благица павловска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Sep 2023 10:24:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png благица павловска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Благица Павловска лани и даде благослов со песна на помладата колешка, па пејачката „ја фати мајата“ и сега Лени Партикова се омажи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/blagitsa-pavlovska-lani-i-dade-blagoslov-so-pesna-na-pomladata-koleshka-pa-pejachkata-ja-fati-majata-i-sega-leni-partikova-se-omazhi-video/ Mon, 04 Sep 2023 08:27:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316501

Македонската пејачка Лени Партикова и  нејзиниот сега веќе животен сопатник Жарко Ѓоргески го кажаа судбоносното ‘‘да‘‘.  Убавата вест ја обзнани невестата на нејзиниот Фејсбук профил, каде објави и неколку  свадбени фотографии. „Љубовта не мора да биде совршена, таа само треба да биде вистинска и лојална  Кога двајца луѓе се наменети еден за друг, ниту едно време не е предолго, ниту едно растојание не е предалеку и никој никогаш не може да ги распарчи.  Ја крунисавме нашата љубов за навек“ -  споделила невестата. Лени Партикова која неколку години е дел и од хорот на „Македонската опера и балет“ за најубавиот ден во својот живот одбрала класична бела венчаница, додека зетот, кој инаку е кореограф во КУД „Бранко Чајка“, на себе носел класичен костум со бела кошула и виолетова вратоврска. Интересно е дека Лени кон крајот на минатата година при промоцијата на песните за својот нов албум, гостуваше заедно со колешката Благица Павловска во една ТВ емисија на ИН ТВ, при што повозрасната фолкерка откри една тајна. Имено, таа на Лени Партикова ќе и подари една своја стара песна, со благослов дека и ја дава за „да ја фати мајата“ и помладата пејачка наскоро да се омажи. При тоа без да знае дека таа е во врска и тоа полека го планира со својот, сега веќе актуелен сопруг, кореграфот Жарко. Благословот како што велат старите, стигнал „од нејзина уста во Божји уши“ и Лени Партикова летово стана невеста, менувајќи го својот статус од госпоѓица во госпоѓа. Дали  помладата пејачка колешката Благица веќе ја почестила за тоа што и ја благослови животната судбина, или  тоа допрва ќе се случи, останува невестата да раскаже во првата следна прилика. Како сето тоа изгледаше, како звучи приказната за предвидувањата и благословот на Благица Павловска за Лени Партикова, погледнете во видеото подолу, во разговорот  со двете фолкерки кој е околу 50:00 минута во емисијата. Фото: Фејсбук/Leni Partikova]]>

„На Велигден“ не е само Џокси: Некои наши пејачи ја преработија неговата легендарна тема, а кај други големиот христијански празник е вткаен во нивните песни (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-veligden-ne-e-samo-dzoksi-nekoi-nashi-pejachi-ja-prerabotija-negovata-legendarna-tema-a-kaj-drugi-golemiot-hristijanski-praznik-e-vtkaen-vo-nivnite-pesni-video/ Mon, 17 Apr 2023 07:45:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247393

Кога е еден од најголемите христијански празници во прашање, секогаш во пресрет на Велигден  покрај се друго, на памет ни паѓа и песната... И тоа онаа, најпознатата, легендарната која тогаш радијата најчесто ја вртат... „На Велигден“, напишана и испеана од македонскиот кантавтор  Ѓорѓе Васиќ, алиас Џина Папас Џокси како што го познава јавноста по негвиот уметнички прекар. Но, со текот на годините „На Велигден“ испадна дека не е само синоним за Џокси... Прв кој го преработи неговиот евергрин беше тогаш младиот Ламбе Алабакоски, излезен од музичката работилница на Дарко Димитров и М2 продукцијата и нивното македонско музичко талент шоу - „Портага по ѕвезди“. Младиот пејач иако во свој стил, сепак речиси идентично ја донесе преработката на „велигденската поп химна“. По него уште една македонска пејачка во 2017 година влета во обид да ја долови и на себесвојствен начин да ја донесе „празничната песна“. Песната  доби своја женска верзија кога во студиото „Ентерпрајз“ на Валентино Скендеровски ја испеа пејачката Пепа Димитрова, а аранжманот го направи Дамир Имери. Нејзината интерпретација во смут џез варијанта со етно елементи сосема поинаква, а сепак препознатлива на оригиналот. Самиот Џокси на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ во 2020 година во живо заедно со членовите на хорот на АКУД „Мирче Ацев“ донесе уште една малку поразлична верзија на сопственото „животно остварување“. За време корона пандемијата, додека траеа деновите на карантинот, Џокси одново зедно со голема група од 60 помалку или повеќе познати охридски музичари, пејачи и аматери наречена „Охрид биг карантин бенд“ ќе донесе сосема нова, поинаква, необична „онлајн“ верзија на големиот хит. Конечно, „На велигден“ не е само Џокси... Покрај оние наши пејачи кои ја  преработија неговата легендарна тема и кај некои други македонски поп и фолк ѕвезди големиот христијански празник се споменува и во нивните песни! Така на пример во прекрасната „Километри“ на Влатко Лозаноски од 2018-тата, стихот кој е поврзан со големиот христијански празник гласи: „Ми фали за Велигден јас да си дојдам, ми фали да сум дома...“! Македонскиот фолк пејач Ѓоко Јовиќ пак, исто така има песна во чиј наслов е вткаено името на големиот христијански празник - „За Велигден“. Излезена во 2019 година, иако во неа се споменува големиот христијански празник и несомноно дека истата токму тогаш и е најмногу во фокусот и ја достигнува кулминацијата на својата популарност, сепак македонскиот фолкер неа ја правел наменски, зашто пред се’ се работи за печалбарска песна која во себе ја крие патината на македонскиот печалбар, неговиот живот во туѓина и тагата по родниот крај. Уште една позната македонска фолк пејачка, Елена Георгиева исто така има своја наменска песна за празникот што го слави Христовото воскресение и победата на животот над смртта. Нејзината тема е насловена „Молитва за Велигден“. И македонската фолк легенда Благица Павловска исто така има испеано велигденска песна и тоа заедно со познатиот музичар Цане Петров („Биоритам“), која исто така е наменска, празнична и носи наслов: „Хрисистос воскресна“ . На тема „Велигден“ песни посветени на еден од најголемите христијански празници има уште... Но за нив, задравје Боже догодина, во следната велигденска прилика! Христос воскресна - навистина воскресна!]]>

Благица Павловска посочи иљач наместо вакцина: „Што помалку секс со различни партнери, толку короната помалку ќе биде во подем“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/blagica-pavlovska-posochi-iljach-namesto-vakcina-shto-pomalku-seks-so-razlichni-partneri-tolku-koronata-pomalku-kje-bide-vo-podem-video/ Mon, 22 Mar 2021 08:13:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195177

Благица Павловска важи за една од најпрепознатливите македонски фолк пејачки. Интерпретатор кој за сите овие години има долга и успешна кариера, бурен приватен живот исполнет со безброј растежи и падови, и зад себе грст познати фолк хитови кои му пркосат на времето и со години остануваат да се вртат како по медиумите, така и да се пејат по свадбите,и останатите семејни веселби. Некои велат дека Благица која на своето презиме го додаде она Хаџи, па сега е Благица Хаџи - Павловска, е македонската Тина Тарнер во фолкот. Токму за сето она што и се случува последниов период додека естрадата за време на коронапандемијата е ставена во мирување, но и за тоа како гледа на пандемијата и кое е чарето  што го препорачува како своевиден иљач, како превентивен лек од ковид заразата! „Што помалку сексуални контакти со различни партнери, во спротивно коронапандемијата се' повеќе ќе биде во подем...“ - порачува Благица, препорачувајќи секс, ама само со еден и тоа сигурен партнер, барем додека трае Ковид 19 пандемијата!   Благица вели дека времето го минува во грижа за своите кученца, осум на број,  кои и' се и секојдневна обврска, но и релаксација за да нема време да мисли на лоши работи. При тоа објасни како се родила нејзината љубов кон домашните миленици и зошто чува не едно или две, туку толку многу кученца како и неколку мачки?! Останатото слободно време пејачката вели дека го користи за да ужива во гледањето на турските ТВ серии. Посветена на музиката но и на верата и Бога, Благица Павловска советува луѓето да не го ескивираат Бога, раскажува како се подготвува за постот, како се справува со искушенијата, но тврди дека, колку некои и да не веруваат, таа разговора со Бога! „Можеби за некого е смешно, ама јас разговарам со Бог“ - вели Благица и додава: „А, Бог ме слуша и фала му, до сега Бог ме заштитил во многу ситуации. Верувајте, да ја почувствуваш божјата љубов е привилегија. Но, со Бога не можеш да разговараш нервозен. Мора комплетно да го опуштиш телото, целиот организам, да имаш покајание и да му се обратиш...“ - раскажува Благица Павловска, чие видување на животните нешта можете да го проследите во видеото во продолжение, од интервјуто што со фолкерката го направи екипата на најгледаниот естраден ТВ магазин, „Бекстејџ“. https://www.youtube.com/watch?v=JofkoCsuNnE&t=14s  ]]>

Благица Павловска неутешна поради загубата на Белисима: „Патувај во царството небесно“ https://arhiva.vistina.com.mk/blagica-pavlovska-neuteshna-poradi-zagubata-na-belisima-patuvaj-vo-carstvoto-nebesno/ Thu, 29 Oct 2020 08:00:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173533

Велат дека животните се едни од најдобрите пријатели на човекот, а оној кој има дома милениче знае дека тоа е така. Македонската пејачка Благица Павловска е љубител на домашни миленичиња, па често на социјалните мрежи споделува фотографии од нив. Меѓутоа, деновиве фолкерката имаше загуба во нејзиниот дом која многу ја растажи. Имено, како што објави таа на својот „Фејсбук“ починало нејзиното куче Белисима. „За жал, на денешниот ден Петковден си замина душата на мојата миленичка Белисима. Белисима ја најдов во црква оставена од сопственици и ја чував од срце во својот дом. Патувај во царството небесно. Ангелу мој...И раката и душата на серискиот мој убиец на сите мои миленици...Нека Бог ја осуди“, напиша Павловска во описот на објавата на која се наоѓа нејзиното куче. Според Благица, многу е важно како човекот созреал, а како што вели таа себеси се смета за силна личност. Оваа загуба сигурно тешко и падна, но веруваме дека ќе ја надмине, а можеби и наскоро во нејзиниот дом ќе вдоми ново милениче.]]>

Благица Павловска со голема забава го прослави 60-от роденден, а за подарок доби специјална торта (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/blagica-pavlovska-so-golema-zabava-go-proslavi-60-ot-rodenden-a-za-podarok-dobi-specijalna-torta-foto/ Thu, 06 Dec 2018 08:11:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61641

Фолк пејачката Благица Павловска својот јубилеен 60-ти роденден реши да го прослави со голема забава во еден скопски ресторан. Па така, по повод роденденот на пејачката, се славеше со песна, танц, пиење ,јадење... а присуствуваа саканите и пријателите на Благица.
Славеничката на себе имаше коктел фустан со светкави детали, а атмосферата од забавата ја објави на својот Фејсбук профил.
Она со што се пофали, беше роденденската тората која ја добила од пријатели, а на истата на врвот стои детаљ од неа со микрофон во рацете.
Дека си поминале убаво, се гледа од приложеното, а славеничката овој свој роденденски јубилеј сигурно ќе го меморира како еден од најубавите моменти од својот живот. фото:фејсбук]]>

Благица Павловска по многу време проговори за приватноста и откри дека во љубовта не и цветаат ружи https://arhiva.vistina.com.mk/blagica-pavlovska-po-mnogu-vreme-progovri-za-privatnosta-i-otkri-deka-vo-ljubovta-ne-i-cvetaat-ruzi/ Tue, 27 Nov 2018 07:55:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59880

По многуте животни удари, пејачката Благица Павловска пред неколку години изјавуваше дека го пронашла внатрешниот мир преку песна, љубовта кон саканиот и љубовта кон животните. Павловска многу ретко се појавува во медиумите, но сега реши дека е време јавно да проговори што и се случува на приватен план. Во изјава за ТВ магазинот „Бекстејџ“, Благица пред камери отири дека во последно време батериите ги полни во домашна атмосфера, помалку настапува, а исто така компонира и музика.
Во последно време повеќе сакам да се одмарам и да се релаксирам отколку да пеам. Наместо да настапувам по кафеани, кога сум слободна компонирам и правам музика, тоа повеќе ме исполнува во моментов. Живеам со моите кучиња и тие имаат можност да ме слушаат во живо и пред нив одржувам концерти, вели познатата фолк пејачка за „Бекстејџ“
Таа неодамна настапи на фестивалот „Роса“ каде се појави во друштво на пријателка, но не и со нејзиниот партнер Тале со кого вели дека склучила граѓански брак пред четири години, детаљ од нејзиниот живот кој досега беше незпознат за јавноста.
Иако не потенцираше дека на љубовно поле не и цветаат ружи, Благица на парашањето поврзано со бракот вели:
Мажена сум, но не знам дали тоа така ќе остане засекогаш. Знаете како, сите сакаат да бидат со Благица, јас сум човек кој што на грб ги носи сите, но поради тоа што се им олеснувам, почнуваат да летаат во облаци и мислат дека јас секогаш ќе бидам тука за нив, ама не е така, одговор кој доволно покажува дека „коцките не се на број“.
Инаку, ова е втор брак на Благица Павловска која своевремено изјавуваше дека не верува во оваа институција, но сепак уште еднаш се обиде да и даде шанса на љубовта, а дали ќе ја спаси, останува да видиме.  ]]>

(ФОТО) Во страстен бакнеж со саканиот: Благица Павловска на сите им покажа колку е заљубена! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-vo-strasten-baknez-so-sakaniot-blagica-pavlovska-na-site-im-pokaza-kolku-e-zaljubena/ Wed, 21 Feb 2018 09:07:10 +0000 http://vistina.mk/?p=13452

По многуте животни удари, пејачката Благица Павловска го пронајде внатрешниот мир. Таа не се штеди преку социјалните мрежи на сите да им покаже дека во љубовта најпосле и цветаат ружи, па затоа нема што да крие кога е љубовта во парашање. Благица и нејзиниот сакан постојано се како што вели таа на „љубовен пат“, често патуваат и уживаат во љубовта.
Среќна сум што го најдов својот мир покрај човекот на мојот живот – мојата сродна душа. Едно е многу важно во животот, кога човек ќе ги надмине оние физички побуди од страст кои немаат значење и не ти го полнат срцето. По последниот бродолом кој ми се случи на приватен план, решив да направам пауза и да се посветам на самата себе, да си ја смирам душата и едноставно да се излечам. И тогаш, најспонтано се заљубив, во човекот кој во моментов седи со мене и ми го храни срцето. Ова не е една од тие љубови кои брзо се палат и гаснат. Во оваа врска имам силна духовна поврзаност, љубов и почит, а тоа е најважно”, не пропушта да каже фолк-пејачката Благица Павловска за својата љубов Тале.
Инаку, македонската фолкерка веќе има еден пропаднат брак зад себе,а во една прилика изјави дека едвај чека пак да биде невеста и се надева дека во блиска иднина повторно ќе се омажи.]]>