Биљана Драгиќевиќ Пројковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Jul 2022 13:00:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Биљана Драгиќевиќ Пројковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наградата „Актерот на Европа 2022“ за Биљана Драгиќевиќ-Пројковска https://arhiva.vistina.com.mk/nagradata-akterot-na-evropa-2022-za-biljana-dragikjevikj-projkovska/ Tue, 12 Jul 2022 09:58:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258334

Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен во истоимената монодрама на Драмски театар – Скопје ја доби главната награда за актерско остварување на Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен. – Жирито во состав, Мето Јовановски (претседател), Елена Трјаковска и Владимир Стојчевски, одлучи главната награда „Актер на Европа 2022“ за најдобро актерско остварување да им ја додели на Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата во „Кармен“ на Драмскиот театар – Скопје, како и на Исмет Аземи за улогата во претставата „Четирите еполети“ од Градскиот театар од Митровица, Косово, соопшти Драмски театар-Скопје. Монодрамата „Кармен“ на ДТС премиерно беше изведена во мај минатата година. Ова е трета награда на Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот Фестивал на монодрамата во Битола и годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија. Драмски театар – Скопје информира дека во текот на летово ќе настапи на 62. „Охридско лето“ со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на 20 јули, а со претставата „Кармен“ на 15 јули ќе гостува на Вевченското културно лето и на 12 август на Бриони во Хрватска во рамките на Фестивалот РУТА.]]>

Премиера на монодрамата „Кармен“ со Биљана Драгиќевиќ Пројковска во Драмски театар – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-monodramata-karmen-so-biljana-dragikjevikj-projkovska-vo-dramski-teatar-skopje/ Wed, 28 Apr 2021 13:25:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200883

На 07-ми мај 2021 во Драмски театар - Скопје својата пемиера ќе ја доживее  монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, по мотив од романот „Пет часа со Марио“. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, а преводот е на  Ненад Велковски. Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф Раде Василев, а композитор на музиката Горан Трајковски.Инспициент ќе биде Гоце Бојчев. „Нам жените ни се допаѓаат мажи со поголема решителност, да го браните тоа што е ваше. Зарем не се прави тоа и за татковината. Татковината и жената се територии кои треба крвнички да се бранат...„ -  е пораката која наместо покана ви ја праќа актерката, а ваше е навреме да обезбедите можност  ја погледнете преставата. ]]>