битфест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Sep 2022 12:35:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png битфест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со концерт за паметење на групата „Меморија“ заврши битолско културно лето „БитФест“ https://arhiva.vistina.com.mk/zavrshi-bitolsko-kulturno-leto-bitfest/ Mon, 05 Sep 2022 12:35:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265563

Со концерт за паметење кој го приредија членовите на групата „Меморија“, синоќа во Битола заврши битолското кулурно лето „БитФест“. Во изминатите два и пол месеци на повеќе летни сцени во Битола се одржаа концерти на класична, поп, рок, џез музика, театарски претстави, ликовни изложби, уметнички перформанси, фестивали…
Граѓаните дадоа поддршка на сите манифестации, на 140 настани со повече од 44.000 посетители, 77 денови, 9 фестивали…Почнавме спектакуларно со Каролина Гочева, фасцинантно завршивме со „Меморија“, групата на нашата младост, групата која ја возвишува македонската рок музика, истакна градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на последната фестивалска вечер што се одржа на ракометното игралиште. За време на сите фестивалски денови, во Битола гостуваа уметници и културни работници од Израел, Полска, Чешка, Швајцарија, Турција, Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија, Полска, Црна Гора, Албанија, Франција…
]]>

Солистички концерт на Давор Неќак и Горјана Стојановска во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/solistichki-koncert-na-davor-nekjak-i-gorjana-stojanovska-vo-bitola/ Thu, 04 Aug 2022 10:34:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261505

Битолското културно лето „БитФест“ продолжува со солистички концерт на Давор Неќак – баритон, во придружба на Горјана Стојановска – пијано.
Младите битолски уметници ќе приредат концертна програма исполнета со дела од Чајковски, Верди, Равел, Рахмањинов и други композитори.
Давор Неќак во моментов е солист на Ријечката опера во Хрватска, а дел од неговиот профил се улогите на Меркуцио во операта „Ромео и Јулија“, улогата на Беглербег во операта „Никола Шубиќ Зрињски“, улогата на Пандолф во операта „Пепелашка“, улогата на Мајорот во операта „Животинска фарма“, улогата на Фигаро во оперетата „Прилежници“, а меѓу концертните настапи од „БитФест“ го истакнуваат настапот како солист во кантатата Кармина Бурана во продукција на Музичката академија во Загреб, настап со Загребската филхармонија во изведба на циклусот на Морис Равел…и други.
Целовечерниот концерт на Давор Неќак и Горјана Стојановска ќе се одржи во битолскиот Офицерски дом од 20 часот, најавија од Општина Битола, организатор на „БитФест“. Извор:МакПресс

Празникот на музиката „СОЛСТИС” на „Битфест“ https://arhiva.vistina.com.mk/praznikot-na-muzikata-solstis-na-bitfest/ Wed, 22 Jun 2022 11:59:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255617

Како дел од програмата на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, во организација на Француската алијанса, а со поддршка од општина Битола, синоќа се одржа 20 јубилејно издание на Фестивалот „Солстис“ – празникот на музиката. На 10 сцени од Старата чаршија до Офицерскиот дом во Битола, голем број изведувачи, бендови оркестри, хорови и познати пејачи создадоа прекрасна атмосфера, токму во насока на реализација на целта на овој фестивал: да ја промовира музиката, а аматерите и професионалните музичари да се охрабруваат да настапуваат на улиците, додека концертните настапи се бесплатни за јавноста. Фестивалот е традиционална музичка манифестација и истиот е дел од светската мрежа на овој франкофонски фестивал, познат и како Fete de la music, односно Светски ден на музиката и официјален почеток на летото. На овој ден во над 180 земји во светот каде франкофонијата има свое влијание, а голем број граѓани и музичари излегуваат на улиците, плоштадите и музицираат, пеат, танцуваат. Фото:Принтскрин/Битола Њуз]]>