Бикини Мун – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 23 Apr 2018 08:36:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Бикини Мун – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Крсте Роџевски со „Бубамара“ во „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/krste-rodzevski-so-bubamara-vo-bikini-mun-na-milcho-manchevski-video/ Mon, 23 Apr 2018 08:36:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=22571

Песната „Ladybug“ (Бубамара), која се најде на вториот албум на Крсте Роџевски, е дел и од саундтракот на новиот филм на Милчо Манчевски, „Бикини Мун“, а деновиве си го доби и своето официјално видео. Станува збор за избор на сцени од самиот филм, кој ги монтираше Доријан Миловановиќ, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите и слушнете подолу.
Како што веќе спомнавме, песната е сместена на второто студиско издание на Роџевски насловено „Bitter Almonds“, а битолскиот музичар и психијатар со адреса во Њујорк веќе го привршува и неговиот наследник, воедно трет и последен дел од трилогијата „Апоптоза“, чиј наслов ќе гласи „The Rabbit and The Fallen Sycamore“.
Во циклусот на создавање песни за трилогијата, тој креира сложена лична митологија кадешто во главната улога се појавуваат туѓинци, љубовници и легендарни ликови од балканската и византиската историја како и од преданијата, поврзани околу темите: љубов, загуба, секс и смрт. https://www.youtube.com/watch?v=m1wMWmyOpBc  ]]>

„Бикини Мун“ на Манчевски на Софискиот филмски фестивал https://arhiva.vistina.com.mk/bikini-mun-na-manchevski-na-sofiskiot-filmski-festival/ Wed, 07 Feb 2018 13:40:58 +0000 http://vistina.mk/?p=12060

 Играниот филм „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски ќе биде прикажан на 22-от „Софија филм фест“ кој ќе се одржува во март.
Организаторот на фестивалот, пренесува бугарската новинска агенција БТА, го најавува Манчевски како еден од најуспешните режисери на Балканот, потсетувајќи дека за „Пред дождот“ е добитник на Златниот лав во Венеција и номиниран за Оскар за филм на неанглиски јазик и дека „Бикини Мун“ му е најнов, американски независен филм.
Организаторите посочуваат дека публиката на Софија филм фест ги познава и другите филмови на Манчевски - „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“, наведувајќи дека последните два се копродукции со бугарско учество. Соопштуваат за приказната во „Бикини Мун“, како и податоци од професионалната биографија на Манчевски, меѓу кои дека живее во Њујорк каде што станал предавач по режија на Факултетот за уметности, кино и  телевизија на Њујоршкиот универзитет. „Бикини Мун“ е петтиот игран филм на Милчо Манчевски и прв во кој не учествуваше Македонија. Се снимаше во Њујорк и премиерно беше прикажан во октомври на фестивал во Бразил. извор:cooltura.mk
]]>