Billboard Hot 100 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Jul 2022 09:36:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Billboard Hot 100 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ријана официјално стана најмладата милијардерка во САД (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/rijana-oficijalno-stana-najmladata-milijarderka-vo-sad-foto/ Wed, 06 Jul 2022 09:36:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257321

Ријана официјално стана најмладата милијардерка во Америка која сама го стекнала своето богатство. Пејачката која годинава наполни триесет и четири години, е  прогласена за најдобро рангирана музичарка на листата на Форбс, а сега стана единствената милијардерка помлада од 40 години. Богатството на Ријана се проценува на 1,4 милијарди долари, а тоа се должи на успехот на нејзините брендови „Fenty Beauty“, „Fenty Skin“ и „Savage X Fenty“. „Никогаш не можев да замислам дека ќе заработам толку пари. Секако, и понатаму продолжувам да работам напорно, но нема да дозволам да се опседнам со пари“, изјави пејачката претходно за „Њујорк тајмс“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Родена е во Сент Мајк, Барбадос, а на шеснаесет години се преселила во САД за да продолжи со музичката кариера, потпишувајќи договор со етикетата „Деф Џем“. Таа постигна светски успех со нејзиниот деби сингл „Pon de Replay“ и албумот „Music of the Sun“ од 2005 година. За помалку од една година го издаде својот втор албум „A Girl Like Me“, од кој се издвоија сингловите „SOS“ и „Unfaithful“. Ријана го постигна својот најголем успех со нејзиниот трет албум „Good Girl Gone Bad“, од кој дури три синглови - "Umbrella", "Take a Bow" и "Disturbia" - го достигнаа првото место на американската  „Billboard Hot 100“ листа.
 
Фото:Принтскрин/Инстаграм/badgalriri
]]>