица на тоа, детето може да се роди преголемо и претешко, а може да има и други, понекогаш потешки развојни нарушувања, но не и дијабетес. Секоја година се појавуваат сè повеќе заболени. Некои родители многу се грижат дали нивните деца ќе добијат дијабетес бидејќи премногу јадат благо. Дијабетес тип 1 е автоимуно заболување во кое антителата, кои се создаваат во организмот на болниот човек, ги уништуваат клетките на панкреасот што се одговорни за секреција на инсулин - а инсулинот е од суштинско значење за одржување нормална концентрација на гликоза во крвта. Големите количини благо што ги јадат децата немаат важно влијание врз развивањето на дијабетес тип 1. Станува збор за автоимун процес што резултира со постепено пропаѓање на клетките што произведуваат инсулин. Големите количини шеќер не се здрави и можат да доведат до хипергликемија (зголемено ниво на шеќер во крвта), зголемување на нивото на шеќер во урината, често мокрење, жед и намалување на телесната тежина и покрај тоа што детето консумира голема количина храна. Големата количина калории со мала физичка активност доведува до инсулинска резистенција (поради изобилството на масните клетки што послабо реагираат на инсулин, а се потребни поголеми количини инсулин за одржување на нормалната концентрација на шеќер) и развивање на дијабетес тип 2. Дијабетес тип 2 на почеток може да се регулира со здрава исхрана и апчиња, но ако пациентот не ги изгуби вишокот килограми, а тоа им успева на мал дел од нив, со текот на времето најчесто мора да се воведе терапија со инсулин. извор:факултети.мк]]>