били боб тортон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 26 Apr 2020 09:41:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png били боб тортон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џенифер Анистон не е првата на која Анџелина Џоли и го украла мажот https://arhiva.vistina.com.mk/dzenifer-aniston-ne-e-prvata-na-koja-andzelina-dzoli-i-go-ukrala-mazot/ Sun, 26 Apr 2020 09:41:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146572

Актерката Анџелина Џоли отсекогаш го привлекувала вниманието на медиумите и јавоста, како поради филмските улоги, така и поради приватноста. Џоли во почетоците се издвојуваше со својата специфична убавина, но и специфично однесување. Периодов најпозната е по бракот и разводот со актерот Бред Пит кој и го украде на актерката Џенифер Анистон додека тие беа во брак, а Џоли и Бред тогаш го снимаа заедничкиот филм „Г-н и Г-ѓа Смит“. Но, Анџелина Џоли пред тоа двапати беше во брак. Првиот сопруг и беше актерот Џони Ли Милер, додека второто судбоносно „да“ му го кажа на постариот колега Били Боб Торнтон. Многумина  забележуваа дека го заведе Бред додека беше во брак, но до медиумите стигнала и приказната за почетокот на врската со Торнтон. Се запознале на снимање на филмот „Сè е под контрола“, а се венчале во Лас Вегас на 5-ти мај, 2000-та година, само после 2-месечна врска. Во тоа време Торнтон бил верен со актерката Лаура Дерн. Според американските медиуми, Лаура била шокирана кога дознала дека нејзиниот вереник се венчал со многу помлада колешка, а притоа воопшто не размислувал дека веќе е верен со друга. „Заминав од нашата куќа бидејќи морав да работам на филм, а додека не бев таму, мојот вереник се венчал и повеќе никогаш не се слушнавме“, рекла таа во едно интервју. „Луѓето можат да кажат дека ја оставив девојката и се венчав со друга, но мене тоа ме усреќи и усреќи уште некој. Жал ми е што некому предизвика болка“, рекол Торнтон. Неговиот брак со Анџелина не траел долго. Во март, 2002-ра година најавиле дека ќе посвојат дете од Камбоџа, а само три месеци подоцна се развеле. Анџелина подоцна рекла дека двајцата се промениле, додека тој изјавил дека секогаш имал чувство дека не е доволно добар за неа.]]>