билети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 09 May 2023 12:21:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png билети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Билетите за 22-то издание на „ОФФ-Фест 2023“ се веќе во продажба https://arhiva.vistina.com.mk/biletite-za-22-to-izdanie-na-off-fest-2023-se-veke-vo-prodazhba/ Tue, 09 May 2023 12:21:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301270

Влезниците за 22-то издание на традиционалниот ОФФ-Фест, што ќе се одржи од 7-ми до 10-ти јуни во Македонската опера и балет и МКЦ, се веќе во продажба. Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2023 ќе го отвори, на 7 јуни, импресивниот аудио-визуелен перформанс на славната португалска фадо пејачка ѕвезда Misia. Фасцинантната моќ на модерната естонска фолк кралица Mari Kalkun, во комбинација со раскошната интерпретација на македонската традиционална песна од страна на единствената Зарина Првасевда и нејзиниот состав, создаваат услови за беспрекорно фестивалско доживување. Оригиналниот микс од пустинскиот гитарски блуз и транс ритмите на италијанската Таранта на волшебниот тандем Justin Adams & Mauro Durante, ќе ја пресретне софистицираната интроспективна лиричност и неодоливиот шарм, талент и визија на нашиот њујорчанец Крсте Роџевски. За мистериозната аура на култната чешка двојка Irena & Vojtech Havlovi ќе сведочи нивното уникатно концертно патување, но и прикажувањето на документарниот филм „Little Blue Nothing: A musical portrait of Irena and Vojtech Havlovi”. ОФФ-Фест 2023 ќе го заокружат фуриозните настапи на две исклучително возбудливи музички појави: новата world-music атракција Bab L’ Bluz со својот психоделичен марокански фанк-рок звук, како и деветчлениот оркестар на легендарното име на конгоанската румба, гитаристот Dizzy Mandjeku & The Odemba Ok All Stars. Билетите за 22-то ОФФест издание се достапни на билетарниците на МОБ и МКЦ, како и онлајн преку mktickets.mk.]]>

Оваа пејачка е убедливо најплатената на српската естрада: Ако сакате да ја гледате на Нова Година ќе треба да платите дури 350 евра https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-pejachka-e-ubedlivo-najplatenata-na-srpskata-estrada-ako-sakate-da-ja-gledate-na-nova-godina-kje-treba-da-platite-duri-350-evra/ Thu, 01 Dec 2022 10:08:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278158

Доколку некој сака да влезе во друштво на големи музички ѕвезди во 2023 година, за тоа ќе треба да потроши значителна сума на пари. Најскапата карта е за настапот на Лепа Брена се движи од 300 до 350 евра. Цената зависи од положбата на масата во салата и вклучува удобно место за седење, целосна вечера и неограничено конзумирање на алкохолни и безалкохолни пијалоци во текот на ноќта.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Веднаш зад неа е Аца Лукас. Тоа чини од 180 до 200 евра, во зависност од положбата на масата во самата сала, која вклучува елегантно место за седење, комплетна вечера и една чаша шампањ од престижен бренд. Има и бар маси, за кои цената по лице е 100 евра и вклучува комплетна вечера, но не доаѓаат со столчиња.
Дара Бамамара - од 70 до 110 евра Дара Бубамара за Нова година ќе пее во клуб на периферијата на Белград, а според веб-страницата, билетите за таа вечер ќе чинат од 70 до 110 евра за едно лице.
Рада Манојловиќ - од 130 до 200 евра Рада ќе пее со колегата Амар Гиле во познат хотел во Нов Белград, во кој се сместени околу 550 луѓе. Цената на билетите се движи од 130 до 200 евра.
Дарко Лазиќ и Андреана Чекиќ - од 150 до 210 евра Она што ќе ја направи новогодишната ноќ со Дарко и Андреана поинаква од другите е тоа што по вечерата (околу два часа по полноќ) на гостите ќе им биде послужен куќниот специјалитет - бурек со сирење и бурек со месо. Цените на билетите се од 150 до 210 евра. Слоба Радановиќ и Каќа Грујиќ - од 150 до 200 евра Слоба и Каќа ќе пеат за дочекот на 2023 година во свечена сала во главниот град која може да прими околу илјада луѓе. Цените на билетите се од 150 до 200 евра по лице. Ѓани - од 100 до 150 евра Ѓани, како и изминатите години, ќе пее за новогодишната ноќ, а овојпат цените за резервации ќе бидат малку повисоки. Ќе чини од 100 до 150 евра за едно лице. Ѓани ќе настапи во свечена сала во главниот град. Милица Павловиќ - од 130 до 210 евра. Во 2023 година, Павловиќ ќе биде пречекана во строгиот центар на Белград во свечена сала каде ќе можат да дојдат многу нејзини обожаватели. Цената на билетите е од 130 до 210 евра. Сека Алексиќ и Слаѓа Алегро - од 70 до 180 евра За прв пат две пријателки заедно ќе ја дочекаат Новата Година, а ќе биде напорна. Ќе пеат во кафаена, а билетите ќе чинат од 70 до 180 евра. Весна Змијанац - 120 евра Само кај Весна Змијанац цената на билетите за Нова Година е фиксна и чини 120 евра. Таа ќе пее во ресторан кој може да прими 400 посетители, а цената како и секаде вклучува храна и пијалоци. фото:Инстаграм]]>

Билети за „Саемот на книга“ ќе може да се купат онлајн https://arhiva.vistina.com.mk/bileti-za-saemot-na-kniga-kje-moze-da-se-kupat-onlajn/ Wed, 01 Sep 2021 13:26:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217577

Од утре, билети за саемот на книга ќе може да се купат преку on-line електронскиот систем www.karti.com.mk. За најбројната публика, млади лица до 18 години, важи попустот како за групни посети, а билетот чини само 20 денари. Саемот за книга ќе се одржи на отворено, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковски), од 8. до 14. септември. На саемот ќе земат учество над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, како и голем број на промоции и саемски попусти. Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и поддржан е од Министерството за култура на Република Македонија. Програмата и распоредот на промоции на новите изданија ќе бидат објавени непосредно пред почетокот на Саемот на книга 2021, соопштија организаторите.]]>

Во продажба по 3000 билети за натпреварите против Ерменија и Романија https://arhiva.vistina.com.mk/vo-prodazba-po-3000-bileti-za-natprevarite-protiv-ermenija-i-romanija/ Mon, 30 Aug 2021 13:12:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217278

Македонската фудбалска репрезентација во следниот период ќе одигра три квалификациски натпревари за СП 2022 од кои два на домашен терен. Во Скопје играме со Ерменија на 2 септември, а со Романија на 8 септември. Меѓу тие натпревари гостуваме на Исланд на 5 септември. И покрај тоа што Владата дозволи 50% исполнетост на спортските арени и со посебни протоколи и правила за присуство, сепак, од Фудбалската федерација на Македонија одлучиле да пуштат во продажба по 3000 билети за натпреварите со Ерменија и со Романија. Инаку цената на влезниците изнесува по 300 денари за натпревар, а можат да се купат преку продажната мрежа на МК Tickets. ]]>

Дуа Липа плукаше по Србија, си го присвои македонскиот ајвар како како албански производ, а сега и на едните и на другите им „продава“ карти за онлајн концерт! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dua-lipa-plukashe-po-srbija-si-go-prisvoi-makedonskiot-ajvar-kako-kako-albanski-proizvod-a-sega-i-na-ednite-i-na-drugite-im-prodava-karti-za-onlajn-koncert-foto/ Wed, 11 Nov 2020 10:39:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175548

Пејачката со албанско потекло Дуа Липа (25), го шокираше регионот во претходните месеци промовирајќи ја таканареченатаГолема Албанија“, што предизвика лавина негативни коментари во Србија, Македонија, Грција и Црна Гора, како и со тврдењата дека „Косово никогаш нема да биде Србија“. Потоа таа и си го присвои македонскиот ајвар, рекламирајќи го како како албански производ, на што подоцна се надоврза и нејзината „сестра по крв и микрофон“, пејачката Бебе Реџа. И додека прашината се' уште не спаднала, а реакциите на нејзините небулозни коментари се' уште се редат, Дуа Липа одново сите ги шокираше со нов потег за кој се зборува. Имено, пејачката планира да одржи онлајн концерт на Интернет кон крајот на месецов, за кој ќе се плаќа доколку саката да го гледате, па така таа сношти „ги покани“ сите што живеат во регионот да платат билет за да го гледаат и да го слушаат нејзиниот настап. „Билетите за концертот сега се достапни и за овие територии: Унгарија, Чешка, Грција, Хрватска, Словенија, Косово, Албанија, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Словачка и Бугарија! Нарачајте го својот!“ - порача преку социјалните мрежи, кои вријат од нејзината безочна и безобразна дрскост, која се огледа во тоа што прво ги плукаше и обезвреднуваше, а сега ги кани на концерт граѓаните на истите тие земји, кои наместо држави, ги нарекува „територии“!?    ]]>

Во продажба дел од влезниците за „Златна бубамара на популарноста 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-prodazba-del-od-vleznicite-za-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2018/ Wed, 24 Jan 2018 12:57:16 +0000 http://vistina.mk/?p=10691

„Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, доаѓа  21. издание на Златна Бубамара, кое не смеете да го пропуштите. Дел од билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба на 24 јануари преку  МК тикестс во точно 12.30 часот и во неколку познати продажни места за билети за кои дополнително ќе ве информираме“, соопштија организаторите на популарната манифестација, која годинава ќе се одржи на 22 февруари во ВИП арената „Борис Трајковски“. Сè уште не се познати многу детали околу годинашната програма бидејќи, како што се вели во  соопштението, „сценариото, наградените  и учесниците се наше дискреционо право“, а повеќе детали се очекуваат наскоро.]]>