бијело дугме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 08 Feb 2024 10:46:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бијело дугме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Јосифовски има нова песна, ама сите останаа подзинати од изгледот на оваа убавица покрај него: Не знаеш дали му е другарка, девојка, сестра или мајка? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-josifovski-ima-nova-pesna-ama-site-ostanaa-podzinati-od-izgledot-na-ovaa-ubavitsa-pokraj-nego-ne-znaesh-dali-mu-e-drugarka-devojka-sestra-ili-majka-foto/ Thu, 08 Feb 2024 10:46:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338037

Ѕвездата на  Гранд,  македонскиот рокер Александар Јосифовски ги израдува сите со нова моќна рок балада наречена „Уште еден ден за нас“.   Охриѓанецот објави нова песна полна со емоции, за која музиката и текстот  ги напиша познатиот српски хитмејкер Бане Опачиќ, а аранжманот го направи самиот пејач со помош на гитаристот Бојан, кој го придружува на сите негови настапи. „Како ноќ во градите, го носам твоето збогум, со гладна уста  пусто поле косам. Каде си живеела во мене, срцето на сите им го скамени. Би сакал уште еднаш да бидам во твојата прегратка, нека ми биде последното отчукување“ - се стиховите од рефренот на рок баладата што на прва освојува. Бројните корисници на Јутјуб се воодушевени од песната што Јосифовски премиерно ја изведе во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, а позитивните коментари не престануваат да пристигнуваат. „Честитки за композиторот, изведувачот и гитаристот, оваа песна е толку моќна.., Секоја чест“, „Ангел се врати на Земјата!“Ти си, без зборови, небесен човек!Браво!“, „Ова е толку маестрално што станува нереално.Ја пуштам песната, затворам очи и патувам низ времето во друга галаксија... Се заљубив во оваа песна“, се дел од коментарите под видеото за оваа феноменална песна. И додека бројните фанови на Јосифовски се во старт воодушевени, на многумина боде очи им западна една нова фотографија направена на тукушто завршената турнеја низ Австралија, на која Александар ја загреваше публиката пред концертите на мегапопуларните „Бијело дугме“ во најголемите градови на најјужниот континент. На неа Јосифовски образ до образ со една фасцинантна убавица, која не знаеш дали му е другарка, девојка, сестра или мајка? И додека убавото женско лице до пејачот ги остави многумина со подзината уста, оние што паметат малку подолго, а и оние што се подобро упатени,  добро знаат за кого се работи! Убавицата на таа но и на други фотографии сликана со младиот пејач е неговта мајка Елизабета Неданоска Јосифовска и сама некогашна, а и сегашна македонска фолк пејачка, која со години живее во далечната Австралија. Велат охридскиот рокер од неа ги наследил музичките гени и талентот за пеењ, но и убавината која е несомнена и кај него и кај неговата атрактивна мајка Бети, која изгледа ногу помладо  за свои години. Елизабета правеше долга пауза во кариерат, па потоа пред неколку години се врати на фолк сцната со видео спот за една нејзина постара песна која своевремено беше голм хит, насловена: „Ем го мразам, ем посакувам“. Во меѓувреме, естрадата не и е можеби главен приоритет, но затоа на нејзиниот Александар таа му е главниот ослонец и најголема поддршка како што тоа знае да го направи една мајка.   А Елизабета верно го следеше својот син и на концертите низ Австралија на неговата турнеја со Брега, Ален и Тифа... Фото: Фејсбук/Elizabeta Nedanoska Josifovska & Инстаграм/alexandarjosifovski      ]]>

„Бијело дугме“ по повод 50 годишниот јубилеј најавиja големо изненадување https://arhiva.vistina.com.mk/bijelo-dugme-po-povod-50-godishniot-jubilej-najavija-golemo-iznenaduvane/ Tue, 02 Jan 2024 13:41:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333364

Бјело дугме“ за новогодишната ноќ настапиja во Херцег Нови, а Ален Исламовиќ на неговиот официјален Фејсбук профил објави дека по повод 50-годишнината на групата следува изненадување.
Луѓе, среќна Нова. Како Дугме во Херцег Нови, ја објавивме 50-годишнината на групата и тоа ќе биде големо изненадување за нашите фанови. Одиме со рок верзија и ограничен број концерти. Се гледаме – напиша Ален под неколку фотографии.
Останува да видиме дали има шанси да се собере ударната четворка на Дугме по повод златниот јубилеј, односно дали изненадувањето ќе се огледа во Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ, Младен Војичиќ Тифa и Жељко Бебек заедно на сцебната?]]>

Горан Мишев – Мишка беше одличен во „Никогаш не е доцна“, ама велешанецот има само една желба: „Би ја дал сета слава на светот, само еднаш да запем на сцена со Брега и Дугме“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/goran-mishev-mishka-beshe-odlichen-vo-nikogash-ne-e-dotsna-ama-veleshanetsot-ima-samo-edna-zhelba-bi-ja-dal-seta-slava-na-svetot-samo-ednash-da-zapem-na-stsena-so-brega-i-dugme-foto/ Thu, 06 Apr 2023 07:30:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296835

Рокерот од Македонија, Горан Мишев - Мишка, блесна во третиот круг на регионалното музичко талент шоу за повозрасни „Никогаш не е доцна“, кога ја изведе песната „Липе цвату“ од „Бијело дугме“ за која доби неверојатни пофалби од жирито, што му даде ветар во грб да продолжи да работи како досега, затоа што тоа Мишка  го прави брилијантно. Без лажна скромност, ветеранот ги сподели првите  впечатоци за „Гранд“ и призна дека ова е неговиот најдобар настап досега. „Задоволен сум, добро испадна. Беше подобро од првиот и вториот круг, ма беше одлично“ - ќе рече Мишка, кој веќе стана популарен не само во својот град, туку и пошироко, во цела Македонија, па и во регионот,  но сета популарност би ја заменил само да му се исполни една желба за која сонува со години. „Ме препознаваат на улица, не само во Велес, ми се јавуваат од цела Македонија. Најголема желба е ова да го слушне  Бреговиќ или некој друг од 'Бијело дугме', дека повеќе би сакал да изведам  една песна со него, отколку да работам секој викенд... тоа е мојата најголема желба“ – искрено  ја отвори душата ветеранот што се би дал се за да го запознае својот идол. „Го следам Бреговиќ од кога паметам за себе. Првата песна што ја слушнав беше 'Битанга и принцеза' и оттогаш го сакам 'Бијело дугме'. Ако се качам на сцена со нив ќе ми биде остварување на животниот сон и мислам дека нема да ги посрамотам, зашто можам да го донесам она што ти его свират“ - тврди Мишев. Во видеото подолу дознајте која песна на „Бијело дугме“  му ја запеа Мишка „на суво“ на Брега, со надеж дека можеби сепак ќе го слушне и ќе му ја исполни животната желба... Впрочем, „Никогаш не едоцна“, зарем не? ]]>

Познати македонски музичари ја „воскреснаа“ легендарната група: Вака изгледа и звучи „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznati-makedonski-muzichari-ja-voskresnaa-legendarnata-grupa-vaka-izgleda-i-zvuchi-belo-kopche-tribute-bijelo-dugme-video/ Wed, 01 Jun 2022 08:02:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252625

Откако повеќе не постојат или стануваат се$ понедостижни да се видат собрани заедно во нивните  оригинални постави, стана пракса легендарните светски бендови, но и оние од некогашните ЈУ простори да добиваат свои „реплики“. Или што би рекол некој: „копии верни на оригиналот“. Сите насловени како „Tribute“ (почит) кон:  Queen, AC-DC, Led Zeppelin, Pink Floyd,  ZZ Top...   или некогаш „нашите“: ЕКВ, Азра,  Забрањено пушење... И уште дузина други легендарни бендови кои се дел од светската и балканската рок историја. Сеќавањето на нив го враќаат освежувајќи ни ги емоциите токму ваквите  Tribute  бендови кои буквално не само што во тон ја симнале музиката на оние, кои веројатно биле и нивни идоли, туку се трудат и физички што повеќе да личат на оригиналните членови на тие групи. И во изгледот со помош на мејкап, перики, разни маски, и во облекувањето, но секако и во однесувањето на сцената, симнувајќи го секое движење, секој гест, секој изговорен збор на „главните јунаци“ од нивната рок ен рол приказна кои тие ги „глумат“ на сцената. Вакви „трибјут бендови“ бендови однадвор доаѓале во неколку наврати и во Македонија, најмногу во Скопје (Queen,  David Bowie, Pink Floyd, ЕКВ, Азра...), но вистински македонски трибјут бенд на некоја група до сега не сме имале. Многумина пееле и свиреле песни од овој и оној, но никој не направил група која исто ќе свири, пее, изгледа, се облекува и се однесува како некоја од оние, големите, легендарните... Односно би била нивна „верна реплика“. Се' до сега, или поточно до пред две години, кога идејата да се направи македонска верзија на најголемиот рок ен рол бенд во некогашна Југославија, легендарните „Бијело дугме“,  ја преточија во стварност група наши музичари форммирајќи го проектот:  „Бело Копче - Tribute Bijelo Dugme“! Заради ковид пандемијата не беа во можност веднаш да го покажат на виделина, но сега по се изгледа доаѓа вистинското време „копчето да се откопча“ и да се покаже сиот музички и визуелен раскош, сета убавина на музиката со која растеа генерации, зашто „Бијело дугме“ несомнено беа и останаа балканските „The Rolling Stones“! Токму затоа гитаристот Стевче Грозданов (како Горан Бреговиќ), пејачот Зоран Рудан - Цеки ( како Жељко Бебек), басистот Горан Гешовски (како Зоран Реџиќ), тапанарот Сашо Стојановски (како Горан Ипе Ивандиќ), клавијатуристите Борислав Драганов-Боби (како Лаза Ристовски) , Давор Јордановски и Мирослав Милковски ( како Владо Правдиќ), како и придружните вокали Билјана Ѓошева и Боба Танева (како  Амила Сулејмановиќ и Зумрета Миџиќ-Зу)  станаа дел од македонскиот проект посветен на најголемата група на сите времиња на екс-ЈУ просторите,  насловен „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“. „Бело Копче е составен од врвни музички имиња, музички професионалци од македонската естрада. Поентата на постоењето на оваа трибјут група е свирењето на песните на 'Бијело Дугме' во оригинална верзија како што доликува на врвен трибјут бенд. Групата постои околу 2 години, но поради пандемијата немаше услови за јавен настап, па во тој период се обидовме да направиме 7 спотови со познати песни од 'Бијело Дугме': „Кад би био бијело дугме“, „Тако ти је мала моја кад љуби Босанац“, „Да сам пекар“, „Сањао сам ноќас да те немам“,  „Лажеш злато, лажеш душо“, „Ружица си била“ и  „Ево, заклет ќу се“ - напишаа членовите на својата новоотворена Фејсбук страница, претставувајќи го проекот и  биографијата на членовите на трибјут бендот. „Со гордост го претставувам новиот проект наречен 'Бело Копче - трибјут Бијело дугме'. Се надевам дека ќе ви фати око. На нашата ФБ страница ќе промовираме седум песни, снимени во живо, од најдобриот бенд на сите времиња на Балканот, 'Бијело дугме'. Како прво да ја претставам „Кад би био Бијело дугме“ - напишал еден од основачите на трибјут групата, гитаристот Стевче Грозданов. Кога и каде ќе можеме да присуствуваме на првиот перформанс во живо на „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“, останува да видиме? Она што може да се стекне како впечаток од најавното видео, звучи примамливо и се гледа дека екипата навистина се потрудила и музички и визуелно да заличат на бендот на Бреговиќ и компанија од нивните почетоци на славата. Вака изгледа и звучи македонското „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“: ]]>

Србија по лекцијата за здравство, ни држи и лекција по школство: По Балашевиќ, песни и на Бајага и „Бијело дугме“ влегуваат во училишните учебници https://arhiva.vistina.com.mk/srbija-po-lekcijata-za-zdravstvo-ni-drzi-i-lekcija-po-shkolstvo-po-balashevikj-pesni-i-na-bajaga-i-bijelo-dugme-vleguvaat-vo-uchilishnite-uchebnici/ Mon, 07 Jun 2021 12:31:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205944

Како што е веќе познато, три песни од Ѓорѓе Балашевиќ ќе се најдат во српските учебници за основно училиште. Според најновите информации после Балашевиќ во српските учебнци влегуваат песните на Бајага и „Бијело дугме“. Така како композиции препорачани за свирење и пеење се додадени „Буѓење раног пролљеќа“ од „Бајага и инструктори“ и „Липе цвату“ од „Бијело Дугме“. „Пред пет-шест месеци ми се јавија за да им дадам дозвола да ја испечатат мојата песна „Буѓење раног пролеќа“ и ноти за неа во музички учебник за осмо одделение од основно училиште. Тоа не е мојата најдобра песна во кариерата, но е погодна за свирење пијано. Во песната се споменуваат скоро сите инструменти од оркестарот, тапани, виолончело, женски и машки гласови. Има врска со класичната музика, па претпоставувам дека тоа е причината. Патем, ова не е првпат некои од моите композиции да се најдат во учебниците, песната „Моји другови“ беше отпечатена минатата учебна година“, изјави Бајага. Покрај споменатите, во српските учебници се наоѓаат и песни на: Радмила Караклајиќ, Шабан Бајрамовиќ, Звонко Богдан, бендовите „Вампири“, „Земља грува“ но и странски изведувачи како Алиша Кис и Били Ајлиш. „Ставот на авторите на учебникот е дека училиштето треба да се приближи до децата и постојано да поттикнува дијалог и размислување за различни жанрови на музика. Сакаме децата ги запознаеме со великаните на нашата музичка сцена за кои не чуле, бидејќи не се слушаат во нивните семејства. Голем дел од песните на овие великани беа избрани во согласност со инструментите и бидејќи дрвените инструменти, како што се фагот и обоа, се изучуваат во осмо одделение, баравме адекватен пример и поради тоа се наоѓаат во учебниците“, објаснува Маја Соколовиќ – Игњашевиќ, една од четирите автори на учебниците. Фото: ATA Images/ telegraf.rs/Инстаграм принтскрин/]]>