битола отворен град – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Sep 2021 12:49:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png битола отворен град – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 20 години „Битола отворен град“ https://arhiva.vistina.com.mk/20-godini-bitola-otvoren-grad/ Tue, 07 Sep 2021 12:49:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218338

Овој викенд во Битола ќе се одржи 20-тото издание на фестивалот Битола Отворен Град во организација на МКЦ-Битола. Токму фестивалот цели две децении обединува, креира и инспирира младинско учество преку музика и уметност низ општествен процес во кој поминале многу генерации. Годинава во двата фестивалски денови, на две локации, во Пациото на музејот и локалитетот Хераклеја, ќе настапат бројни артисти и бендови. The BalGuns (Грција), Stereo Banana (Србија), Кирил Џајковски (Македонија), Helem Nejse (Босна и Херцеговина), Love Itoya (Нигерија, Грција)…концертите се бесплатни, потребна е само регистрација на сајтот на МКЦ-Битола. Бројот е ограничен, согласно здравствените протоколи. Летото никогаш не завршува за големи настани, порачуваат организаторите, затоа испланирајте го овој викенд за БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД.]]>

Интернационален младински арт фестивал: “Битола Отворен Град” од 3-ти до 5-ми септември https://arhiva.vistina.com.mk/internacionalen-mladinski-art-festival-bitola-otvoren-grad-od-3-ti-do-5-mi-septemvri/ Sat, 08 Aug 2020 08:59:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162398

Познатитот битолски фестивал, “Битола отворен град”, сепак ќе се одржи и оваа година во пандемиски услови. Организаторите од МКЦ- Битола соопштија дека ова издание кое требаше да се одржи во јуни е преместено за од 3-ти до 5-ми септември. Се најавува музичка програма на кирилица, но и други мали слатки уметнички задоволства за душа и глава. “Годинава пред нас се исправи предизвикот да го организираме фестивалот во состојба на пандемија и тоа на сосема нов, оригинален, непретпоставуван дискурс, согласно пропишаните протоколи и мерки. Пандемијата е трансформативен момент за светот. Корона кризата испишува нови страници во домашната и светската уметност, а ние имаме одговорност да ја поддржиме домашната уметничка сцена, да обезбедиме можност и услови за нејзино промовирање, конзумирање и уживање. Уметноста успева да го најде својот пат до публиката и во време на пандемија, а ние сме должни тој пат да го направиме безбеден и за уметниците и за публиката која е жедна за квалитетна уметничка програма”, велат од Младинскиот културен центар – Битола.
]]>