биолошкото стареење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 30 Jun 2023 12:01:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png биолошкото стареење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Живеењето во близина на паркови го забавува биолошкото стареење за 2,5 години https://arhiva.vistina.com.mk/zhiveeneto-vo-blizina-na-parkovi-go-zabavuva-bioloshkoto-stareene-za-2-5-godini/ Fri, 30 Jun 2023 12:01:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308407

Градските паркови и зелените површини помагаат да се победи топлината, да се зајакне биолошката разновидност и да се забави биолошкото стареење. Луѓето кои имаат пристап до зелените површини во просек се за 2,5 години биолошки помлади од другите, се наведува во студија објавена во „Сајанс адвенсис“ (Science Advances). – Живеењето во близина на повеќе зеленило може да ви помогне да изгледате помладо од вашата реална возраст, изјави авторката на студијата и постдокторски соработник на Медицинскиот факултет Фајнберг на Универзитетот Нортвестерн, Кјезу Ким. Се верува дека причините за подмладувањето се поголемата физичка активност и социјалните интеракции, но не е јасно дали парковите навистина го забавиле стареењето на клеточно ниво. Во студијата се испитувани хемиските модификации на ДНК познати како метилации. Претходната работа покажа дека така наречените „епигенетски часовници“ засновани на метилација на ДНК можат да бидат добар предиктор за здравствени состојби како што се кардиоваскуларни болести и рак и за когнитивната функција и попрецизен начин за мерење на возраста од календарските години. При истражувањето набљудувани се повеќе од 900 белци и афроамериканци од Балтимор, Чикаго, Минеаполис и Оукленд во период од 20 години односно од 1986 до 2006 година. Студијата покажува дека луѓето чии домови биле опкружени со 30 отсто зеленило во радиус од пет километри, во просек биле 2,5 години биолошки помлади во споредба со оние чии домови биле опкружени со 20 отсто зеленило. Афроамериканците со поголем пристап до зелените површини биле само една година помлади биолошки, додека белците биле три години помлади. Други фактори, како што се стресот, квалитетот на околните зелени површини и друга социјална поддршка, може да влијаат на степенот на благосостојба на зелените површини во однос на биолошкото стареење, посочи Ким, објаснувајќи дека разликите бараат дополнителни истражувања. Извор: Курир.мк]]>