бистра вода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Mar 2023 13:30:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бистра вода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Бистра вода“ прва домашна серија на новата платформа за македонска продукција „Кинемое“ https://arhiva.vistina.com.mk/bistra-voda-prva-domashna-serija-na-novata-platforma-za-makedonska-produktsija-kinemoe/ Thu, 02 Mar 2023 13:30:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291486

Првичните реакции за македонската серија „Бистра вода“ се позитивни и оние кои ја погледнале првата епизода, со нетрпение ги очекуваат останатите 17. Ова беше кажано на денешната прес-конференција во Скопје, на која беше промовирана новата платформа за македонска продукција „Кинемое“, каде прва ексклузивна содржина ќе биде токму серијата „Бистра вода“. Продуцентот, сценарист и режисер Јани Бојаџи изјави дека би сакал во земјава да не се зборува само за политика и проблеми, тука за македонски серии, филмови и слично, нагласувајќи дека проектот „Кинемое“ треба да биде поттик за нови медиумски можности. – Светот ги има „Нетфликс“, „Хулу“, „Амазон“… Ние не смееме да изостануваме. Македонија е дел од светот. „Кинемое“ е платформа со амбиција да биде македонскиот „Нетфликс“, да биде само за македонски документарци, подкасти, серии и така натаму. Нема да биде лесно, но сакаме ова да го истераме до крај, истакна Бојаџи. Тој најави и нови проекти, а меѓу нив и „ситком“ серија во американски стил, во која, како што најави, ќе играат и актери добро познати на јавноста. Еден од глумците во „Бистра вода“, Зоран Љутков посочи оти бил изненаден од младите актери во серијата, за кои смета дека ги очекува блескава кариера. -Не очекував да изгледа така како што изгледаше, затоа што претпоставував дека тоа ќе биде проекција која што е направена посебно за екипата и одредени пријатели и помагатели на серијата и видов дека всушност се појавија голем број на луѓе кои беа со големи очекувања затоа што многу малку вакви работи ни се случуваат, рече актерот. Љутков истакна дека како актер многу често го трга погледот каде што е дел, затоа што не можел да биде објективен за одредениот производ и многу поважна му била важна реакцијата на публиката. -имаше доста луѓе кои беа растревожени од тоа што го видоа, доста луѓе кои што биле вознемирени, имаше многу позитивни реакции во однос на тоа дека всушност една епизода изгледа како еден долгометражен филм. Очекувањата се дека ќе се гледаат 18 филмови на телевизија Алфа, рече Љутков. Ко-продуцент и извршен продуцент на серијата е Дејан Милошевски, според кога осумнаесетте епизоди на „Бистра вода“ се како 18 филмови. -Во првите моменти проектот беше обемен и како да се работи на 12, 13 долгометражни филмови што ни створи еден напор што верувавме дека ќе успееме, бидејќи самиот проект во прво време финансиски беше само со мал удел. Тој принцип на работа, каде можете да работите, а немате доволно средства, направи да биде еден човек за повеќе сектори, што во целина да не беше тој тим немаше да се дојде денес до премиера на серијата, вели Милошевски. Заклучи дека сите се задоволни од екипата. Прв асистент на режијата е Никола Поповски кој вели дека вчера се случила жетвата на она што го посеале пред една година. -Јас скоро цела година 24/7 живеев со серијата, а кога првпат се сретнав со идејата да се сними ова почувствував мотив да придонесам најдобро што можам, најмногу што знам за од кај нас да отпочне индустриско производство на играни серии и филмови, бидејќи ние имаме голем проблем бидејќи немаме развиено играна индустрија во телевизиите, па и во независните продукции, вели тој. Од 5 март, „Бистра вода“ ќе се емитува на телевизија, како и на платформата „Кинемое“. извор:курир.мк]]>

Во кино „Синеплекс“: Премиерно промовирана првата епизода на „Бистра вода“ – ентузијастички проект без денар државна помош https://arhiva.vistina.com.mk/vo-kino-sinepleks-premierno-promovirana-prvata-epizoda-bistra-voda-entuzijastichki-proekt-bez-denar-drzhavna-pomosh/ Thu, 02 Mar 2023 12:31:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291433

Вчеравечер, среда, 1 март 2023, со почеток во 20 часот во киното „Синеплекс“  се одржа светската премиера на првата епизода од најновата македонска серија „Бистра вода“. Премиерата на првата епизода е увертира во телевизиската премиера, која ќе биде оваа недела, на 5 март на ТВ „Алфа“, како и на промовирањето на првите 5 епизоди на платформата „Кинемое“. Сценарист и режисер на серијалот е Јани Бојаџи. Актерската екипа ја сочинуваат над 70 актери од Македонија, меѓу кои Мони Дамевски, Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ, Зоран Љутков, Роберт Вељановски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Владо Јовановски, Маја Љутков, Мето Јовановски, Јана Вељановска, Ирена Илиевска, Славица Манаскова, Рубенс Муратовски, Григор Јовановски и многу други. По вечерашната премиера на „Бистра вода“, потпретседатеот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски упати честитки до тимот кој работеше на првата македонска крими – драма.
Премиера на првата епизода од најновата и прва македонска крими-серија „Бистра вода“ . Честитки до целиот тим кој работеше на оваа прва македонска крими-драма. Честитки до Алфа Телевизија и режисерот Јани Бојаџи. Ова е ентузијастички проект без денар државна помош. Секоја чест!
]]>

И покрај силното полициско обезбедување среде ноќ посетители на гробот на Гоце Делчев: Некои светости најдобро се чуваат од одбрани луѓе! https://arhiva.vistina.com.mk/i-pokraj-silnoto-politsisko-obezbeduvane-srede-nok-posetiteli-na-grobot-na-gotse-delchev-nekoi-svetosti-najdobro-se-chuvaat-od-odbrani-luge/ Fri, 03 Feb 2023 07:06:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287241

Скопје врие од полиција... Особено под Калето... Улицата затворена, барикади и препреки, агенти во цивилка, полициски службеници во униформа... Министерот со полна уста самофалби... Демек сите го чуваат пристапот до вечното почивалиште на великанот... На Гоце Делчев... Што од  туѓинци што сакаат да го присвојат, што од нашинци што се подготвени да го продадат... Како што го продадоа и предадоа кога млад загина за слобода на мајката земја, за Македонија. А всушнот сите тие го чуваат од... самите себе. Но, колку и да го чувааат и тврдат дека пиле не може да прелета и покрај силното  полициско обезбедување,  среде ноќ посетители на гробот на Гоце Делчев... Некои светости најдобро се чуваат од одбрани луѓе! Со кристално чисти срца и намери, бистри како... „Бистра вода“! Какви тајни се кријат на вечната адреса на Апостолот? Тимот на „Бистра Вода“ ја чува „тајната над тајните“. И дење - и ноќе. Тајните интриги во бизнисот, криминалот, високата политика претставени низ призмата на две семејства и конфликтот стар 45 години. Едно убиство, голема мистерија и многу тајни… Сето ова во првата македонска криминалистичка серија „Бистра вода“, чие премиерно прикажување е најавено за крајот на февруари, а фотографијата е само еден од кадрите во серијата која ќе можете да ја гледате наскоро на Алфа и Кинемое.      ]]>

Промовиран трејлерот за серијата „Бистра вода“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/promoviran-trejlerot-za-serijata-bistra-voda-video/ Mon, 09 Jan 2023 06:59:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283190

„Бистра вода“ е насловот на првата македонска крими-драмска серија, чиј режисер и сценарист е Јани Бојаџи. Целосно македонска продукција, без никаква помош од државата, првата македонска крими-драмска серија  инспирирана од вистински настани, наскоро ќе има своја премиера на Алфа ТВ. Според информациите,  истата треба да стартува на почетокот на месец февруари годинава. Во екипата што го создаде овој оригинален телевизиски продукт, без денар државна помош, се 70-тина актери, меѓу кои: Мони Дамевски, Деан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Владо Јовановски, Александар Микиќ, Кети Дончевска-Илиќ, Маја Љутков, Зоран Љутков, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Ирена Илиевска… Телевизија Алфа во специјалното издание на Вечерното шоу на Богдан Илиевски, го промовираше трејлерот на серијата (КЛИКНИ ТУКА). ]]>

„Бистра вода“ – нова серија во македонска продукција чиј сценарист и режисер е Јани Бојаџи https://arhiva.vistina.com.mk/bistra-voda-nova-serija-vo-makedonska-produkcija-chij-scenarist-i-reziser-e-jani-bojadzi/ Fri, 03 Jun 2022 06:17:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252963

Во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон  во Горно Нерези денеска почна снимањето на „Бистра вода“ – новата серија во македонска продукција. Продуцент, сценарист и режисер на серијата е Јани Бојаџи. Ова е првата серија по подолго време во земјава во жанрот трилер со сериозни драмски елементи на крими-драма. Актерската екипа вклучува плејада на македонски актери од сите генерации меѓу кои е Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Васил Зафирчев, Александар Микиќ, Роберт Вељановски, Зоран Љутков, Владо Јовановски, Снежана Коневска Руси, Мето Јовановски, Горан Стојановски, Маја Љутков, Кети Дончевска Илиќ, Рубенс Муратовски, а од помладите Дамјан Цветановски, Ирена Илиевска, Ана Јовановска и други. Актерската екипа брои повеќе од 100 актери. Серијата ќе се снима на повеќе од 50 локации во Скопје, но и низ државата. Почетокот на емитувањето на серијата ќе биде во средината на септември оваа година на телевизија Алфа. Како што соопштија од „Синемон медиа фактори“, приказната во серијата е современа, исклучително актуелна, разработувајќи многу сегменти од општествениот, политичкиот и културниот живот во нашата држава последниве неколку декади, а ќе изобилува со карактери, односи и настани кои силно ја рефлектираат денешницата, блиското минато, а реферираат и на едно подалечно минато на македонскиот народ. -Кога актерите и соработниците го прочитаа сценариото првата реакција им беше дека било многу актуелно и дека во целост ја изразува реалноста на Македонија денес, тука и сега. Јас не се радувам на тоа затоа што ова сценарио е напишано пред 12 години. Кога сум го пишувал тогаш, наводно, реалноста била поинаква. Значи во една декада не се променило ништо во Македонија. Инаку да, се работи за трилер, драма, криминална трагедија која зборува за тоа како едно семејство во Македонија после четириесет и пет години разделби и омраза, на крајот ќе ги победи сите непријатели, ќе ги надмине своите недоразбирања ќе ги разоткрие старите семејни тајни и на крајот ќе се обедини и ќе живее среќно. Наспроти друго семејство кое после хаос и меѓусебни недоразбирања и нетрпеливости ќе се распадне и ќе заврши на дното, изјави Јани Бојаџи за серијата. Проектот е започнат пред 12 години како идеја на Љупчо Тодоровски Упа, Мони Дамевски, Јани Бојаџи и Владимир Карпузовски, а е развиван и подготвуван последните неколку години. Од „Синемон медиа фактори“ посочија дека овој серијал е во сеќавање и во чест на соработникот на серијата и содружник Љупчо Тодоровски Упа кој не го дочека снимањето, а улогата кој тој првично требаше да ја игра сега ја има неговиот најблизок колега и пријател, македонскиот актер и продуцент Симеон Мони Дамевски. Асистент режисер на серијата е Никола Поповски, директор на фотографија е Кристијан Караџовски, композитор е Игор Василев, тон снмател Валентин Виденовиќ, костимограф НевенкаТодоровска, сет дресер е Гоце Попов, соработници на сценаријата се Александар Русјаков и Весна Куслеска, драматург е Мона Паскалова, извршен продуцент е Дејан Милошевски, асоцијативен процуцент  Игор Соколовски и Владимир Карпузовски.]]>