биодиверзитетот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Jun 2022 08:28:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png биодиверзитетот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фестивал на биодиверзитетот: Презентации на храна и вински дегустации во паркот на Франкофонијата https://arhiva.vistina.com.mk/festival-na-biodiverzitetot-prezentacii-na-hrana-i-vinski-degustacii-vo-parkot-na-frankofonijata/ Wed, 29 Jun 2022 08:28:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256354

Резервирајте ја оваа сабота (2 јули) за настанот што се вика „Фестивал на биодиверзитетот“ кој ќе се случува во паркот на Франкофонија, во периодот од 10:00 до 18:00 часот. Настанот е замислен како неформално дружење, можност цел ден да сте на отворено, во парк, а притоа да дознаете многу работи за нашите автентични овошја и зеленчуци, традиционалните сирења, џемови, месни производи, тартуфи, масла, ракии, пива, вина.., истите да ги пробате и се разбира, да ги препорачате на своите пријатели. Настанот, по втор пат го организира Слоу Фуд Водно со поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство а целта е да им се помогне на локалните производители кои ја почитуваат животната средина. Фестивалот на биодиверзитетот почнува во 10 часот, со изложбен и продажен дел на триесетина локални производители на храна, вино и пиво. Слоу фуд во своите редови ги има најдобрите производители на храна, кои ја бранат агендата поврзана со автентичната храна. Днвната агенда е следна: од 12 часот е официјалното обраќање на претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а потоа и на Василка Стефановска – претседател на Слоу Фуд Водно. Еден час подоцна е презентација на програмата -Слоу Фуд Училишни градини со Билјана Митреска - координатор во Слоу Фуд Водно. Во 14 часот следи промоцијата на Слоу Фуд Гостилници и Слоу Фуд Вино, кои во меѓувреме станаа вистински водичи за добра храна и вино во нашата земја. Промотори се новинарката Валентина Вања Тодоровска и Николче Николовски. По дегустација на вина од малите семејни винарии, „сцената“ е за Шеф Зоран Мајновски, член на Алијансата на готвачи на Слоу Фуд Македонија, кој ќе подготвува гастрономски специјалитети со намирници од локалните производители.]]>