биполарно растројство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Dec 2022 08:38:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png биполарно растројство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Канје Вест предизвика скандал со изјавата дека го сака Хитлер (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kanje-vest-predizvika-skandal-so-izjavata-deka-go-saka-hitler-foto/ Fri, 02 Dec 2022 08:38:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278328

Раперот Канје Вест, е сè поодвоен по неодамнешните антисемитски изјави, додаде масло на огнот во четвртокот велејќи дека му се восхитува на Хитлер и нацистите во интервјуто со американскиот водител и теоретичар на заговор. Во гротескна изведба, уметникот, кој го смени името во Је, со црна маска над главата, зборуваше за гревот, порнографијата и ѓаволот. „Гледам и некои добри работи за Хитлер“, рече раперот во емисијата „Infowars“ на теоретичарот на заговор и екстремно десничар на Алекс Џонс. „Тој тип (...) измисли автопати, го измисли микрофонот што јас го користам како музичар. Во јавноста не можеме да кажеме дека направил и нешто добро, доста од тоа “, изјави Канје Вест. Раперот, кој вели дека боледува од биполарно растројство и неодамна навести дека би можел да се кандидира за претседател на САД во 2024 година, продолжи да провоцира, предизвикувајќи неверување и смеа кај  водителот. „Уморен сум од етикетирање, секој човек, нуди нешто вредно, особено Хитлер“, истакна тој. „Го сакам Хитлер“. Канје Вест, кој заглави со контроверзии, беше напуштен од неговите деловни партнери. Така Адидас ја прекина соработката со него на крајот на октомври поради неговите антисемитски изјави. Му свртеа грб и продавницата за облека Гап и модната куќа Баленсијага. На почетокот на октомври, раперот на парадата во Париз го истакна слоганот „Животите на белите се важни“ врз основа на името на антирасистичкото движење „Животите на црнците се важни“. Фото:Принтскрин/Инстагарам]]>

Селена Гомез се бори со биполарно растројство: „Бев во ментална болница и добив дијагноза“ https://arhiva.vistina.com.mk/selena-gomez-se-bori-so-bipolarno-rastrojstvo-bev-vo-mentalna-bolnica-i-dobiv-dijagnoza/ Mon, 06 Apr 2020 09:09:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143394

Пејачката Селена Гомез призна дека со години се бори со биполарно растројство и токму поради тоа посетила психијатриска болница. Селена во интервју откри дека и било дијагностицирано биполарно пореметување. „Неодамна бев во една од најдобрите ментални болници и таму добив дијагноза. Тоа иствовремено ме исплаши, но и ме релаксираше. Се релаксирав бидејќи конечно ја дознав причината за мојата депресија“ призна Селена. Таа откри што и помага да ја прифати ситуацијата. „Се досега не бев свесна што ми се случува. Сега кога имам информации знам што треба да правам. Кога бев мала се плашев од грмежи, па мајка ми ми купуваше книги да читам за тоа. Ми кажа: „Колку повеќе знаеш за тоа, толку помалку ќе се плашиш“. И успеа. Истото важи и за овој проблем“ вели Селена. Пејачката зборуваше за анксиозноста и депресијата, па објасни зошто порано не обратувала внимание на своето здравје. „Јас сум девојка од Тексас, а тука не се зборува за менталното здравје. Тука мора да изгледаш кул. Така кај децата и тинејџерите се собира бес“ вели Гомез.]]>

Црногорскиот пејач непрепознатлив – боледува од неизлечива болест (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/crnogorskiot-pejach-neprepoznatliv-boleduva-od-neizlechiva-bolest-foto/ Fri, 19 Apr 2019 08:47:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83948

Познатиот пејач на народни песни Бојан Томовиќ (37) призна дека боледува од биполарно растројство, тешка, доживотна ментална болест. Тој отворено проговори за сите кои страдаат од ова и слични ментални нарушувања, па како обид да ги поддржи ја раскажа неговата приказна:
"Биполарното растројство ми го уништи животот, бракот, здравјето, кариерата, но сепак, се' уште се обидувам да живеам нормално со терапија која мора да се земаа со години, ако не сакате да завршите со животот предвреме, бидејќи статистиките велат дека најголем број на самоубиства извршиле токму луѓето кои страдаат од биполарно растројство. Дознав дека имам биполарно растројство кога имав 30 години и 7 години живеам со тоа. Се борам, постојано сум  со лекови и по лекари, премногу е тешко. Понекогаш сте добри и креативни, но одеднаш ненадејно неиспровоциран од ништо ви се случуваат промени во  расположението што ве исцрпува и вас и сите околу вас.
На 37 години се чувствувам како да имам 97 години, толку сум уморен од сè. Што е најлошо, болеста најчесто е наследна и искрено се плашам дека  утре може моето дете да заврши како мене. Во прв момент не прифаќав дека со мене нешто не е во ред, мислев темпераментот ми е таков, бидејќи  никогаш не сум имал средина, јас секогаш одев од една крајност во друга. Но откако бев речиси кај 10 психијатри и сите ја потврдија дијагнозата: Ф 31,6 биполарно растројство и тоа брзо растечко, сфатив дека морам да се справам со него и да започнам со третманот.
Биполар е всушност манична депресивна психоза, тоа е доживотна ментална болест во која честопати се менуваат плус и минус фази на расположението. Кога сум во плус фаза се ми е супер, еуфоричен сум премногу,  креативен сум,  пишувам песни (најубавите песни како "Не сум те заборавил" и "На дистанца", ги напишав во оваа креативна фаза со 22 години  дури без да знам дека сум биполарен). Компонирав, постојано патував,  направив албум, снимив повеќе од 20 спота за неколку месеци,  трошев премногу пари, бев премногу енергичен, можев да буквално сè. Не спијев со ноќи, со и без причина се карав... Кога фазата  е минус, доаѓа депресивната фаза, буквално не можам да станам од креветот, не правам ништо зашто до ништо не ми е, во ништо не наоѓам смисол и само размислувам како себе си да си ги прекратам маките.
Новиот ден, новото утро е благослов, но почесто проклетство. Зарем повторно? - се прашувам! Инаку, од биполарно растројство страдаат Бритни Спирс, Мараја Кери, Џони Деп, Жан-Клод Ван Дам, Кетрин Зета Џонс, Кање Вест, Џим Кери, Стинг, Кортни Лав, Шинед О' Конор, а боледувале и Робин Вилијамс, Ејми Вајнхаус, Курт Кобејн , па дури и Мерилин Монро, Ван Гог и Бетовен... Толку многу уметници, што некои и ја нарекуваат болест на уметниците.]]>