бис- без – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 30 Jan 2021 16:52:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бис- без – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Станислав Длака – Станче, член на легендарните „Бис – Без“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-stanislav-dlaka-stanche-chlen-na-legendarnite-bis-bez/ Fri, 29 Jan 2021 16:48:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187479

На 29.01.2021, петок, вовечерните часови тивко си замина уште една македонска музичка легенда Станислав Длака - Станче. Уште еден македонски рокенрол пионер. Херој на некои многу поубави времиња.
Станче е роден на 21.09.1939 година во гратчето Новска во Хрватска. Еден е од оние неколкумина пионери во создавањето и развојот на современата македонска музика. Без нивната храброст да ја прифатат, а потоа и засвират музика која доаѓа од западот, современата македонска култура ќе изгледала сосема поинаку. Својот прв музички ангажман го има во познатиот вокален квартет АБЦД, за да следејќи го примерот на своите колеги од квартетот Ламбе Смилевски и Боро Пејчинов и тој, на почетокот на 1964 година им се придружи во „електричниот“ состав, бит пионерите „Безимени“. Во бендот ќе биде до првите денови од 1966 година, кога тој и Ламбе, заедно со Коце Икономов и Стефче Јаневски - Чифчи од групата „Бисери“, ја оформуваат првата македонска рок супер група насловена  „Бис-Без“. Со оглед на тоа дека сите четворица биле врвни музичари и сите четворица пееле, сметале дека повеќе нема потреба од дополнителни вокални солисти. Во обата бенда Станче е ритам гитарист и вокал. Станче ќе биде и оној кој ги прави македонските препеви на познатите странски хитови во репертоарот на бендот. Со „Бис-Без“ ќе остане до самиот крај, и во сите негови подоцнежни собирања, како и на снимањето на единствената касета. Паралелно со музиката, Станче е директор на фотографија и вработен како камерман во РТС, односно МТВ, од каде и  ќе се пензионира, во 1999 година. https://www.youtube.com/watch?v=mi1t5F6a8lw
]]>

Замина уште една македонска легенда: Ненадејно почина Димитар Чемков – Циме https://arhiva.vistina.com.mk/zamina-ushte-edna-makedonska-legenda-nenadejno-pochina-dimitar-chemkov-cime/ Sat, 09 Feb 2019 06:00:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=71978

Вчеравечер, 8-ми февруари 2019 година, ненадејно не напушти нашиот колега и пријател, доајенот на македонската рок музика и македонското музичко новинарство,  Димитар Чемков - Циме. Роден е на 2-ри февруари 1944 та година. Цели 37 години како музички новинар и уредник беше дел од музичката редакција на Македонско Радио – Радио Скопје. Водител на популарни емисии меѓу кои: Поп албум , Поп контакт, Поп телекс, Најдоброто од ...
Музички критичар, рецензент и коментатор на многу музички настани и речиси сите најзначајни музички фестивали како што се: Скопскиот фестивал на забавни песни, Изборот за песна на Евровизија, Макфест, Евро фест, Скопски џез фестивал, Цветници, Валандово, Охридски трубадури - Охрид фест...  
Музичар и автор на 70-на забавни и новосоздадени фолклорни композиции. Член на двете најпопуларни рок групи во 60-те и основоположници на македонската рок музикла и рок ен рол сцена: „Бисери“ и „Бис-Без“.
Почивај во мир Циме...

Во чест на Чивчи: „Дал да плачам, ил да пеам?“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-chest-na-chivchi-dal-da-placham-il-da-peam/ Mon, 30 Jul 2018 09:03:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=40620

Замина уште еден голем човек, голем уметник, голема пејачка ѕвезда... Подеднаково почитуван и сакан како и неговите песни и дома и во регионот. И не дека не треба, ама и оние што го познаваа и оние што не го познаваа, ниту него, а некои не знааат да запеат и ниту една негова песна му очитаа опело на социјалните мрежи.
И „шуто и рогато“ тргна да се простува од Оливер Драгојевиќ. Вклучувајќи ја и Владата на РМ, со се сите министри на чело со премиерот Зоран Заев! Небаре секој втор ден кафе пиеле со големиот хрватски уметник.
Но добро, дури и да се во право, дури и да тоа што се прави е издржано, ајде, во најмала рака човечки, ова само уште еднаш го покажа и потврди поданичкиот дух на Македонецот. Дека се што е туѓо, овде отсекогаш било повеќе ценето, сакано, почитувано, вреднувано... за разлика од своето! Па дури и во ваквите моменти на тага и жалење!
А, само ден-два претходно, замина една исто така голема пејачка легенда. Човек, важен па дури и многу поважен за македонската музичка историја. Можеби не толку познат денес кај помладите генерации, ама сигурно бил идол на нивните мајки и татковци или баби и дедовци. И тоа многу повеќе од тоа што големиот Оливер беше идол на овие, турбофолк новиве. Зашто со него растеле, на неговите игранки се забавувале и се заљубувале, со неговата и музиката која ја изведувал со својата група се запознавале со светот и светските движења, модата, начинот на размислување, го вдахнувале вкусот на западот во 60-те.
Само пред неколку дена во Германија, каде живееше и работеше, почина Стевче Јаневски – Чивчи, легендарниот вокалист на антологиската македонска рок група „Бис - Без“. Основоположниците на македонската рок ен рол музика, бендот кој на овие простори прв ја донесе свирејќи ја во живо музиката на „Битлси“, „Шедоузи“, „Јардбрдс“, „Ролингстоунси“ „Ху“, „Лед Цепелин“... Бендот кој ги направил првите пионерски чекори и важи за градител на темелите на македонската популарна музика, бендот чии авторки песни како: „Дал да плачам и да пеам“, „Добро утро ученичке“, „Пак сум вљубен Јас“,  „Што е врева“ и „Било и поминало“ или првите обиди за стилизација на битот, на македонскиот фолклор во рокот со „Море сокол пие“, се македонска рок историја, македонска рок антологија, која за жал како со гумичка ја бришеме.
Почина еден македонски рок ен рол бард, човек кој со својот бенд им го трасирал патот на плејадата слебеници низ годиниве, а никој, или речиси никој не го ни спомена, со чест на ретките исклучоци како МРТВ. Ниту еден македонски портал, ниту едно радио, ниту една друга телевизија не објавија напис, прилог, емисија, омаж... за еден од најзначајните македонски апостоли на рок културата во оваа земја.
За „пилиштарите“ и „Р.И.П. помодарите“  на социјалните мрежи и да не зборуваме. За нив, се' почнува - од нив! Заев и Владата не ја ни  споменуваме... Ионака вокалот на Чивчи и музиката на „Бис - Без“ до Муртино кој знае дали воопшто допреле во тоа време... А, до поединци, веројатно не допреле ни денес! Ама затоа за некои други, го прегореа Интернетот праќајќи пораки на сочувство и соопштенија. И повторно ќе се вратиме на почетокот за да кажеме: не дека не треба! Напротив! Оливер беше голем и како пејач и како човек! Но сигурно ништо помал не беше ниту Чивчи. А беше и е многу позаслужен, многу повреден, многу позначаен, многу нешта многу... за Македонија, нејзината популарна музика, рок ен рол историјата и развојот на субкултурата на оваа земја.
За жал, немо гледајќи го ликот и постапките на „заталканите“ во историјата на оваа земја, на крај не преостанува ништо друго освен цитирајќи ги стиховите од најпознатата песна на Чивчи и неговите „Бис - Без“ со  чудење да констатираме: „Дал да плачам ил да пејам, твојот лик не ми кажува...“? Во чест и сеќавање на големиот Чивчи! https://www.youtube.com/watch?v=mi1t5F6a8lw  ]]>