битласи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Jan 2024 14:07:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png битласи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 2023-та – година на рокенролот: Тејлор Свифт е прва дама, но „Битлси“ високо летаат, а „Ролингстоунси“ се тркалаат кон врвот https://arhiva.vistina.com.mk/2023-ta-godina-na-rokenrolot-tejlor-svift-e-prva-dama-no-bitlsi-visoko-letaat-a-rolingstounsi-se-trkalaat-kon-vrvot/ Tue, 02 Jan 2024 10:52:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333373

Во годината во која доминираа поп-изведувачи како Тејлор Свифт, Бијонсе и Оливија Родриго, и бендови и музичари од минатиот век успеаја да се пробијат високо на топ-листите. Неколкумина музичари постари од 70 години се најдоа меѓу најдобрите десет на топ-листите на синглови и албуми на Билборд.

„Битлс“ го имаше својот прв топ-10 сингл од 1996, откако песната „Now And Then“, направена со помош на вештачка интелигенција, дебитираше на седмото место. Пол Макартни има 81, а Ринго Стар 83 години.

Новиот албум на „Ролинг стоунс“, „Hackney Diamonds“, се искачи на третото место со Мик Џегер (80 години), Кит Ричардс (80) и Рони Вуд (76).

Кантри дивата Доли Партон (77) дебитираше на третото место со својот нов албум „Rockstar“, што ѝ е највисокиот пласман досега.

Седумдесет и деветгодишната Бренда Ли стана најстариот изведувач кој се искачил на првото место на американската топ-листа, што ѝ успеа со класикот „Rockin’ Around The Christmas Tree“, оригинално објавена пред 65 години. Со стари божиќни хитови во топ-10 се вратија и 77-годишната Недра Тали со групата „Ронетс“ и Хосе Фелисијано (78).

]]>