бистро – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Nov 2019 09:40:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бистро – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кое кафе си ти – провери во Барбакан! https://arhiva.vistina.com.mk/koe-kafe-si-ti-proveri-vo-barbakan/ Thu, 07 Nov 2019 09:40:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117096

Желбата за задоволување на потребите наутро е силна. Сите сетила се начулени, отворени за ново искуство што го носи секој нов ден. Првите капки кои ги допираат усните како велвет се распостилаат по јазикот. Слатко горчливиот вкус го буди телото, уживаш во кофеинот и првата утринска шолја кафе. Но, кое е кафето што ги задоволува твоите утрински потреби? По што копнееш, а што те исполнува? Дали е тоа кафе со силно тело кое нагорчува или лесна пена што те пренесува како бурни морски бранови. Изборот на кафе многу открива и за карактерот на оној кој го пие. Начинот на кој се подготвува, послужува и ужива во него покажува како се носиш со предизвиците и радоста во животот. Дали сакаш да патуваш на нови егзотични локации или не сакаш изненадувања?  Дали сакаш остра арома со смел вкус што протресува како луѓето без влакна на јазикот или го пиеш кремасто и благо, налик на добрите луѓе. Денес со Барбакан за тебе подготвивме тест. Прво направивме тест да откриеш кое кафе си ти и може да прочиташ кое кафе треба да го одбереш за целосно да се опуштиш во божествениот вкус. Дојди во скопскиот бистро бар „Барбакан“, порачај го првиот тип кафе што ќе ти падне на ум од новиот бренд Buondi и откриј се себе си!

Еспресо

Роден лидер! Само една мала голтка од еспресо може да биде многу горчлива и многу интензивна. Исто како и оној што го бира ова кафе, прилично интензивна и смела личност. Работиш напорно, но и се забавуваш лудо. Знаеш како да ги постигнеш работите што ги сакаш. Ти си основата за сите други кафиња. Инспирација си за другите и сакаш работите да ти одат под конец.

Дупло еспресо

Логичар! Многу си практичен и не влетуваш во авантури вртоглаво, како некои од твоите пријатели. Секогаш имаш јасна и конкретна цел пред тебе и максимумот од себе го даваш кога претпоставениот точно ќе ти каже што очекува од тебе.

Макијато

Ти си личност што не сака да носи одлуки. Имаш опуштена природа и навистина не сакаш премногу да ја анализираш секоја одлука. Карактеристична нота ти е спонтаноста и сакаш релаксиран пристап кон работите во животот.

Капучино

Космополитен! Ти си многу софистицирана личност. Имаш префинета смисла за стил и се држиш до класиката. Многу креативен ум и висока социјална интелигенција. Тоа те прави одличен пријател.

Нескафе

Авантурист! Не се плашиш од кафе богато со ароми и вкусови. Сакаш да живееш спонтано во мигот наместо да ги планираш работите до детали. По природа си среќна и позитивна личност и луѓето сакаат да бидат околу тебе. Најдобар начин да го доживееш кафето што си ти, особено ако се сметаш за вистински вљубеник, може да се случи откако ќе го посетиш скопскиот бистро бар „Барбакан“. Затоа што кафето го третираат како стартер на комуникацијата и дружбата. Додека со друштвото уживате во богатиот избор на квалитетно кафе кое ќе го задоволи вкусот и на најизострените љубители на кафето, проверете го и тестот.
„Секој искусен угостител знае дека кафето е една од најважните работи за гостите. Професионалците посветуваат многу внимание кога го одбираат кафето што го служат во барот. Нашиот избор е Buondi, висококвалитетно кафе кое во светот го препознаваат како најдоброто еспресо кафе. Го одбравме и затоа што во шолјата Buondi е преточена една социјална нишка карактеристична за македонскиот менталитет, односно во тие неколку грама препознаваме забавен, интензивен, живописен и социјален, модерен, опуштен, елегантен и рафиниран вкус. Нудиме исклучително искуство кое буди страст, гостите го препознаваат и го одбираат Барбакан за своите бизнис состаноци или попладневни дружби со пријателите“, порачува бариста Ристе Барутовски од Барбакан.
Барот Барбакан се издвојува од останатите скопски места како место со добар вкус и внимателна услуга. Исклучителен амбиент којшто ги задоволува потребите на гостите кои одржуваат бизнис состаноци или оние кои бараат место во попладневните часови да се опуштат на „афтерворк“ забава со исклучително добра музика во живо.
„Љубителите на кафе во Барбакан може да бираат меѓу Buondi Gold и Buondi Perfetto според тоа какво кафе преферираат. Buondi Gold е мешавина од Арабика и Робуста сорти на кафе, со силно тело, ниска киселост и добра горчина избалансирана со кремаста какао структура. Додека Buondi Perfetto е 100% Арабика кафе, сертифицирано од Rainforest Aliance. Има средно тело, средна киселост, ниска горчливост и слатки ноти на бадем. Оние кои ја преферираат горчливоста на кафето може да одберат Buondi Gold, додека Buondi Perfetto е за оние кои не сакаат горчлив вкус. Барбакан се одлучи за кафето 100 Арабика“, објаснува Барутовски.
Со енергичната доза кофеин, во Барбакан може да одберете и вкусен десерт или едноставно, средбата да ја почнете со префинет оброк, што ќе продолжи во незаборавно дружење во амбиент што опива со добра музика.]]>

ИСТРАЖУВАВМЕ: Каде има најдобар појадок во Скопје? https://arhiva.vistina.com.mk/istrazuvavme-kade-ima-najdobar-pojadok-vo-skopje/ Thu, 29 Mar 2018 11:52:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=18361

Нашата истражувачка екипа на јадачи си постави нов предизвик: да откриеме каде во Скопје може да се добие најдобриот и највкусниот појадок. Прошетавме и дегустиравме низ еден куп локали, ресторани и гостилници, но како стварно посебен локал што би сакале да го издвоиме по своите појадоци, како и по атмосферата е “Бистро Скопје”. Доколку некој не знае, Бистро е лоциран во најстрогиот центар на Скопје, на најфреквентниот дел на ул. Македонија, до Рекорд. Во моментот кога го добивме менито за појадоци навистина имавме „проблем“, а веруваме дека истиот го имаат и другите посетители. Како да избереш меѓу толку појадоци што звучат така вкусно: традиционален Легендарен Бистро Скопје појадок, софистициран француски со плаво сирење порткал, сува кајсија, јајца, јаболка и капучино, американски класик појадок, чорбите од лосос и пилешко и што уште не. Многу избори и сите така вкусно звучат. Не можете да се одлучите? Не можевме ниту ние. Затоа нарачавме два различни. Легендарен појадок – Бистро Скопје. Не за џабе го викаат легендарен. Крцкавите мекици (од Мекиците од Стража) се одличен начин да се почне денот. Добро познатите мекици се посни, па и оние кои внимаваат на такви работи ќе можат да јадат ем посно, ем вкусно. Им додадовме превкусен традиционален македонски ајвар и сирење што се топи во устата и добивме појадок на кој ретко кој може да му одолее. Впечатокот немаше да биде комплетен без најдобриот пршут и киселата павлака, а си надополнивме и со чај, затоа што чај, мекица и ајвар е неодолива комбинација. 100-процентниот сок од портокал е бонус од кој едноставно не сакавме да се откажеме.
Американски класик појадок. Високопротеински од една страна и супер фит и здрав оброк од друга. Три јајца, крцкава и вкусна сланина и најдоброто овчо сирење се протеинска бомба што нè држеше сити до ручекот. Особено го препорачуваме за сите што имаат важни обврски во текот на денот, кои бараат концентрација. Протеините ги избалансиравме со витамини: домат, краставица и маслинки. Не го забораваме ни лепчето. На крајот, добивме и макијато со арома што се памти цел ден.
 ]]>

Kое е најдоброто место за вечера на Св. Валентин? https://arhiva.vistina.com.mk/koe-e-najdobroto-mesto-za-vechera-na-sv-valentin/ Mon, 12 Feb 2018 09:30:53 +0000 http://vistina.mk/?p=12380

Маж или жена – секогаш кога си на идеја да го изненадиш партнерот со убава резервација за Валентин, се соочуваш со ситуација на немање слободни места, гужви, разочараност од понудата на локалите и сл. Затоа, решивме да одвоиме нешто за овој 14-ти февруари...
Бистро Скопје, новиот блуз и џез ресторан на улица Македонија, на 14-ти февруари организира прекрасна вечер заедно со „JB Quartet“ и Нико Ѓоргиевски. Два фантастични машки и женски вокали, Нико и одличната џез вокалистка Јасмина Беличанска ќе бидат придружени од all-star составот на басистот Марко Василевски, пијанистот Филип Димишковски и Антоние Весковски на ударни инструменти. Ќе се пеат врвни аранжмани од преработки на Frank Sinatra, Nat King Cole, Diana Krall, a и Македонски евергрини кои ќе ви ги разгалат музичките сетила.
За останатото ќе се погрижат извонредните шефови Жика и Рубин и нивните веќе добро познати кулинарски ремек-дела во Бистро Скопје. А за оние кои сакаат да го прослават Св. Трифун ќе има посебно изненадување – промоција на Тиквеш и промотивни цени на нивните вина. Резервирајте си место во Чув де чув на 078 52 05 52 или на [email protected] за незаборавна романтична вечер. Побрзајте, затоа што голем дел од местата се веќе пополнети од редовните клиенти на Бистро Скопје. Погледнете и мал дел од атмосферата на последниот настап кој „JB Quartet“ го имаа во Бистро Скопје... ]]>