бит фест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 Aug 2022 11:10:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бит фест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Денес на Бит Фест „Музиката раскажува приказни“ https://arhiva.vistina.com.mk/denes-na-bit-fest-muzikata-raskazuva-prikazni/ Fri, 12 Aug 2022 11:10:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262479

Љубителите на класичната музика денес ќе имаат можност да уживаат во прекрасните звуци на пијаното, во изведба на две врвни пијанистки од нашиот град, професорките Татјана Божиновска и Билјана Димовска, во Офицерскиот дом во Битола, со почеток од 20 часот. На програмата ќе бидат изведени дела од познатите балети на Петар Илич Чајковски: 1.      Свита од балетот „Заспаната убавица“ ·         Introduction. La fee des lilas ·         Adagio.Pas d’action ·         Pas de caractere ·         Panorama ·         Valse 2.      „Оревокршачка“ ·         Ouverture in Miniature ·         March ·         Dance of the Sugar-Plum Fairy ·         Russian Dance (Trepak) ·         Arabian Dance ·         Chinese Dance ·         Dance of the Flutes ·         Waltz of the Flowers Пијанистката Билјана Димовска има настапувано на повеќе значајни манифестации во нашата земја: „Денови на македонската музика”, „Скопско лето”, „Битолско културно лето” „Хераклејски вечери“, „Прилепско лето“, „Денови на полската култура во Македонија”, „Музички вторник“, “ Златна лира”, „Интерфест“ – Битола. Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди: I награда на Интернационалниот натпревар во Бугарија „Нашите деца го свират Бах”; Специјална награда „Стефан Трајанов“ на истиот натпревар. Од 2000 год.е вработена е во Државното музичко училиште во Битола како професор по пијано. Пијанистката Татјана Божиновска има одржано повеќе концерти и рецитали: Бугарија, Србија, Романија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Австрија, Норвешка, Полска, Турција. Настапила како солист со Македонската филхармонија и со Битолскиот камерен оркестар. Во 2006 е добитник на највисокото битолско признание „4 Ноември“ – како член на триото „Интерарт“. Од 2002 год. е вработена е во Државното музичко училиште во Битола како професор по пијано. Дуото пијано во состав Татјана Божиновска – Билјана Димовска работи заедно од 2009 год. и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика.   Има одржано повеќе рецитали низ земјата: Битола, Ресен, Прилеп, Охрид, Скопје, Штип, Гевгелија, и на фестивалите: „Интерфест”- Битола (2009, 2020), „Битфест” – Битола (2011, 2013, 2018), „Златна лира”- Скопје (2011, 2021), „Прилепско културно лето” – Прилеп, „Музички моменти” – Гевгелија. Во 2013 година го снимаат и своето прво CD. Извор: Канал 5]]>

Џез вечер со Клод Болинг – Тоот квартет на „Бит фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/dzez-vecher-so-klod-boling-toot-kvartet-na-bit-fest/ Mon, 27 Jun 2022 12:11:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256123

Како дел од програмата на битолското културно лето “Бит фест 2022“, вечерва со почеток во 21 часот во Офицерскиот дом во Битола, ќе се одржи настанот: “Џез вечер со Клод Болинг“, во изведба на труба и џез пијано трио, во состав: Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас, Филип Шурбевски-тапани. Четворица академски музичари ќе изведуваат музика за труба, пијано, контрабас и тапани од композиторот Клод Болинг. Оваа музика е микс од класична и џез музика и е приемлива и интересна за секој слушател. Тоот свитата е едно од најзначајните дела во репертоарот за труба, каде трубачот свири на 5 различни труби. Тоот свитата на Клод Болинг за трубач и џез пијано трио, напишана е специјално за францускиот виртуоз трубач Морис Андре кој премиерно ја извел во 1980 година и е важно дело во репертоарот за труба и е едно од најтешките за изведба. извор:bitolanews.mk/]]>

„Бит Фест“ со нов концепт: 64 денови културна програма со концерти на „Танец“, Влатко Стефановски, „Мизар“, „Меморија“… https://arhiva.vistina.com.mk/bit-fest-so-nov-koncept-64-denovi-kulturna-programa-so-koncerti-na-tanec-vlatko-stefanovski-mizar-memorija/ Mon, 20 Jun 2022 13:01:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255270

Битолското културно лето, започна  со концерт на Каролина Гочева во Хераклеја и ќе трае до 31 август. Оваа година, „Бит Фест“ воведува нов концепт на културно лето, кое истовремено ќе ги поврзува традицијата и современите достигнувања во културниот свет. Во следните 64 денови, на повеќе просторни сцени во градот на кои како дел од „Бит Фест“ ќе се одржуваат 10 фестивали, со гостувања на уметници од над 20 земји од светот, Битола низ автентичен културен израз, ќе ја промовира македонската уметност, култура и традиција пред домашната и странска публика, градејќи и цврсти меѓународни врски, за нови можности за културен напредок на градот. Освен концертот на Каролина, на програмата се и два други големи концерти. Култните „Мизар“ на 9-ти август на платото кај Офицерскиот дом, а програмата завршува со концерт на „Меморија“ на 31-ви август во Хераклеја. Дел од музичката и музичко сценската уметност на „Бит Фест“ се и Камерниот оркестар „Профундис“, виолинистите Владимир Костов, Ана Контраденко, Марко Поп Ристов, сопранот Весна Гиновска Илкова, а под наслов „Со лезет за Битола“ ќе настапат светски познатите, македонски оперски пејачи Ана и Игор Дурловски. Традиционално, „Со песни за Битола“, продолжуваме со „Незаборав“. За љубителите на џез – културата, ќе се одржи Интернационалниот „Џез Фабрика Фестивал“, а „Балкан Гала фестивалот“ на Камерниот оркестар на Битола, ќе биде исполнет со поп и рок симфонија. Музиката и традицијата, ќе се негуваат преку „Локум фест“, а меѓу богатите содржини за време на фестивалот „Илинденски денови“ на „Бит Фест“ е и гостувањето на ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“ и Влатко Стефановски. Официјалната програма, ќе заврши на 31 август, а на предлог на комисијата, поддржани се и апликации кои се однесуваат на културни содржини кои ќе се реализираат во Битола, надвор од програмата на битолското културно лето, до крајот на годината. Ваквиот пристап на општина Битола, нуди простор и поддршка и за други проекти да бидат презентирани пред битолската јавност, да се потикне потенцијалот за идна соработка, но и да се отвори можност за реализација на проекти кои заради своите специфики и интересот на градот да ги поддржи, имаат потреба за дополнително време и средства за реализација. Целата програма е достапна на веб-страницата на Општина Битола.]]>