билбилов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 Aug 2023 13:30:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png билбилов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара и Билбилов го славеа Илинден во кафеана со „Бисер балкански“, со блиските пријатели ама и со нивните нови љубови? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-i-bilbilov-go-slavea-ilinden-vo-kafeana-so-biser-balkanski-so-bliskite-prijateli-ama-i-so-nivnite-novi-lubovi-foto-video/ Thu, 03 Aug 2023 08:17:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312408

Најголемиот македонски празник „Илинден“  македонската естрада различно го празнуваше. Многумина од нив работно, со свои настапи на разни манифистации на кои се славеше и чествуваше Денот на Републиката, дел од нив со свои редовни настапи по различни кафеани, кафулиња и клубови, останатите кој каде и како. Некои се на одмор на море или езеро, некои останаа дома. Македонските поп ѕвезди, пејачката Тамара Тодевска, пејачот, композитор и продуцент Роберт Билбилов заедно со нивниот колега, композиторот  Лазар Цветковски, Илинден го прославија заедно, во кафеана! Старите пријатели и соработници на иста маса во весела атмосфера и расположение, со полна трпеза и пијалак в рака наздравија за најголемиот македонски празник и тоа со звуците не на било која песна. Оркестарот со жива музика крај масата, на увце не случајно им ја свиреше македонската патриотска  фолк химна - „Бисер балкански“, напишана од никој друг, туку токму од покојниот татко на Роберт Билбилов, музичарот и композитор Хилми Билбил. За 120 години од Републиката, за честит Илинден и само една вистина - вечна и вековита Македонија! А можеби и за уште нешто друго? Зашто она што може да се забележи на масата кај патриотски расположената, весела, естрадна дружина на видеата, кои на социјалните мрежи самите  ги споделиле, се уште некои лица, кои не припаѓаат баш на естрадната фела! А истите и се означени или поточно тагнати во описот на видеата и фотографиите. Имено, по разводот со сега веќе бившиот сопруг Мачка, за Тамара наголемо се шушка дека не е сама. За пејачката се шпекулира дека има „нов пријател“ со кого често се гледа, па дури и не го крие од јавноста, како што беше и овој пат, иако јавно се' уште не споделила дел од својата „близина“ со него. Сепак, евидентно е дека човекот е се' поприсутен во нејзиниот живот. Една од заедничките фотографиии објавена неодамна на нејзината Инстаграм страница на која „образ до образ“ Тамара со насмевка од „седмица до седмица“ просто ужива во неговата прегратка, веројатно  беше повеќе од доволна за да ги подгрее шпекулациите и нагаѓањата: Дали овој човек е новата љубов на пејачката? Особено по цитатот што го остави Тамара на нејзините Инстаграм приказни веднаш по објавата на фотографијата, во кој пишува: „Шест часа поминуваат за 30 минути кога си со вистинската личност“! А човекот се вика Лука Радовиќ и во неговото портфолио пишува дека по професија е архитект и дизајнер за ентериери и внатрешно уредување. Неговиот Инстаграм профил  „случајно го следат“  Тамара и сестра и Тијана? Но, затоа пак истата личност  не случајно се најде на иста маса со Тамара и нејзиното естрадно друштво при кафеанската прослава на Илинден. Од друга страна пак,  видеото на кое се тој, Тамара, Лазар и Билбилов, го сподели уште една позната личност. Која според прикажаното, најверојатно и самата го снимала седејќи со нив на истата маса, а потоа и таа и Тамара и Роберт, истото го споделиле на своите Инстаграм приказни. Во прашање е Лејла Рамковска, ќерка на некогашниот сопственик на А1 телевизија - Велија Рамковски, која по несреќното гаснење на телевизијата сега се занимава и работи како јога инструктор и советник за  здрав живот и здрави навики. Лејла и Билбилов се познаваат оддамна, обајцата се разведени и слободни иако зад себе имаат брак и дечиња, но прашање е дали сега „старото пријателство“ не прераснало во нешто друго, многу поинтимно? Дали сега Лејла и Роберт не се „многу поблиски“ од некогаш или сепак останале само „пријатели засекогаш“? Едни велат она второто, додека оние што ги познаваат одблизу тврдат дека само прашање на ден е кога нивната „интимна близина“ ќе биде обелоденета во естрадниот свет, како и онаа на Тамара со младиот архитект? Впрочем, стиховите на последната песна на Билбилов насловена „Тебе“ која неодамна ја објави, во многу што одат во прилог на оваа претпоставка. „Тебе, те сакам тебе,Те сакам тебе само за себе, кога ти си си во мене јас дишам со тебе, и за се' друго немам ни простор ни време, се што сакам е да бидам со тебе...“ - се пее меѓудругото во песната. Дали е и автобиографска и посветена токму на неа, на убавата Лејла, засега ќе остане тајна скриена и јавна дилема?! Како и релацијата на Тамара со оној, со кого и расположена и насмеана, а и кога само ќути, 6 часа и минуваат како да се 30 минути?! Фото: Инстаграм/lejlaramkovska/tamaratodevska/justrbproduction  ]]>

Викторија Лоба и Тајзи прашуваат – „Каде сме ние“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-loba-i-tajzi-prashuvaat-kade-sme-nie-video/ Tue, 24 Apr 2018 11:38:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=22959

Пролетва се покажа како плоден период за Тајзи и Викторија Лоба. Тој неодамна  ја објави песната „Мој живот, моја ствар“ отпеана на српски јазик со видео во стрип-техника со кое ќе се обиде да ја освои рпубликата во регионот, анајави и уште пет нови песни до крајот на годинава и многу настапи ширум земјата и регионот. Викторија Лоба, пак, е се' уште актуелна е со неодамна објавената тема со етно-призвук, „Херој“ како вовед во новиот албум што треба да се појави наскоро.
Токму овие двајца македонски изведувачи, вчеравечер, 23 април, 2018 год. во скопскиот хотел „Сити парк“ пред новинарите, нивните соработници, пријателите, колегите, спонзорите... ја промовираа најавената заедничка песна и видеото за неа со наслов „Каде сме ние?“
Викторија Лоба, Драган Величковски – Тајзи ( изведувачкиот дует), Роберт Билбилов ( авторот и продуцент) и Даниел Јовески (режисер на видеото) е екипата што работеше на оваа заедничка песна, чија премиера се случи вчера. Станува збор за првиот дует на Лоба и Тајзи, потпишан од хитмејкерот Роберт Билбилов, а сето тоа екранизирано од докажаниот режисер и продуцент Даниел Јовески и неговото „Састејн студио“ (Sustain Studio).
Овој пат Билбилов направил модерна тема со психоделичен вовед која се развива во современо продуциран електро-поп, всо аранжман која ја прелева психоделијата во денс ритам со заразен рефрен и назад... Се на се' необично, ултрамодерно спакувано парче, наменски  погодно за дует, токму каков што одговара на сензибилитетот и вокалната експресија на овие две македонски поп ѕвезди.
Видеото на Јовески пак, иако навидум едноставно, правено во хромаки техника во студио изработено во 4К, истото изобилува со кадри кои соодветствуваат со музиката на Билбилов и стиховите кои ги следи изборот естетската визура на режисерот.
Генерално, Лоба и Тајзи имаат заедничко музичко парче што е освежување на домашната музичка сцена и несомнено истото ќе го збогати македонскиот радио етер... Особено, заради тоа што е правено по вкусот на помладите музички конзументи, кои во чекор ги следат светските трендови, а воедно се и нивна верна публика.
А, како сето звучи и изгледа, кога Лоба и Тајзи прашуваат „Каде сме ние“? - проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=ASjc_quEwOs  ]]>