бисер балкански – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 Aug 2023 13:30:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бисер балкански – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара и Билбилов го славеа Илинден во кафеана со „Бисер балкански“, со блиските пријатели ама и со нивните нови љубови? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-i-bilbilov-go-slavea-ilinden-vo-kafeana-so-biser-balkanski-so-bliskite-prijateli-ama-i-so-nivnite-novi-lubovi-foto-video/ Thu, 03 Aug 2023 08:17:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312408

Најголемиот македонски празник „Илинден“  македонската естрада различно го празнуваше. Многумина од нив работно, со свои настапи на разни манифистации на кои се славеше и чествуваше Денот на Републиката, дел од нив со свои редовни настапи по различни кафеани, кафулиња и клубови, останатите кој каде и како. Некои се на одмор на море или езеро, некои останаа дома. Македонските поп ѕвезди, пејачката Тамара Тодевска, пејачот, композитор и продуцент Роберт Билбилов заедно со нивниот колега, композиторот  Лазар Цветковски, Илинден го прославија заедно, во кафеана! Старите пријатели и соработници на иста маса во весела атмосфера и расположение, со полна трпеза и пијалак в рака наздравија за најголемиот македонски празник и тоа со звуците не на било која песна. Оркестарот со жива музика крај масата, на увце не случајно им ја свиреше македонската патриотска  фолк химна - „Бисер балкански“, напишана од никој друг, туку токму од покојниот татко на Роберт Билбилов, музичарот и композитор Хилми Билбил. За 120 години од Републиката, за честит Илинден и само една вистина - вечна и вековита Македонија! А можеби и за уште нешто друго? Зашто она што може да се забележи на масата кај патриотски расположената, весела, естрадна дружина на видеата, кои на социјалните мрежи самите  ги споделиле, се уште некои лица, кои не припаѓаат баш на естрадната фела! А истите и се означени или поточно тагнати во описот на видеата и фотографиите. Имено, по разводот со сега веќе бившиот сопруг Мачка, за Тамара наголемо се шушка дека не е сама. За пејачката се шпекулира дека има „нов пријател“ со кого често се гледа, па дури и не го крие од јавноста, како што беше и овој пат, иако јавно се' уште не споделила дел од својата „близина“ со него. Сепак, евидентно е дека човекот е се' поприсутен во нејзиниот живот. Една од заедничките фотографиии објавена неодамна на нејзината Инстаграм страница на која „образ до образ“ Тамара со насмевка од „седмица до седмица“ просто ужива во неговата прегратка, веројатно  беше повеќе од доволна за да ги подгрее шпекулациите и нагаѓањата: Дали овој човек е новата љубов на пејачката? Особено по цитатот што го остави Тамара на нејзините Инстаграм приказни веднаш по објавата на фотографијата, во кој пишува: „Шест часа поминуваат за 30 минути кога си со вистинската личност“! А човекот се вика Лука Радовиќ и во неговото портфолио пишува дека по професија е архитект и дизајнер за ентериери и внатрешно уредување. Неговиот Инстаграм профил  „случајно го следат“  Тамара и сестра и Тијана? Но, затоа пак истата личност  не случајно се најде на иста маса со Тамара и нејзиното естрадно друштво при кафеанската прослава на Илинден. Од друга страна пак,  видеото на кое се тој, Тамара, Лазар и Билбилов, го сподели уште една позната личност. Која според прикажаното, најверојатно и самата го снимала седејќи со нив на истата маса, а потоа и таа и Тамара и Роберт, истото го споделиле на своите Инстаграм приказни. Во прашање е Лејла Рамковска, ќерка на некогашниот сопственик на А1 телевизија - Велија Рамковски, која по несреќното гаснење на телевизијата сега се занимава и работи како јога инструктор и советник за  здрав живот и здрави навики. Лејла и Билбилов се познаваат оддамна, обајцата се разведени и слободни иако зад себе имаат брак и дечиња, но прашање е дали сега „старото пријателство“ не прераснало во нешто друго, многу поинтимно? Дали сега Лејла и Роберт не се „многу поблиски“ од некогаш или сепак останале само „пријатели засекогаш“? Едни велат она второто, додека оние што ги познаваат одблизу тврдат дека само прашање на ден е кога нивната „интимна близина“ ќе биде обелоденета во естрадниот свет, како и онаа на Тамара со младиот архитект? Впрочем, стиховите на последната песна на Билбилов насловена „Тебе“ која неодамна ја објави, во многу што одат во прилог на оваа претпоставка. „Тебе, те сакам тебе,Те сакам тебе само за себе, кога ти си си во мене јас дишам со тебе, и за се' друго немам ни простор ни време, се што сакам е да бидам со тебе...“ - се пее меѓудругото во песната. Дали е и автобиографска и посветена токму на неа, на убавата Лејла, засега ќе остане тајна скриена и јавна дилема?! Како и релацијата на Тамара со оној, со кого и расположена и насмеана, а и кога само ќути, 6 часа и минуваат како да се 30 минути?! Фото: Инстаграм/lejlaramkovska/tamaratodevska/justrbproduction  ]]>

Можеби Стефан Лазаров и Роберт Билбилов се познати деца, ама татковците им се македонски музички легенди: Едниот е автор на „Не кани ме“, другот ја напиша „Бисер Балкански“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mozhebi-stefan-lazarov-i-robert-bilbilov-se-poznati-detsa-ama-tatkovtsite-im-se-makedonski-muzichki-legendi-edniot-e-avtor-na-ne-kani-me-drugot-ja-napisha-biser-balkanski-video/ Mon, 03 Apr 2023 07:50:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296182

Последиве ндели, па и мсесеци околу младиот јутјубер Стефан Лазаров се крена голема прашина. особено по серијата подкасти во која уште при првиот со Драган Павловиќ Латас, некој процени дека обајцата треба да завршат на суд. И завршија иако судењето уште непочнато беше одложено... Во меѓувреме, деновиве медиумите открија уште една прикзана поврзана за семејството на најпознатиот јутјубер. Иако не е ниту нова, ниту пак некој открил „топла вода во бојлер“, сепак можеби е добро да се обнови четивото за кое ние Македонците некако по дифолт како да имаме кусо паметење. Имено, Стефан Лазаров потекнува од музичко семејство и то не било кое, туку е син на еден од најпознатите македонски музичари и музички автори, а при тоа и музички педагог, Орце Лазаров. Професор по музичко образование, но и долги години член на фолк групата „Академци“. Патем искусен инструменталист и композитор, кој како автор или изведувач во разни постави учествувал на речиси сите музички фестивали во Македонија, а напишал и грст песни од кои некои станале познати хитови, но една од нив е вистинска „химна на љубовта“... И тоа онаа посакуваната, неостварената, скриената, најслатката... Фолк баладата која Миле Кузмановски маестрално ја испеа уште пред повеќе од една и пол деценија и оттогаш стана вечен евергрин. Една од оние песни што остануваат засекогаш! Токму таа е можеби неговото животно остварување во музиката... Барем засега. Песна каква се пишува еднаш во животот, а таквата тешко дека некоја друга ќе ја надмаши. Токму затоа и медиумите можеби „неканети“ одново се потсетија на маестралниот евергрин на големиот автор, кого како и песната  заслужува наместо „да премолчиме“, уште днаш да ги потсетиме повозрасните, а едуцираме помладите дека Македонија има фантастични автори и уште поубави песни во вид на нивни дела... Како што е таткото на Стефан - Орце Лазаров и неговата „Не кани ме“! Од друга страна пак Роберт Билбилов важи за еден од најдобрите и најплодните сега веќе зрели музички автори и секако еден од најголемите хитмејкери кога е поп и ар ен би музиката во Македонија во прашање. И самиот пејач, но пред се композитор кој напишал, аранжирал, продуцирал... мноштво хитови за најголемите, најпознатите и најпопуларни македонски изведувачи, како и за себе. Музиката му е во вените, но пред се во гените, зашто и тој доаѓа од музичко семејство, а „жичката за уметност“ ја наследил од татко му. Впрочем, повозрасните го паметат, а помладите само во кафеаните, на разни семејни прослави, свадби, а најмногу на патриотски собирања му ја пеат песната... Онаа вечната, неофицајално втора македонска химна и прогласена за најслушана песна на векот во Македонија... Легендарната „Бисер Балкански“, чиј автор е токму татко му на Билбилов јуниор, сега покојниот Хилми Билбил. Музичар, виолончелист и член на тогашните оркестри при МРТ, кој ја напиша „втората македонска химна“, која сега исто така покојниот пејач Гоце Николовски во 1990 година на  „Фолк фест Валандово“ фантастично ја испеа и однесе победата. Оттогаш „Бисер Балкански“ стана не само хит или фолк евергрин, туку и симбол на единство и пркост на Македонците во трите раздвоени дела на Македонија: Егејскиот, Пиринскиот и Вардарскиот... Нитка што ги спојува, паметник што ги потсетува, музичко четиво што младите генерации ги учи и воспитува... Песна - „песниште“ на гордоста и маката, вечната борба, тагата и радоста, на желбата и надежта, еден ден сите Македонци да бидат едно... Сплотени како во песната со „бистри води вардарски“ во еден единствен... „Бисер Балкански“! „Имав 15 години кога почина татко ми. Беше болен од срце и уште од тогаш некоја моја интуиција ме тераше да помислам дека може да се случи и најлошото. Моите чичковци ме подготвија дека ако татко ми почине, јас треба да бидам тој што ќе го води семејството. Мојата мајка тогаш беше многу млада, а и сестра ми беше мала. Така и направив. Кога ни јавија дека починал, мене ми се вратија зборовите дека јас сум сега одговорен“, ќе изјави своевремено Билбилов во емисијата „Ексклузив“ на 1 ТВ. Затоа можеби Стефан Лазаров и Роберт Билбилов се познати деца, обајцата уметници, изведувачи, едниот композитор, другиот јутјубер, водител... И секоја чест ним, ама сепак... Генетскиот код им го пренеле татковците кои се во едно нешто единствени... Македонски музички легенди! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/_lazarovv/justrbproduction/Orce Lazarov/Vistina - архива]]>