бившиот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 May 2023 12:22:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бившиот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За или против: Колку е паметно да останете пријатели со бившиот? https://arhiva.vistina.com.mk/za-ili-protiv-kolku-e-pametno-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-2/ Wed, 10 May 2023 12:22:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301419

По тешка расправија и можеби неколку пролеани солзи, вашата врска заврши, а вие сте исправени пред дилемата дали да останете пријатели со бившиот или целосно да го исфрлите од вашиот живот? Во потрага по одговорот, постојано барате од своите пријателки да ви понудат решение, но тие не знаат што да ви одговорат. Всушност, само вие знаете како е најдобро да ги продолжите односите со него. Понекогаш е подобро да ги раскинете сите контакти со поранешниот партнер, но понекогаш вреди да го зачувате неговото пријателство. Аргументите „за“ и „против“ пријателството со бившиот можеби нема да ја разрешат вашата дилема, но сигурно многу ќе ви помогнат. АРГУМЕНТИ „ПРОТИВ“ ПРИЈАТЕЛСТВО СО БИВШИОТ Ниту една љубовна разделба не е лесна, бидејќи со раскинувањето вие губите и љубовен партнер и пријател. Но, тоа не значи да продолжите да живеете во минатото. Еве неколку аргументи зошто пријателството со бившиот е лоша идеја: Едниот секогаш ќе биде жртва. Крајот на врската не значи и крај на чувствата. Голема е веројатноста барем кај едниот тие и понатаму да постојат. А, кога еден од вас сè уште има романтични чувства, тој лесно може да биде повреден. Моментот кога некој ќе ја пронајде својата нова љубов и ќе реши да продолжи со својот живот, ќе биде пресуден за тоа пријателство. Ќе постои лажна надеж дека врската може да се обнови. „Колку поблиску сум до него/неа, толку поголеми ми се шансите да си го/ја вратам“ – оваа мисла често поминува низ главата на едниот од двајцата партнери. Таа личност постојано ќе живее со лажна надеж дека еден ден врската повторно ќе се обнови. Ваквото „пријателство“ може да биде само едно големо разочарување. Како да препознаете дека бившиот сака да му се вратите? Постои ризик да станете „пријатели со бенефиции“. Не се чудете ако некое утро се разбудите до вашиот „пријател“. Не се изненадувајте и ако тоа утро се повтори повеќепати. Многу често се случува бившите двојки, во обид да останат пријатели, да не успеат да му одолеат на искушението, па да станат „пријатели со бенефиции“. На крајот на краиштата, тешко е да останете пријател со некој со кого сте биле интимни. Има опасност да станете „златна резерва“. Тој продолжи со својот живот, а вие сè уште имате чувства кон него? Внимавајте, постои опасност да станете негова „златна резерва“. Мажите сакаат да имаат алтернативи, па кога неговата „нова љубов“ не му е на располагање, тој ќе знае дека може да смета на вас. Тоа значи дека вие сте заглавиле со него, а не тој со вас. Колку побрзо ќе го сфатите тоа, толку побрзо ќе го раскинете таквото „пријателство“ и ќе продолжите со својот живот. Нема да можете да разговарате како пријатели. Не очекувајте бившиот да ви стане пријател со кого ќе можете да разговарате отворено. За вас секогаш ќе постојат „табу“ теми. На пример, нема да можете да му кажувате детали за вашата нова љубов или за вашето ново сексуално искуство, без да предизвикате негативни чувства кај него. Па, ако не можете да разговарате како пријатели, тогаш не ни можете да бидете пријатели во вистинска смисла на зборот. Нема да можете да се однесувате како пријатели. Ниту вие, ниту вашиот партнер нема да останете вечно сингл. А самиот факт што постои друга која го зазема вашето некогашно место во неговиот живот, може да ве претвори во љубоморна „пријателка“. Лошата вест е што и најмалата доза на љубомора може да има сериозни последици – или ќе го уништи вашето пријателство или неговата нова љубовна врска. И во двата случаја исходот нема да биде добар. Можно е да си создадете проблеми со новиот партнер. Ако имате нов партнер, не очекувајте од него да остане рамнодушен на вашето пријателство со бившиот. Колку и да ве разбира, кај него секогаш ќе постои одредена доза љубомора. Можеби вие навистина сте изградиле пријателски односи со бившиот, но без да сакате тоа може да ви ја уништи новата врска. Затоа, добро размислете. Можеби е најдобро да ѝ се посветите на сегашната врска, наместо да губите време со минатата, која завршила, и тоа со причина. АРГУМЕНТИ „ЗА“ ПРИЈАТЕЛСТВО СО БИВШИОТ Крајот на љубовната врска не мора да значи и крај на пријателството со личноста која долго време била покрај вас и со која сте споделиле прекрасни мигови. Па, доколку сте уверени дека и двајцата сте ја преболеле вашата врска, не е лоша идеја да го зачувате бившиот покрај себе како ваш пријател. Еве неколку аргументи „за“ пријателството со бившиот: Нема да изгубите личност која ви значи. Крајот на врската е поболен поради помислата дека важна личност го напушта вашиот живот засекогаш. Но, тоа не мора да биде така. Доколку успеете да изградите здраво пријателство, оваа личност може засекогаш да остане покрај вас и да ја добие етикетата „пријател“, а не „бивши“. Тој не ги изгубил добрите карактеристики. За некому да му посветите дел од својот живот, тој треба да поседува добри карактеристики. Можеби сте се заљубиле во вашиот бивши поради неговата смисла за хумор, можеби ве освоил со тоа што е грижлив и внимателен, можеби сте „паднале“ на неговата искреност… Раскин увањето не ги менува неговите добри особини. Тој е на листата на луѓе кои ве познаваат најдобро. Можеби дури ни вашите пријатели или семејството да не ве познаваат толку добро колку што ве знае тој. Голема е веројатноста тој да знае буквално како дишете, да ги знае сите ваши добри и лоши страни. Па, тој ќе ве разбира во моментите кога чувствувате дека сите околу вас не ве сфаќаат. Од него ќе добивате совети од машка перспектива. Пријателите од посилниот пол се драгоцени, затоа што можат да ви дадат совет од машка гледна точка. Можат да ви кажат дали фустанот кој сте го избрале е премногу провокативен и дали добро ви стои без ниту малку да се влијаат од љубомора, можат добро да проценат кога некој ве „јаде“ со поглед и сл. Нема да има потреба да си ги „делите“ пријателите. Се движевте во исто друштво или ги обожавате неговите пријатели? Раскинувањето со партнерот обично значи и раскинување со неговото семејство и поделба на пријателите. Но, ако меѓу вас двајцата успеете да изградите пријателски односи, вие нема да ги поставите пријателите во непријатна ситуација да треба да избираат меѓу вас. И што е уште поважно – ќе можете да ги задржите неговите пријатели. Сепак, ако сте станале пријатели со бившиот, не си мислете дека тоа ќе трае вечно и дека не може да се промени. Постојано набљудувајте ги сигналите кои ви ги испраќа и доколку забележите дека тој сака да му бидете нешто повеќе од пријателка, а вие не го сакате тоа, за жал, на вашето пријателство му доаѓа крај. извор:курир.мк]]>

Што сака да ви каже потсвеста кога ги сонувате бившите? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-saka-da-vi-kaze-potsvesta-koga-gi-sonuvate-bivshite/ Thu, 13 Jan 2022 13:30:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234796

Сон за некој поранешен партнер понекогаш може да биде изненадувачки, особено ако тоа е некој за кој не сте помислиле долго време. Сепак, може да ви каже некои работи за вас или за вашата моментална врска. Иако овие соништа можат да бидат романтични и понекогаш ќе ве натераат да се разбудите со призвук на носталгија, во реалноста тоа е само ментална проекција на она што таа личност некогаш била за вас. Кога ги сонувате бившите не мора да значи дека ја сакате таа личност или дека сакате да ѝ се вратите. Всушност, овој феномен воопшто не мора да биде сентиментален. Експертот Латиша Роу тврди дека ова е сосема нормална појава. „Доколку имате турбулентна врска зад вас или излегувате од врска која не ги задоволувала вашите потреби, нашата потсвест преку соништата се обидува да го поправи тоа. Во тој случај, преку нив се обидуваме да ја живееме врската што всушност сме сакале да ја имаме“, објасни таа. Потсвеста често создава „што ако“ сценарија, дури и кога станува збор за партнер што веќе сме го преболеле. Овие соништа обично имаат позитивно значење. Тие навестуваат неочекувани и добри промени во вашиот живот кои ќе ви донесат многу среќа и убави моменти. Доколку сте слободни, тоа може да значи и дека наскоро ќе запознаете некој кој ќе внесе позитивни чувства во вашиот живот, без разлика дали на приватен или на деловен план. Ако сонувате дека повторно сте се заљубиле во поранешниот партнер, тоа може да биде предупредување за претстојните настани. Можно е да се соочите со ситуација која на почетокот ќе ви изгледа позитивна или безбедна, но тоа ќе ве доведе во одредени неволји. Исто така, уште една причина зошто сонуваме за поранешни љубовници е стравот да не бидеме повредени. Многумина се плашат од нови врски поради страв да не бидат повредени, особено ако зад нив стои болно раскинување. Потоа, почнувате да се присетувате на тешки моменти, а можно е некои од нив да ви дојдат во сон. На крајот, соништата за бивша љубов може да значат и дека сте останале недоискажани во таа врска и дека треба да се објасните или да го добиете потребното објаснување, што најчесто е случај за врски кои завршиле нагло или без поздрав. извор: кајгана]]>

Старата љубов не се заборава: Психолозите советуваат како да го вратите бившиот https://arhiva.vistina.com.mk/starata-ljubov-ne-se-zaborava-psiholozite-sovetuvaat-kako-da-go-vratite-bivshiot/ Fri, 19 Jun 2020 12:30:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154700

Ако после неколки раскинувања не успеавте да го преболите бившиот, можеби би требало да поработите на овие работи. Ако мислите дека е вреден за борба и дека животот е многу поубав со старата љубов, можеби би било добро да ги послушате советите на стручњаците и психолозите и да ги промените старите навики. Во едно истажување , научниците дошле до три важни начини како да се смирите со бившиот.

Работете на себе

Малку жени помислуваат на тоа после разделбата,но можно е проблемот да е во вас. Затоа моментите кога сте повторно слободни се идеални да изградите најдобра можна верзија од себе – тогаш имате доволно енергија и време! Прочитајте ги книгите во кои долго планиравте да уживате, запишете се на курс по некој јазик или вештина, направете некоја значајна промена во стилот… Така ќе се свртите кон себе и ќе бидете најдобра верзија од личноста која тој ја запознал и засакал.

Дајте му малку време

Да, ова звучи како најбескорисниот можен совет, а скоро секоја жена се плаши дека истиот ќе доведе до тоа бившиот партнер потполно да ја заборави и да се заљуби во друга. Психолозите тврдат дека, ако има надеж за вас како пар и ако доволно му значи, големи се шансите да му недостасувате и да сфати дека неговиот живот е поубав со вас. Според тоа, единственото што треба да го направите е да почекате да се јави и да ви понуди уште една прилика.

Време е за иницијатива

Сосема спротивно од вториот совет –стручњаците од друга страна пак тврдат дека некогаш е добро работата да се земе во свои раце. Ако добро го познавате и знаете дека и тој, во случај да му дадете време, ќе се повлече иако му значите, обидете се со (секако не пренаметливите) постови на социјалните мрежи: мистериозен статус, своја фотографија во најубавото можно издание… Се се тоа, како што психолозите велат, трикови кои иако можеби звучат малку несериозно и детинесто, им помогнале на многу жени. Ако не сте за играње игри и сакате отворен разговор, колку време и да поминало, стручњаците секогаш советуваат да го повикате и да му ги откриете вашите намери. извор: Попара]]>