бивш сопруг – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Jan 2023 11:59:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бивш сопруг – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бившиот сопруг и се ожени, а пејачката ниту еден маж ни да ја погледне: Ана Кокиќ „остана сува“ – во последно време никој не ја ни „мува“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bivshiot-soprug-i-se-ozheni-a-pejachkata-nitu-eden-mazh-ni-da-ja-pogledne-ana-kokik-ostana-suva-vo-posledno-vreme-nikoj-ne-ja-ni-muva-foto/ Tue, 31 Jan 2023 11:59:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286676

Пејачката Ана Кокиќ пред четири години се разведе од ватерполистот Никола Раѓен со кој ги има ќерките Нина и Теа, а по пропаѓањето на бракот не се појави ниту еден маж кој повторно ќе го освои нејзиното срце. Ана вели дека во последно време мажите дури и не и се додворуваат и дека засега единствено друштво и се нејзините домашни миленици. „Само мачките што ги собрав од улицами прават друштво, но што се однесува до некоја машка личност - не. Никој не ми се додворува во последно време, што би рекла Сања Вучиќ - никој не флертува со мене, не ме мува“ - изјавила пејачката. Од друга страна, поранешниот сопруг на Ана, Никола Раѓен  најде нова љубов. Кон крајот на декември 2022 година тој се ожени со пејачката Милица Ристиќ со која очекува син. По разводот, Ана и Никола останаа во пријателски односи и заедно се грижат за своите ќерки, а пејачката извесно време не ја заобиколија ниту прашањата за нејзиниот поранешен сопруг и неговата нова избраничка. „Мислам дека е навистина непотребно да се споменуваме ние двајца во кој било контекст. Ние сме родители на нашите девојчиња и тоа е се. Сега тој е оженет и чека дете. Сакам да ја почитувам неговата сопруга и него и повеќе да не зборувам за Никола“ - изјави неодамна Ана Кокиќ, а и Никола еднаш истакна дека пејачката е прекрасна личност и одлична мајка. Фото: Инстаграм принтскрин/anakokicmusic/_milica_radjen]]>

По долго и тешко боледување во Австралија: Почина композиторот и пејач Тоде Новачевски https://arhiva.vistina.com.mk/__trashed-11/ Thu, 10 Feb 2022 19:48:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238626

Почина Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори и поранешен сопруг на пејачката Маријана, после долго боледување од рак на белите дробови. Новачевски беше синоним за најпопуларниот сестрински дует кај нас и песните како„Признавам“, испеани од сестрите близначки, пејачките Маријана и Росана. Тој повеќе децении беше во брак со Маријана, минатата година откри дека веќе две години се бори со карцином, но зборуваше и за подемите и падовите во бракот со Маријана и разводот. „Иако мојот карцином на белите дробови нема никаква врска со ковид-19, почетокот на проблемот пред две години и развојот на болеста беа скоро исти. Од страшна инфекција стекната заедно со грип и по лошо поставена дијагноза, за неколку месеци достигнав внатрешно крварење, карцином на крв и метастази кои максимално ме потресоа и физички и психички. Сепак, засега, барем низ оваа последна епизода од мојот живот, поминувам како да ми е почеток на нов, поубав и попросперитетен период, иако сум свесен дека е многу можно да не доживеам подлабока старост“ - говореше Новачевски во едно од своите последни интервјуа дадени лани летото за за Свет Австралија. Благодарен на Маријана што не дозволила нивното разделување и развод да влијаат негативно на врската која ја имаат со децата, свесен дека тие се најмалку виновни за недоразбирањата кои во кризниот период на нивнаата врска, не успеале да ги надминат. Тој најсреќните вести ги добил во најтешкиот период од животот. „Токму во најтешкиот период на живот, ми стигнаа и најубави вести, најпрво за моето мало дедино срцуле Ива, ќерка на мојот син Филип и снаата Анастасија, па веридба на моето големо срцуле, ќерката Магдалена и Ерик. Можете да замислите со колкава радост и гордост сме исполнети Маријана, јас и најбликите од двете страни на нашите семејства“ - оптимистички и со искреност истакна тогаш  композиторот, чиј живот згасна по борбата со тешката болест. Рековме Збогум. Сакам песно мојата да те испејам, сета болка моја како солза да ја слеам… Одетај, песно моја гулабице,  побарај ведро небо за мојот бол на срце... Почивај во мир Тоде мој... Таму некаде, каде болки и премрежја не постојат“ - се зборовите со кои неговата бивша сопруга пејачката Маријана Нoвачевска се прости од својот некогашен сопруг со кој и покрај се', очигледно останале во пријателски односи. „Нашиот композитор, еден и единствен композитор,  човек кој ни ги подари најубавите евергрини на сите времиња, скромен, голем, татко на моите внуци, си замина во вечноста. Сега заедно со нашиот брат, горе некаде заедно нека компонираат и музицираат, бидејќи музиката им беше живот. Голема благодарност и почит до него, спомените за него и неговите песни секогаш ќе бидат во моето срце. Тивко живееше, тивко и си замина... Почивај во мир мој Тоде“ - со овие зборови на свокот Фејсбук се прости од нејзиниот некогашен зет и композитор на најубавите песни што ги испејаа, сестрата близначка на Маријана, пејачката Росана Сариќ Тодоровска. Маријана  како последно збогум ја постираше нивната заедничка песна „Ако не исчезнам“. Песна која со текот на годините стана еден од вечните македонски евергрини напишани од  сега покојниот Тоде Новачевски, а испеани од нив тројцата на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во 1989 година. ]]>

Вака денес изгледаат двата сина и бившиот сопруг на Лидија Вукиќевиќ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-denes-izgledaat-dvata-sina-i-bivshiot-soprug-na-lidija-vukikjevikj-foto/ Mon, 31 Jan 2022 11:22:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236878

Лидија Вукиќевиќ внимателно го чува својот емотивен живот од очите на јавноста. Таа не зборуваше премногу на таа тема ниту додека беше во деветгодишниот брак со некогашнот фудбалер на „Црвена Ѕзвезда“, Митар Мркела! Во времето кога се венчаа, во 1991 година, таа беше ѕвезда на серијата „Подобар живот“, а тој е еден од најдобрите фудбалери во земјата, па не е чудно што медиумските објективи во регионот беа насочени кон нив. Од бракот Лидија и Митар ги добија двата сина. Андреј тргнал по стапките на својот татко и станал фудбалер, а Давид дипломирал на Академијата за пилоти во Вршац. И двајцата пораснаа во добро воспитани, образовани момчиња. Митар Мркела, денес спортскиот директор на „Црвена звезда“, а со новата партнерка Олгица, го добија синот Душан во 2013 година, кој синовите од првиот брак со љубов го прифатија. Додека Лидија на нов брак не ни помислува иако понудите на ваквата неминлива убавина, се редат како на филмска трака. Фото: Немања Николиќ/Инстаграм принтскрин/David Mrkela/]]>

Ова е бившиот сопруг на водителката Душица Јаковљевиќ: Работеа заедно, му роди две деца, па се разведоа (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-bivshiot-soprug-na-voditelkata-dushica-jakovljevikj-rabotea-zaedno-mu-rodi-dve-deca-pa-se-razvedoa-foto/ Thu, 02 Dec 2021 10:47:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229721

Гледачите покрај малите екрани имаат можност да ја гледаат на телевизија „Пинк“, а често се коментира дека е суров професионалец во професијата и дека е посветена на тоа што го работи. Токму таква е  русокосата, во последно време мошне популарна  ТВ водителка Душица Јаковљевиќ. Малку се знае за приватниот живот на Душица и покрај тоа  што таа е изложена на јавна работа. Водителката беше мажена и има две деца од бракот со продуцентот Александар Миљуш - синот Огњен и ќерката Анѓела. Познато е дека Александар и таа се запознале додека работеле заедно за продуцентската куќа „Емоушн“. Се родила љубов, па влегле во брак, а се разведоа во 2014 година. Во меѓувреме тој смени неколку работни места, но остана во сферата на продуцентсвото, а таа направи врвна ТВ водителска кариера. Фото: Инстаграм принтскрин/dusicajakovljevic  ]]>

Кортни Кардашијан ги скара бившиот соруг и поранешниот љубовник: Жешки пози со новото момче, за расчистување стари сметки меѓу љубовните соперници https://arhiva.vistina.com.mk/kortni-kardashijan-gi-skara-bivshiot-sorug-i-poraneshniot-ljubovnik-zeshki-pozi-so-novoto-momche-za-raschistuvanje-stari-smetki-megju-ljubovnite-sopernici/ Wed, 01 Sep 2021 10:29:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217520

Додека голем дел од јавноста е прилично изненаден од недоветното однесување на Кортни Кардашијан и нејзиното ново момче Тревис Баркер и нивните речиси несоодветни изливи на нежност, а се чини дека и нејзиниот поранешен сопруг Скот Дисик (38) не е далеку од таквото мислење. „Дали е оваа риба нормална“, напиша Скот во пораката што му ја испрати на еден друг исто така  поранешен партнер на Кортна - моделот Јунес Бенџим (28). Заедно со оваа скокотлива порака, тој испрати и неодамнешни жешки фотографии од Италија, на кои реалити sвездата и славниот музичар страсно се гушкаат и бакнуваат и не им е гајле за никој околу нив. „Брат, што е ова. Среде Италија“ - додаде Дисик. Меѓутоа, овој 38-годишник не најде соодветен соговорник во бившиот соперник Бенџим, кој беше во врска со Кортни од 2016 до 2018 година, па тој ја откри целата преписка на Инстаграм, возвраќајќи му на неговиот наследник, сега несреќен бив соруг на ријалити убавицата: Не ми е грижа се' додека е таа среќна. П.С. И јас не сум твој брат“ - остро му одговори Јунес, „ладно“ игнороријаќи ги пораките на запрепастениот екс - конкурент. Фото: Профимедиа/Инстаграм принтскрин/#kortneykardashian]]>

Бугарската фолкерка Андреа се соблече за инает на бившиот сопруг, па се сликаше со гол г*з во обилен луксуз (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bugarskata-folkerka-andrea-se-sobleche-za-inaet-na-bivshiot-soprug-pa-se-slikashe-so-gol-g-z-vo-obilen-luksuz-foto/ Fri, 16 Jul 2021 12:04:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211423

Фолкерката Андреа по којзнае кој пат ги воодуушеви посетителите на социјалните мрежи. Сега русокосата осамна „пиштол гола“ или поточно како седи на гола задница, видливо добро обработена во Фотошоп, како впрочем и целата нејзина фигура. На фотографијата што ја објави на Инстаграм, таа е целосно гола позира одзади, свртена со грб едвај седната на столче на масата со обилно богата гозба. Фотографијата е снимена во видливо луксузен дом, за кој можеме само да претпоставиме чиј е и каде се наоѓа. Од фотосториите на нејзините Инстаграм  приказни, може да се заклучи дека таа веројатно е некаде на одмор. Обидот за провокација на Андреа предизвика бура од негодувања. „Се надевам дека подоцна ќе го измијат столот. Има и други луѓе што ќе седат зад тебе“,пишуваат поединци под фотографијата. „Таа го загуби умот и се уште не и е дојден“, велат други. „Не е пристојно да седите на маса со храна гола без гаќички!“, негодуваа нејзините следбеници. Нивните прекори не запираат со секој втор коментар, а некои од нив ја чепнаа и на професионален план: „Добро, ти си кралица, но каде ти е хитот?!“, ја прашуваат под фотографијата, а трети пак се жалат дека Андреа им ги брише нивните коментари. Оние што одблизу ја познаваат пејачката се категорични дека преку овие провокации таа има за цел само да го иритира поранешниот сопруг Кубрат Пулев - Кобрата. Тој  отсекогаш беше против голотијата на неговата сега веќе екс сопруга и секогаш се обидуваше да ја спречи во ваквите постапки. Сега кога двајцата се разделија, таа очигледно тешко го проголта фактот дека боксерот не е до неа и се прашува како да му го привлече вниманието или разгори лутината. Извор: HotNews.bg Фото: Инстаграм принтскрин/andreabulgaria
   ]]>

„На чија јахта Северина еднаш ќе се качи, на тој засекогаш животот ќе му се смачи“! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-chija-jahta-severina-ednash-kje-se-kachi-na-toj-zasekogash-zivotot-kje-mu-se-smachi-foto-video/ Tue, 01 Jun 2021 09:17:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204990

Пожарот во Каштелите во Хрватска минатата недела, целосно уништи пет јахти кои целосно изгореа. Еден од нив му припаѓа на Милан Поповиќ, бившиот сопруг на Северина, а видеото покажува дека од неговата јахта останал само пепел.
Милан во телефонски разговор за хрватските медиуми потврди дека неговата јахта изгорела во пожарот во Каштелите.
„Да, и јахтата ми изгоре“ - изјави бизнисменот Поповиќ. Пожарот започна во саботата вечерта во марината во Каштел Гомилица, каде беа закотвени најголемите и најскапите јахти. Два брода целосно потонаа.
„Штетата се брои во милиони. Сите пловила се целосно се осигурани, немаше други поголеми штети во самата Марина Каштела, а полицијата сега ја работи својата работа за да ги утврди околностите и причините за пожарот“ - изјави сопственикот на марината Јосип Беркет. Компензацијата и сите детални проценки ќе следат по официјалната потврда за причината за пожарот. Сопствениците на оштетените бродови ќе се обидат да ја наплатат штетата од сопственикот, односно од неговата осигурителна компанија.
Она што е интересно дека „сеирџиите“ на социјалните мрежи веднаш уништената јахта на Милан Поповиќ - бившиот сопруг на Северина, ја поврзаа со нејзината порно афера и домашното видео, кое всушност беше снимено на јахтата на нејзиниот тогашен љубовник, херцеговскиот бизнисмен  Милан Лучиќ.
Тој по порно видеото со сСеверина буквално како да исчезна, за во 2018 година одново да се најде во центарот на вниманието на јавноста за проневера во стечајна постапка, во која на крајот беше уапсен со неколкумина негови соработници, под основано сомнение дека незаконски заработиле неколку милиони евра, од компании што биле во стечај, низ повеќегодишна проневера. Лучиќ е сопственик на бар и камп во Макарска, а беше уапсен пред сезоната, па целата сезона му пропадна. Тој често престојуваше во Далмација, а според последните информации тој имал и имот што го продал во 2011 година за 3 и пол милиони евра. Можеби затоа „сеирџиите“ на социјалните мрежи се повикуваат на максимата:  „На чија јахта Северина еднаш ќе се качи, на тој засекогаш животот ќе му се смачи“!
https://www.youtube.com/watch?v=I9dMEQJOqHY&t=1s Фото: Дамир Дервишагиќ/Далмација данас/Магазин.ба/ 24 сата.хр/Јутјуб принтскрин/Инстаграм принтскрин/severina Видео: Јутјуб

Српската водителка се фотографираше со бившиот сопруг за насловница, па доби ваква порака: „Перверзно… признајте дека сакате свингерај!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-voditelka-se-fotografirashe-so-bivshiot-soprug-za-naslovnica-pa-dobi-vakva-poraka-perverzno-priznajte-deka-sakate-svingeraj-foto/ Wed, 11 Nov 2020 11:43:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175597

Српската новинарка и ТВ водителка Наташа Миљковиќ и нејзиниот поранешен сопруг Срѓан Тимаров неодамна се фотографираа заедно за насловната страница на едно локално списание, сакајќи да им покажат на сите дека правилна и пријателска врска може да се негува и по разводот. Сепак, водителката не наиде на реакции што ги посакуваше, па затоа беше мета на осуда и навреди од многумина кои нивната врска ја нарекоа „нездрава“. Наташа не сакаше да остане должна, па им возврати на сите што напишаа негативни коментари на нејзиниот профил на Твитер. „После многу двоумење, се фотографирав и дадов интервју со мојот поранешен сопруг. Нашата важна порака беше дека луѓето можат да бидат пријатели, поддршка, добри родители и по разводот. Најчестите коментари на тоа беа:  „Перверзно...  и признајте дека сакате свингерај“.  „Земјо моја, дали си моја?“ - напиша таа на својот Твитер профил. ]]>

Јана Стојановска проговори за детали од приватниот живот и откри која била првата порака која ја добила од сопругот Андрија! https://arhiva.vistina.com.mk/jana-stojanovska-progovori-za-detali-od-privatniot-zivot-i-otkri-koja-bila-prvata-poraka-koja-ja-dobila-od-soprugot-andrija/ Mon, 13 Jul 2020 07:06:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158345

Македонската актерка Јана Стојановска се породи во септември претходната година и заедно со нејзиниот сопруг, кошаркарот Андрија Бојиќ станаа родители на нивното прво дете, синот Ненад. Јана се породи два месеци пред терминот, а за голгота низ која поминала тогаш неколку пати раскажа за домашните медиуми. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/jana-stojanovska-se-porodi-predvreme-a-po-dva-meseci-tezok-period-izleze-od-bolnica-i-go-pokaza-sincheto-foto/ Јана беше гостинка во „Живот со стил“ каде што зборуваше за својата кариера, приватниот живот, новото нормално поради коронавирусот. Таа и откри како со сопругот се одлучиле нивниот син да се вика Ненад, име по нејзиниот починат татко, актерот Ненад Стојановски. Имено, таа откри дека сакала повеќе некое модерно име, додека Андрија сакал некое традиционално име. Во еден момент тој и предложил да се вика Ненад, а таа била воодушевена од предлогот, но како што раскажува не попуштала до самиот крај. Имено, кога се породила, прашала во колку часот пристигнало бебето и часовникот покажувал 12 и 52. „12 не значи ништо посебно, но 52 година беше роден татко ми и си реков – добро ајде Ненад“, раскажува Стојановска во „Живот со стил“. Таа откри како ја освоил и Андрија односно која била првата порака која и ја пратил. „Можам да кажам дека тоа беше судбински. Ако ние се запознавме во април, тој ми пиша во јануари или декември.... Во тој период поради „Сенки над Балканот“ мојот Инстаграм профил беше полуден и многу луѓе ми пишуваа секакви пораки, а јас на сите им одговарав“ раскажува актерката и продолжува: „Првата порака што воопшто ми ја напиша беше: „Заради тебе ви потпишал за МЗТ Скопје“, вели Јана и додава дека Андрија подоцна потпишал за МЗТ Скопје. Таа вели дека од денот кога се запознале, не се разделиле. Јана откри дека по бракот се прозива Бојиќ, но дека како уметничко презиме ќе го користи Стојановска. Целото интервју може да го погледнете во продолжение. ]]>

Северина го „киднапирала“ својот осумгодишен син од бившиот сопруг Милан, со кого детето живее: Пејачката ја чека пеколна казна! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/severina-go-kidnapirala-svojot-osumgodishen-sin-od-bivshiot-soprug-milan-so-kogo-deteto-zivee-pejachkata-ja-cheka-pekolna-kazna-foto/ Tue, 07 Jul 2020 08:54:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157433

Северина Којиќ (48) наводно го „киднапирала“ својот осумгодишен син Александар! Хрватската поп-sвезда, која го загуби старателството над детето пред осум месеци, не му го вратила на бившиот сопруг  Милан Поповиќ (54) цели девет дена, јавува српски Информер. Според одлуката на судот, пејачката може да го види својот син двапати неделно попладне, секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер, како и за две недели за време на училишниот распуст. Сепак, Северина ја прекршила оваа одлука на судот и едноставно исчезнала со момчето! „На почетокот на летниот одмор, Александар поминал 14 дена со својата мајка, која требаше да го врати кај неговиот татко минатиот викенд. Таа не го стори тоа! Поминаа девет дена оттогаш, а Северина се' уште се преправа и се прави наудрена! Бидејќи Милан има целосно старателство над момчето, ова може да се смета за киднапирање“ - вели близок извор на таткото на момчето и додава дека Северина не одговара на пораките и повиците на Милан, па затоа тој не знае каде е неговиот син: „Никој не знае каде се Северина и Александар! Тие беа во нејзиниот стан во Сплит извесно време и беа видени на плажа. Тогаш беше известен Поповиќ дека некој ги запознал во Загреб, но оттогаш се губи целата трага од нив! Северина не одговара на повиците на Милан, ниту на повиците на неговите адвокати. Затоа ја пријавил за киднапирање на детето“ - ја објаснува ситуацијата изворот! Милан размислувал да покрене и постапка против Северина. Тој се консултирал со адвокатите и тие му рекле дека има право да ја тужи. Во тој случај, судот би можел да и воведе целосна забрана за нејзино приближување кон Александар, бидејќи таа не ја почитувала неговата претходна одлука!]]>