битола – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 09 Mar 2024 08:42:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png битола – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Од 3-6 април: 7-мо издание на „Џез Фактори Фестивал“ – Битола https://arhiva.vistina.com.mk/od-3-6-april-7-mo-izdanie-na-dhez-faktori-festival-bitola/ Sat, 09 Mar 2024 08:42:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341767

Годинешното 7.по ред издание на Џез Фактори Фестивал Битола, ќе се одржи од 3-6 април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола. „Низ годините, се трудиме со организирање на фестивалот да го збогатиме културниот живот во Битола, придонесувајќи кон подобри културни можности за граѓаните и создавање позитивна културна атмосфера што ќе ги привлече и задржи младите да останат и да живеат во Битола преку џез-културата како стожер на социјални општествени промени, запознавање нови култури, градење современо европско општество за сите“, изјави директорот и основач на Џез Фактори Фестивал професорот Сашо Поповски. Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на книгите “Радио“ и “Неправилен ритам“ на авторот Љупчо Јолевски. Следниот ден е резервиран за настапот на Јулиа Сиедл Трио од (Австрија) и Николас Гардел Трио од (Франција) на сцена на Народен Театар од 20ч, а програмата продолжува со настапот на Максимовски Јунајтед во Порта Џез од 22ч. На 5 Април концерти ќе одржат Гоце Мицанов Трио (Македонија) и UNLEASHED COOPERATION од (Полска). Во Паб Бурбон Стрит преку поддршка на локалната културна сцена во Битола, програмата продолжува со диџеј сетот на Иле The Hair. Последниот ден е резервиран за работилницата за изработка на гитари на Ивица Јорданов, настапот на Сара Ташкоска Квартет во Камарите, годишната конференција на Асоцијацијата на Џез фестивали во Битолскиот театар, а вечерта фестивалот ќе биде затворен со концертите на Сакис Пападимитриу од (Грција) и Ossa Квартет од (Србија). Последниот ден во Камарите ќе биде и доделена наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2023 во соработка со Општина Битола. Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Полска, Амабасадата на Австрија и Генералниот Конзулат на Грција во Битола. За годинешниот плакат на фестивалот се погрижи Даниел Ѓурчиновски. Влезниците освен на билетарата на Народниот театар Битола, може да се набават и онлајн преку веб страната на Џез фактори фестивалот како и преку страната на Битолскиот театар за што дополнително ќе информираме. Во изминатите години на фестивалот настапија врвни уметници од Македонија и странство меѓу кои: Баба Сиссоко (Мали), Баптист Хербин (Франција), Ермано Панта (Шпанија), Теодосиј Спасов – (Бугарија), Васил Хаџиманов – (Србија), Куарем Квартет (Франција), Наташа Роџерс (Франција), Хјуман Тач (Грција), Фишерманс Оркестар (Швајцарија), Ликвид Карпет (Словенија), Фанфара Статион (Италија), Арменд Џафери (Косово), АЈС Квартет (Албанија), Славен Љујич (Црна Гора), Милан Пертовиќ (Србија), Тони Китановски, Џијан Емин, Гоце Мицанов, и др. Годишно фестивалот реализира 9 концерти и 5 придружни настани на сцената на Народен Театар Битола, како и локалните клубови и културни сцени со посетеност од над 2000 посетители. Посветеноста, беспрекорната организација и реализација на Џез Фабрика Фестивал ја препозна и Европската Асоцијација на Фестивали ЕФФЕ и за периодот 2019 – 2024г. на фестивалот му го додели нивниот амблем за “Remarkable Arts Festival”.]]>

„Засекогаш во срцата“ – традиционален концерт во чест на Тоше Проески https://arhiva.vistina.com.mk/zasekogash-vo-srtsata-traditsionalen-kontsert-vo-chest-na-toshe-proeski/ Wed, 14 Feb 2024 07:52:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338581

Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, во проектот поддржан од Министерството за култура, на сцената ќе се појават и гости од соседните држави, кои ќе ги изведат најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман. НУ Центар за култура во соработка со НУ Камерен оркестар на Битола по шести пат го организираат концертот „Засекогаш во срцата“. Од НУ Камерен оркестар на Битола информираат дека годинава ќе се одржат два концерти во чест на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски – Бојс. Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, во проектот поддржан од Министерството за култура, на сцената ќе се појават и гости од соседните држави, кои ќе ги изведат најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман. На 16 февруари, на два концерти, најдобрите хитови на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски – Бојс ќе бидат изведени од Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Александра Трајческа и Катерина Јовановиќ во придружба на Камерен оркестар на Битола. (МИА) фото:НУ Камерен оркестар на Битола]]>

Младата Ања Мицевска пее во една убава, љубовна, тинејџерска приказна на глас – „За нас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mladata-ana-mitsevska-pee-vo-edna-ubava-lubovna-tinejdherska-prikazna-na-glas-za-nas-video/ Thu, 04 Jan 2024 10:36:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333693

„За Нас“, музичкото првенче на младата Ања Мицевска од Битола, е вистинска оддаденост на младешката енергија и креативност. На само 13 години, Ања со зрелост и професионализам го истражува светот на музиката, давајќи ни прекрасна урбана приказна за првата љубов, првиот занес и тие слатки копнежи кои се присутни во периодот на тинејџерските години. Чувствата кои го следат зачекорувањето во светот на возрасните, во нежен стил, се пренесени во текстот напишан од Ирена Мирчевска Љац и Јулиа Мицевска. Нивните зборови совршено ги доловуваат емоциите и предизвиците при преминот од детството кон зрелоста. Музиката, компонирана од Горан Мицевски Кус, е динамичен прогресив хаус кој веднаш го освојува слушателот. Со својата заразна мелодија и ритам, оваа песна ветува да остане запаметена уште при првото слушање. Ања, заедно со талентираниот тим од Анастасија Центар од Битола кој работеше на овој проект, создаде и видео запис за песната „За Нас“. Стефанија Милевска Враниќ стои зад кореографијата, сценариото и режијата, додавајќи дополнителна длабочина и визуелна привлечност на приказната. Во видео записот покрај Ања учествува и танчерска група од Анастасија Центар: Матеја Стојчевска, Уна Димовска, Дејана Магденовска, Мартина Ристеска и Илина Мартиновска, чија улога во проектот го збогатуваат визуелниот и уметничкиот аспект на песната. Внимание заслужува и костимографијата, која дело на Анастасија Зулевска, моден креатор од Битола. Владич Бошковски бил задолжен за снимањето и монтажата на видеозаписот кој  како и целиот проект ја имаше својата промоцијана 27 декември 2024 година, за време на Новогодишниот концерт во Анастасија Центар. Настан кој беше совршена платформа за претставување на  првенчето „За нас“ на Ања Мицевска  пред пошироката публика, кое можете и вие да го проследите во видеото во продолжение: ]]>

Спомените не смеат да трпат отстапки: Каролина секоја година на тој специјален ден задолжително е во Битола (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/spomenite-ne-smeat-da-trpat-otstapki-karolina-sekoja-godina-na-toj-spetsijalen-den-zadolzhitelno-e-vo-bitola-foto/ Thu, 28 Dec 2023 10:59:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332768

Како што наближува Нова година и новогодишните празници, сите се радуваме на празничната еуфорија. Тоа е период кога семејствата, пријателите, се собираат и слават, се купуваат подароци… Каролина пред Нова година, има уште еден повод за славење. Имено, пред 31 декември и стана пракса редовно да биде во родната Битола и со своето семејство. Со повод и причина Каролина задолжително е присутна за роденденот на нејзината мајка, овој пат јубилеен 70-ти. Пејачката сподели неколку куси видеа на Инстаграм, на кои е заедно со нејзината мајка Светлана сестрата и двете внуки. Дамите стиснати една покрај друга пред тортата кога мама и баба ќе ги дува свеќичките. Насмеани, расположени на денот кога се создаваат нови сппмени кои без никакви отстапки не смеат да трпат и да бидат изоставени, баш како што пее Каролина во својата песна - без оглед на се’! фото: Instagram printscreen/ karolinagocheva]]>

„Лајбах“ доаѓаат во Битола на јубилејното издание на „Фестивалот на музика од светот“ https://arhiva.vistina.com.mk/lajbah-doagaat-vo-bitola-na-jubilejnoto-izdanie-na-festivalot-na-muzika-od-svetot/ Tue, 21 Nov 2023 13:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327965

LAIBACH доаѓа во Битола како дел од европската турнеја „Love Is Still Alive“ на Фестивалот на музика од светот. Култниот словенечки музички бенд на 25.11.2023 ќе настапи на сцената на Центарот за култура. Битола е ставена на мапата заедно со градови од Скандинавија, земјите од Бенелукс, Централна Европа и Велика Британија. Како и секоја година во изминатите 15 и годинава од 23 до 25 ноември во Битола ќе се одржи годинешното издание на “Фестивалот на музика од светот“. Годинешното издание на овој, по многу нешта специфичен фестивал, ќе биде под мотото “Една сцена, звук на светот”, а покрај во Големата сала на Центарот за култура во Битола ќе биде и на други локации. -Ова е фестивал кој своето прво издание го имаше во 2009 година, а се до денес на наше задоволство реализирана е голема продукција на настани. Се надевам дека и во иднина Битола ќе ја запишуваат на мапата на светските фестивали и ќе бидеме се поатрактивно место не само за домашните и балканските туку и за светски уметници. Годинава имаме јубилеј кој е значаен по многу нешта, ќе понуди програма за која долго време ќе се зборува после фестивалот. Оваа година како партнери се “Олабај“ и “Јуроп хаус“ во оф програмата која за нас е од посебно значење, рече директорката Маја Андоновска – Илијевски. Она што е карактеристично за годинешното издание на фестивалот е настапот на групата “Лајбах“,  а Битола е дел од нивната приказна која ќе се случува низ европските градови, “Love is still alive“. Тие ќе одржат целовечерен концерт во големата сала на Центарот за култура, едно визуелно,музичко и театарско доживување. -Групата “Лајбах“ во својата европска ноемвриска турнеја, а меѓу 20 градови од Европа е Битола на наше огромно задоволство и гордост. Концертот “Love is still alive“ ќе биде настан кој битолчани долго ќе го паметат и е настан кој можеби дваесет години не ни се случил, да гостува една група од ваков калибар. За нас како Центар за култура е огромен предизвик бидејќи да пречекаш уметници од типот на “Лајбах“ значи добра техничка подготовка за концертот да изгледа како и концертот во Лондон. Она што ќе се доживее во сабота во Центарот за култура ќе се памети зошто “Лајбах“ со својот тематски концерт не може да се види било каде и било кога. За “оф програмата“ Маја Ангеловска од “Олабај“ рече: -Со „Олабај на Фестивал на музика од светот“ ја завршуваме програмата на Олабај за 2023 година. Годинава “Олабај“ ги надополнуваше програмите на дел од меѓународните фестивали во Битола. Започнавме со “Битола отворен град“, продолживме со “Битола Шекспир фестивал“, пред 2 месеци бевме дел од меѓународниот фестивал за филмска камера “Браќа Манаки“ и денес сме овде, на наше задоволство, на “Фестивал на музика од светот“ за што уште еднаш би сакала да го искажам задоволството за ова партнерство помеѓу “Олабај“ и Центар за култура Битола.]]>

Свечено е отворено 32-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/svecheno-e-otvoreno-32-to-izdanie-na-internatsionalniot-festival-na-klasichna-muzika-interfest-vo-bitola/ Tue, 03 Oct 2023 12:27:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320900

Со изведба на оперската претстава „Рита“ од Гаетано Доницети, свечено е отворено 32-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола. Во големата сала на народниот театар „Благоја Стефановски-Баге“ честа први да настапат на оваа манифестација им припадна на уметниците од Македонската опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Градоначалникот Тони Коњановски го отвори ова 11 дневно патување на звуците на класичната музика, низ Битола.
„Културните апетити кои ги поседува Битола, надалеку прозвучуваат низ ваквите бројни манифестации, уметничкиот израз допира до секој од нас“, изјави Тони Коњановски, градоначалник на Битола.
Големиот интерес на битолчани за овој фестивал, потврдува дека истиот низ своето три децениско постоење, оставил длабоки траги. Ако Битола некогаш била град на клавирите, денес е центар на класичната музика. Според програмата оваа година ќе настапат уметници од 8 земји, со 13 музички настани. Посебен белег ќе остави концертот на јапонскиот оперски пејач Казухаро Котецу, кој има снимено над 30 македонски песни и ја афирмира Македонија низ цел свет. До 12-ти октомври, покрај концертите, посетителите ќе можат да ја погледнат и ликовната изложба на Драган Анѓелковиќ и Слободан Вигњевиќ како и поетската вечер во чест на великанот Ацо Шопов.]]>

Тамара Стојковска упорно тврди – „Не е до мене“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-stojkovska-uporno-tvrdi-ne-e-do-mene-video/ Mon, 04 Sep 2023 12:38:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316621

Тамара Стојковска во етер ја пушти својата најнова песна ,,Не е до мене”. Тамара е самостоен уметник од Битола и зад себе веќе има 5 песни. Таа заедно со Коста Хаџикојчев се автори на текстот за ,,Не е до мене”, а Каџикојчев беше задолжен и за музиката и аранжманот. Песната ја прати и колоритен спот со повеќе интересни ликови кој е сниман на неколку локации во Битола. Освен соло кариерата, Тамара е и главен вокал на бендот „Funk’d Up“ со кој е дел од клубската сцена во Македонија последниве неколку години. ]]>

Култниот контроверзен словенечки бенд „Лајбах“ со концерт во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/kultniot-kontroverzen-slovenechki-bend-lajbah-so-kontsert-vo-bitola/ Thu, 24 Aug 2023 12:47:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315271

Центарот за култура – Битола ги најави првите изведувачи на јубилејното 15-то издание на Фестивалот на музика од светот. Се работи за авангардниот словенечки индустријал состав „Лајбах“ кој во рамки на својата европска турнеја „Love is still alive“ ќе гостува во Битола на 25-ти ноември. Бендот кој претставува музичко крило на движењето Neue Slowenische Kunst (NSK) e основан во 1980 година и во тој период често беше предмет на контроверзии и забрани. „Веќе е потпишан договор за бенд кој на светската мапа на бендови е запишан од 80-тите години, бил предмет на контроверзии, а потоа се докажал дека се најголемите “индустријал“ уметници на сите времиња. Ние влегуваме во нивната есенска, светска турнеа, и се наоѓаме на мапата на нивната турнеа, покрај 20 други градови, покрај Лондон, Амстердам, Малме, Прага… Станува збор за бендот “Лајбах“ кои ги поканивме во Битола по мои контакти и веќе е потпишан договорот за настапот во Битола, а ќе биде голем целовечерен концерт. Тие веќе на нивниот спот за турнеата, ја најавија Битола“ - изјави Маја Андоновска-Илиевски, директор на Центарот за култура во Битола.]]>

На 24-ти август: Фестивал на староградска музика „Ех, таа серенада” во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/na-24-ti-avgust-festival-na-starogradska-muzika-eh-taa-serenada-vo-bitola/ Mon, 21 Aug 2023 12:36:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314623

На 24-ти август ќе се одржи првото издание на македонскиот фестивал на староградска музика „Ех, таа серенада” во Битола. Културниот и информативен центар во Битола е општинска установа од културата која повторно ја возобновува музичката традиција на серенадата, карактеристична за овој град. Фестивалот ќе се оддржи на платото на Офицерски дом – КИЦ Битола, кој што воедно и организатор на оваа манифестација. Во една фестивалска вечер ќе бидат изведени 16 авторски композиции, а ќе настапат исто толку познати изведувачи. За големиот интерес и квалитет на манифестацијата зборува и големиот број на пријавени автори (преку седумдесетина), од кои се селектирани најсоодветните за овој музички жанр. Со особено задоволство ги најавуваме музичките имиња како; Ламбе Алабаковски, Катерина Таневска, Перо Христов, Елене Георгиева, Драган Мијалковски, Сефедин Бајрамов, Мишко Крстевски, Димитар Андоновски, „Трио Џентлемен” и многу други. ]]>

Фестивалот „300 Работи, Триста“ од 10 до 12 август во Битола, филмови, книги, изложби… https://arhiva.vistina.com.mk/festivalot-300-raboti-trista-od-10-do-12-avgust-vo-bitola-filmovi-knigi-izlozhbi/ Thu, 10 Aug 2023 10:20:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313318

Фестивалот “300 Работи, Триста“ е една од поистакнатите културни манифестации во Битола и регионот, која веќе привлекува бројни посетители и учесници. Досега, фестивалот ја имаше честа да прими повеќе од 180 уметници од различни делови на светот, меѓу кои и  Србија, Албанија, Франција, Италија, Грција, Шпанија, Чешка, Словачка, Естонија, Финска, Индија, Р. Кина, САД, Канада и други. Оваа богата и разновидна лепеза на уметници ја чини оваа манифестација една значајна културна одредница која го збогатува културното битисување на Битола. Официјалното отварање на фестивалот ќе биде на 10 август во 20 часот со битолската премиера на филмот „Некрстени денови“ (Ballad of Piargy, 2022), дело на нашиот познат и признат режисер Иво Трајков, во киното Манаки. На 11 август во Офицерскиот дом со почеток од 20:00 часот ќе биде промовирана Книгата – „Прирачник за сценаристот: Водич на писателот за сценарио за документарни и играни филмови“ на Игор Трајковски Фоја, рецензенти Иво Трајкв, Томаш Петрањ, Антонио Митриќески, и Сашо Кокаланов. Промотер на книгата е нашиот познат глумец Марјан Георгиевски. Покрај промоцијата на оваа дело, ќе биде отворена и изложбата на уметнички дела со наслов: ЛИМИНАЛ, од младата и преспективна авторка, Јана Танчевска. Овој настан музички ќе биде збогатен со музички изведби на Николче Петкоски. Затварањето на фестивалот ќе биде на 12 август со проекција на краткометражниот игран филм „Синиот час” по сценарио и во режија на Ана Јакимска во 20 часот, во просторот пред Радост. Покрај филмот ќе биде промовирана и книгата – „Колегиумски записник 010“, збирка на литературни дела, фотографии, дизајни и цртежи. Овој зборник е продолжение на низата „Колегиумски записници и тоа: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9. Во просторот ќе има изложба на фотографии, ликовни дела, секако со посебен акцент на младата публика и дебитанските автори. Целиот настан ќе биде музички пропратен со настап во живо на Box Beater. Извор: Република]]>