биг бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Nov 2023 12:30:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png биг бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Биг бендот на ЗЏМ на 9-ти декември ќе ги свири композициите на „Леб и сол“ https://arhiva.vistina.com.mk/big-bendot-na-zdhm-na-9-ti-dekemvri-ke-gi-sviri-kompozitsiite-na-leb-i-sol/ Tue, 07 Nov 2023 12:30:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325819

На 9-ти декември, со почеток од 20 часот, во салата на Национаната опера и балет, ќе се одржи концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен „ЗЏМ свири Леб и сол.“ На целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“ со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба.
„Леб и сол“ е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички состав настанува на 01.01.1976 по што следи долгогодишно испишување на една од најимпресивните музички кариери на овие балкански простори и, со сигурност, најдоминантната во македонската музичка историја. Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитијан ја сочинуваат стандардната постава на „Леб и сол“  иако во текот на годините во оваа група членувале и други значителни музички имиња меѓу кои Димитар Чочоровски-Чочор, Драгиша Солдатовиќ-Лабиш, Миодраг Петковски-Мики, Драгољуб Ѓуричиќ, Кирил Џајковски, Валентино Скендеровски, Димитар Божиков, Срѓан Дункиќ, Гоце Стевковски, Михаил Парушев, кои придонесле за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности. Билетите може да ги набавите online на https://mktickets.mk/ 
]]>

Биг бендот на ЗЏМ ќе ги свири песните на легендардниот Френк Запа во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/big-bendot-na-zdzm-kje-gi-sviri-pesnite-na-legendardniot-frenk-zapa-vo-makedonskata-filharmonija/ Tue, 30 Nov 2021 13:47:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229462

В среда, на први декември од 20 часот во Македонската филхармонија Биг бендот на Здружение на џез музичари ќе свири музика на легендарниот и авангарден музичар Френк Запа. Диригент на концертот е Австриецот Зиги Вајгл, кој ги водеше концертите на ЗЏМ на кои претходно се свиреше музика на „Битлси“, Дон Менза и „Рејдиохед“. Френк Запа претставува една од најкарактеристичните музички фигури кои го одбележаа 20-тиот век и се смета за еден од најиновативните и стилски најразновидните музичари на неговата генерација. Тој е американски музичар, композитор, текстописец и водач на бенд чија работа се карактеризира со нонконформизам, импровизација во слободна форма, звучни експерименти, музичка виртуозност и сатира на американската култура. Во својата кариера, долга повеќе од 30 години, Запа компонира во рамките на рок, поп, џез, џез- фјужн музика, создава оркестарски и Musique concrète дела (музика која користи снимени звуци од природата) и ги продуцира речиси сите, повеќе од 60, албуми издадени со неговиот бенд Mothers of Invention и како соло уметник. Тој, исто така, режирал долгометражни филмови и музички спотови, и дизајнирал корици на албуми. Запа накратко експериментирa со биг бендови во раните 70-ти и повторно за време на неговата последна турнеја во 1988 година, но неговата музика совршено се адаптира за биг бенд изведба.]]>