Били – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Sep 2023 09:59:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Били – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Едно е сигурно, Пајак и Таско се што прават, прават – „Намерно“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/edno-e-sigurno-pajak-i-tasko-se-shto-pravat-pravat-namerno-video/ Tue, 19 Sep 2023 06:30:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318585

Младиот и талентиран музичар од Охрид, 22-годишниот Христијан Настески – Пајак  неодамна ја сними новата песна „Намерно“, овој пат во дует со познатиот македонски рапер Таско. Песната која е снимена за Urban Records е дело на двајцата музичари кои се погрижија за музиката и текстот, додека аранжманот е на Иван Јованов - Ивајо. Ова не е нивна прва соработка, зашто и претходно двајцата трап атисти имаа заеднички дует во 2021 година огледан во темата „Психо“.
Инаку Таско е еден од најпознатите македонски изведувачи на рап и хип-хоп музика и текстописец. Тој започнал да се занимава со музика во 2011 година. Тој годинава стана и семеен човек откаконајпрвин ја ожени најтетовиранатамакедонка - Наташа Неделковска, попозната како Таша Теј, а летово го добија и нивното прво чедо, синчето Лукијан. Последно што слушавме од Пајак пак беше дуетот со српската пејачка Теодора Џехверовиќ, дует огледан во нивната „Летна авантура“ која ја издадоа во јуни годинава. Заедно со MC Stojan во февруари годинава Пајак го објави хитот „Мала моја“, откако претходно го издаде синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска. Заедно со Лара Иванова ја надминаа и фантастичната бројка од над 33 милиони прегледи на одличната песна „Bella“, отпена на ланскиот „Макфест 2022“ во Штип. Младиот трап артист со музика започнал да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака. Во продолжение, слушнете ја и погледнете го видео спотот за најновата „Намерно“ за која Таско и Пајак снимија и видеоспот на неколку локации во преубавиот Охрид, во кој покрај нив двајца се појавуваат и неколку згодни млади девојки. Спотот е одново во режија на „Урбан Рекордс“, односно Гордан Божиновски, Били Д. и Никола Наумовски. Како сето тоа звучи и изгледа, ако досега тоа не сте го направиле, проследете во продолжение:
]]>