биба додева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Sep 2023 08:44:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png биба додева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панчо-ДНК, Биба Додева… меѓу познатите македонски личности кои ги изгубиле своите најмили, удрија по злосторот на „онколошките монструми“ https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-biba-dodeva-megu-poznatite-makedonski-lichnosti-koi-gi-izgubile-svoite-najmili-udrija-po-zlostorot-na-onkoloshkite-monstrumi/ Mon, 04 Sep 2023 08:35:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316414

По објавениот црн мегаскандал од клиниката за онкологија  револтот на народот не само што расте до невидени размери, туку е на работ на експлозија. Чашата на криминалното и коруптивно владеење и неспособност на владеачката коалиција оддамна е прелеана.  Трулежот во сите сфери на општеството стигнат е до ниво на распаѓање. По најновите шокантни откритија за случувањата на онкологија, од  здравството меѓу  останатото, се шири неподнослива смрдеа... Реа на гнилеж предизвикана од аматеризам, неспособност, нечовечност, алчност, недостаток на емпатија до ниво на монструозност...  На социјалните мрежи се објавуваат коментари, врие од револт, осамнуваат потресни сведоштва од граѓани кои поминале низ лавиринтите на клиниката, а за жал, и покрај скапите терапии кои само тие знаат како собрале финансии за да ги обезбедат, ги загубиле своите најмили, најблиските. Меѓу останатите граѓани реагираат со свои коментари и познатите. Во професијата, во шоубизнисот  можеби се блескави ѕвезди, но во животот сепак се само обични луѓе, кои токму таму, во таа сега веќе за жал извикана и „озлогласена“ институција наместо сламката на спас за живот, дознаваат дека можеби и нивните сега веќе покојни најмили, биле дел од пеколниот „менгелевско - трговски“ крими проект на поедини медицински монструми!? Впрочем, после ова може ли некој да го спречи сомнежот на секој што животот го натерал лично или некој од неговите да поминат низ скопските онколошки ходници и болнички соби? Затоа и реакциите се емотивни, искрени, човечки... Но и полни со гнев и горчина, со бес и лутина и борба за правдина... Институционална или улична, сеедно... Правдата мора да ја има. Зашто кога неправдата станува закон, отпорот станува должност, а за злосторството мора да има и соодветна казна. Од судот или линч од народот! Македонскиот  ар ен би изведувач и ДЈ,  Владимир Блажев, алијас Панчо-ДНК како и многумина  реагираше на својот Фејсбук профил. Вели дека морал најпрвин „да изброи до 10“  за да не употреби зборови што не се за во јавност, па потоа еве што споделил во својот коментар: „Кога ја дознав информацијата бев во шок, неверување и толку многу изреволтиран што чекав да ми спадне за да не се каам што зборови ќе употребам. Додека сите ние лечиме луѓе преку СМС пораки, донации или хуманитарни концерти некои НЕЛУЃЕ си профитираат на маката и фамилиите на луѓе кои се борат со смртта. Толку многу неправди се случуваат последниве години што е огромен разлог за разочарување кај сите граѓани на Македонија и егзодусот кои се случува прекупреселување и напуштање не државата, и не само на млади туку цели фамилии. Станавме земја во која корупцијата ни е секојдневие, правосудството ни е КРИВОСУДСТВО и еден голем ЦИРКУС, а здравството КАТАСТРОФАЛНО. Ништо, ама буквално НИШТО не функционира!! После овој скандал не само што треба да има предвремени избори туку треба буквално сите кои се на власт да си поднесат неотповиклива оставка или во спротивно да направиме граѓанска непослушност без никаков страв од закани и притисоци за оние кои работат дежавна работа. Секоја револуција има свои последици но и нови херои!! Размислете дека еден ден истово ова може да ви се случи недај боже вам или на ваши најблиски. Ова е ДНОТО НА СРАМОТ и НЕЧОВЕЧНОСТА, ова е нешто кое се случува во најнеразвиени земји ма да и таму има повеќе емпатија него кај нас. Господ на сите ќе ви суди тоа е факт ама мора и народот. Ова не смее да го преќутиме, СИТЕ НА УЛИЦА и не политички туку ЧОВЕЧКИ“ - напишал Панчо на својот Фејсбук. Македонската пејачка и кантавторка Биба Додева, која последниве години преку своето здружение за борба против карциномот - „Борка“ беше токму синоним за хуманост, борба, желба за живот, оптимизам, достоинствено лекување... на најопаката болест на денешницата. По десетгодишна активност пејачката се повлече од својата активност на ова поле заради тоа што замина да живее во друга земја, но при своето враќање и посета на родната Македонија, токму за „добредојде“  ја дочека непријатната вест за случувањата на скопска онкологија, тотално спротивни од она за кое Биба Додева последниве десет години се бореше и залагаше. Шокирана и вчудовидена од случувањата пејачката и некогашен основач на здружението „Борка“ се огласи со свој коментар на нејзиниот Фејсбук профил: „После скоро една година откако веќе сум повлечена од оваа тема, живеам во друга земја и се посветив на други активности, за добредојде во мојава Македонија ме пречекува вест која ми создава тага и огромно разочарување. Занемена сум деновиве, премногу разочарана и револтирана, бидејќи 15 години од својот живот посветив и го дишев секој ден во тие години за да помогнам, да се борам рамо до рамо со најтешко болните и нивните семејства, заедно со сите мои со БОРКИ и колеги, за да се подобри системот во кој живееме, за да има секој човек право на лек, право на навремена дијагноза, право достоинствено да се лекува и бори за својот живот и право достоинствено да замине од овој свет“ - вели Биба и додава: „Сите вие што сте вмешани во тој монструозен чин, сте знаеле и сте гледале што се случува, а сте молчеле и со тоа сте го поддржале тој злочин, ќе ви пресуди Господ! Едноставно згрозена сум, не можам да ја замислам монструозноста на тој чин – свесно да им ја крадеш терапијата на луѓето кои се борат со најлошото сценарио, ракот. Кој покварен ум треба да го имаш, наместо терапија да им ставаш вода? Па последната трошка надеж на секое едно семејство кое се бори со ракот ни ја утепавте, мамето ваше“ - порачува Додева во објавата на Фејсбук! Ова се само две рекции на познатите личности. Ги има дестици, а оние на обичните граѓани илјадници. Социјалните мрежи вријат, јавноста е на нозе, протестите се во најава...  Правдата е на потег! Фото: Арнива/Фејсбук и Инстаграм/Biba Dodeva/Vladimir Blazev            ]]>

Ја најде вистинската љубов: Биба Додева се омажи – еве ги и првите фотографии од венчавката (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ja-najde-vistinskata-ljubov-biba-dodeva-se-omazi-eve-gi-i-prvite-fotografii-od-venchavkata-foto/ Sat, 16 Apr 2022 07:49:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246684

На еден ден откако го прослави својот 47-ми роденден, пејачката и претседателка на здружението „Борка“, Биба Додева славеше уште еден голем ден – својата венчавка. Биба Додева повторно ја наде вистинската љубов и реши уште еднаш да му даде шанса на брачниот живот. Бидејќи не е од оние што објавуваат детали од приватноста, овој момент за венчавката беше изненадување. Таа стана госпоѓа Шрепфлер, му кажа „да“ на својот сакан и се потипиша на венчалнот лист. Свечениот чин се случил  на отворено во присуство на најблиските. Фотографиите први ги објавија нејзините пријателки и соработнички. Маја Бабиќ, проект менаџерот на здружението на Биба за борба против рак „Борка“ им честиташе на младите со фотографија од свечениот момент и коментираше: „Ја дадовме невестата. Г-ѓа&Г-дин Шрепфлер, да сте вечни и љубовни засекогаш!“- напиша Маја Честитка и уште една фотографија објави и поетесата и пријателка на Биба, Ана Бунтеска: „Бибо моја, ви посакувам вечна љубов. Да се чувате и да си бидете столб еден на друг. Душава полна“, напиша поетесата на Фејсбук. Инаку, Биба Додева од првиот брак ја има ќерката Емануела, а пред пет години стана баба на внукот Хумберто Александар. Им посакуваме среќен и исполнет брачен живот! фото:Фејсбук/Маја Бабиќ/Ана Бунтеска  ]]>

Додека изолирана води битка со коронавирусот, Биба Додева доби неочекуван подарок што ја направи пресреќна: „Кога пријателката ќе се израдува заедно со тебе дека се’ уште дишеш…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-izolirana-vodi-bitka-so-koronavirusot-biba-dodeva-dobi-neochekuvan-podarok-shto-ja-napravi-presrekjna-koga-prijatelkata-kje-se-izraduva-zaedno-so-tebe-deka-se-ushte-dishesh-foto/ Wed, 25 Nov 2020 08:00:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177836

Короната коси се пред себе... Пуштена на најјако, надвор од контрола, не бира почие здравје ќе посегне, а зажал понекогаш и нечиј живот. Без оглед на пол, вера, нација, возраст... без оглед на тоа дали си обичен граѓанин или позната личност... Пред Бога сите сме исти, здравјето на сите подеднакво ни е важно... васушност - најважно. Затоа и стравот од болеста и моментите на траума и неизвесност додека се борите со неа и радоста дека сте ја надминале се исти за сите... Како и тагата, која за жал, понекогаш е неизбежна, кога некој ќе ја изгуби битката! Затоа покрај превентивата и почитувањето на протоколите да не се заразиме, доколку тоа сепак и се случи, покрај правилниот здравствен третман, многу важно е вниманието на најблиските, на околината, пријателите... Љубовта што оној кој се бори да ја надмине маката неизмерно ја добива како поддршка, кураж, надеж, верба дека што и да е - ќе помине... Македонската поп пејачка и хумана активистка, Биба Додева, за жал е една од илјадниците која се сочува со злокобниот Ковид 19. Таа неодамна на својот Инстаграм профил објави дека е позитивна на коронавирусот. „Време на КОВИД 19. Дај Боже да помине поскоро“ - напиша тогаш Биба покрај фотографијата,  покажувајќи дел од тажната страна на нејзината битка со коронавирусот. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/biba-dodeva-pozitivna-na-koronavirus/ Оттогаш минаа 15-ина дена, а храбрата „Борка“ се' уште не може да излезе сосема на крај со „невидливиот непријател“, иако добро закрепнува. Сепак, едно нешто, еден мал знак на внимание,  парче подарена љубов во вид на убав гест и го подигна оптимизмот на највисоко, и ја врати самодовербата, и ја развесели душата и го растрепери срцето, ја потсети дека не само најблиските од домашното опкружување, туку и блиските пријател(к)и не ја заборавиле... Особено не, кога најмногу и требаат, кога и е најмачно, најтешко...! Имено, додека изолирана води битка со коронавирусот, Биба Додева доби неочекуван подарок што ја направи пресреќна. Познатата македонска модна креаторка и нејзина пријателка, Елена (Пандева) Лука и испрати модно парче од својата нова колекција на пејачката, која не можеше да го скрие воодушевувањето од изненадувањето. Веднаш го облече на себе прекраснот модел, па направо неколку фотографии кои ги сподели на својот Инстаграм, а покрај нив ја напиша својата благодарноца кон нејзината пријателка и позната модна дизајнерка:   „Кога пријателката ќе се израдува заедно со тебе дека се' уште дишеш...  Не постојат доволно зборови и песни што можам да ти ги кажам или отпеам, за да ти покажам колку ми значиш... Ти благодарам од срце, претеча наша, Елена. Само ти знаеш и умееш вака. Те сакам“ - напиша Биба фотографирајќи го преубаво спакуваниот подарок што го доби заедно со посветата. Гестот на дизајнерката и го стопли срцето, ја направи посреќна и посилна што ќе придонесе што побргу да се избори со короната... Нешто, што на Биба и го посакуваме сите. Побрзо закрепнување и добро здравје... И неа и на сите нас!    ]]>

Биба Додева позитивна на коронавирус https://arhiva.vistina.com.mk/biba-dodeva-pozitivna-na-koronavirus/ Sun, 08 Nov 2020 08:49:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174985

Пејачката Биба Додева на својот Инстаграм профил објави дека е позитивна на коронавирус. „Време на КОВИД 19. Дај Боже да помине поскоро“, напиша таа покрај фотографијата. Македонската пејачка објави дека има коронавирус и ја покажа тажната страна на нејзината битка. Со внукот може да си игра само преку прозорец. На фотографиите Биба Додева го „гали“ и си зборува со внукот Александар, само преку стаклото од прозорецот. Фотографиите се слатки, но и многу тажни. Ова е реалноста во која живеат многумина кои не можат да си ги допрат најмилите поради епидемијата.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Biba Dodeva (@bbdodeva) on

]]>

Биба Додева го проомовира новиот албум „Незаборавни“ https://arhiva.vistina.com.mk/biba-dodeva-go-proomovira-noviot-album-nezaboravni/ Mon, 21 Sep 2020 12:55:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167928

Познатата македонска поп пејачка и хумана невладина активистка Биба Додева в понеделник, 21 септември 2020 година со почеток во 19:30 часот во отворениот дел на хотелот „Александар Палас” ќе го промовира својот нов студиски албум насловен „Незаборавни“. Албумот е составен од преработки на 11 македонски евергрини и од две бонус песни од последните два фестивала на кои што таа настапила. По тој повод, Додева вели: „Имавме тешка задача заедно со мојот пријател и колега Владимир Дојчиновски да ги одбереме песните од 1962 до 2002, од таа огромна македонска музичка ризница. Тоа се песни кои оставиле белег на една младост, една љубов, во едно поинакво време, па токму затоа ни претставуваше голем предизвик, но и голема одговорност да ги преработиме и да оставиме свој печат“, изјавува Додева по повод новиот студиски албум. Како што и таа самата открива, на проектот се работело повеќе од една година, а како гости се јавуваат голем број на македонски музичари, но и тројца еминентни гости од регионот.]]>

Дел од македонските познати фаци како по договор во ист ден објавија фотографии од минатото: Жал за младоста или… како се видоа себе си пред многу години (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/del-od-makedonskite-poznati-faci-kako-po-dogovor-vo-ist-den-objavija-fotografii-od-minatoto-zal-za-mladosta-ili-kako-se-vidoa-sebe-si-pred-mnogu-godini-foto/ Tue, 26 Nov 2019 08:47:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120555

Годините минуваат, животот тече, работите се менуваат... „Панта реи“ - како што впрочем вели старата латинска поговорка. Затоа одвреме-навреме сите ние, па очигледно и тие, јавните личности во Македонија, знаеме да се навратиме на минатото низ, муабети или прошетка по спомените преку она што сме го овековечиле во времето: старите фотографии или поретко видеа. Секој од нас има албуми со фотографии од детството, тинејџерските денови, младоста... И најчесто овие наши слики како икони ги чуваме, за навека да не потсетуваат кои, што и какви сме биле некогаш... Вечни спомени што остануваат за нас, но и за генерациите што дошле или допрва доаѓаат по нас! Е токму извадени од старите албуми,  дел од македонските познати фаци како по договор објавија фотографии од минатото  во ист ден. Носталгија по младоста или за да се потсетат и искоментираат како се видоа себеси денес, од пред многу години. Така, сестрите-близначки Сариќ, некогашната неприкосновена вокална двојка Маријана и Росана или поточно оваа втората -  Росана се потсети на времето кога таа и сестра и „жарееа и палеа“ на македонската сцена, на која по долги години пауза годинава се вратија на „Макфест“. Фотографијата од „златните времиња“ Росана  ја опишала со само еден збор: „Некогаш...“! Уште една естрадна двојка близнаци, само овие од посилниот пол, решиле да се потсетат на годините од раниот живот, поточно од детството, преку стара фотографија. Детски роденден, маскенбал или новогодишна прослава... Мартин и Стефан од „Некст тајм“ не објаснија, ама затоа пејачот прокоментирал како гледа денес на себе си и брат му Мартин во она време, во времето на нивното детство. Пејачката и прва дама на „Борка“, Биба Додева не се вратила толку назад во времето во прошетката по спомените, но затоа пак спомените кои и оставиле веројатно еден од најсилните впечатоци и обележале битни моменти од нејзиниот живот реши да ги извади на „луфтирање“. Жал за младоста и годините  или носталгија по изгледот, само Биба знае, која напшишала дека на фотографијата која личи на свадбена, изгледа помлада...многу помлада од денес. Останатотото напишано во продолжение - нема да го коментираме! И новинарско - водителската двојка Александра Тимковска - Ване Марковски се најдоа прегрнати и гушнати на заедничјка фотографија... од времето! До душа не така оддамна, ама сепак минале години. А на неа двајцата се се' уште ... Дечишта! Така барем самите напишале дека се доживуваат на сликата кога на времето почнуваа во еснафот!    ]]>

Биба Додева на 13 Ноември го промовираше видеото за својата верзија на – „Скопје“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/biba-dodeva-na-13-noemvri-go-promovirashe-videoto-za-svojata-verzija-na-skopje-video/ Wed, 13 Nov 2019 13:06:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118297

Минаа неколку месеци откако македонската поп-рок пејачка Биба Додева ја преработи легендарната песна на култните „Леб и Сол“, посветена на македонската метропола - „Скопје“. Празникот на главниот град, денот на неговото ослободување „13 Ноември“ беше искористен за промоција и пуштање во етер на видеото за истата, кое е правено по теркот на оригиналната приказна на режисерот Столе Попов, но овој пат со други протагонисти, на други, различни скопски локации... Во спотот се појавуваат многу познати македонски личности од различни области, како и урбани градски ликови, навивачки  групи, естрадни фаци, актери, пејачи, водители, музичари... Со еден збор, дел од луѓето што го обележале животот и битисувањето на главниот град, секој на свој начин, во својата област! „Фала на Влатко и Горан Стефановски, што можев да растам со песнава, па сега и да ја препеам. Оддамна нашево Скопје не звучело и изгледало вака весело! Ви благодарам што бевте дел и без сите вас ова вака немаше да изгледа!   Честит празник мило Скопје мое... Чисто да ни бидеш, да те дишеме, да се гушкаме и љубиме повеќе“ - ја завршува Биба посветата во најавата на нејзината верзија на „Скопје“, чиј нов аранжман и продукција ги потпишува Владимир Дојчиновски-Дојчин, а видеото кое можете да го проследите во продолжение е изработено од „Фукс продукција“: ]]>

Биба Додева пее за изгубената животна љубов во фестивалската – „Како некогаш“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/biba-dodeva-pee-za-izgubenata-zivotna-ljubov-vo-festivalskata-kako-nekogash-lirik-video/ Thu, 12 Sep 2019 11:32:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106527

Како некогаш“ е насловот на победничката песна  со која Биба Додева триумфираше на поп-вечерта на годинешниов фестивал „Охрид фест- Охридски трубадури“, кој се одржа првиот викенд во септември. Пејачката вели дека се работи за  автобиографска тема во која таа пее за љубовта на својот живот - нејзината мајка, која ја загубила во борбата со опаката болест - канцерот.
  Автор на музиката и аранжманот на оваа моќна балада е композиторот Владимир Дојчиновски- Дојчин, на чија музика совршено легнала приказната од текстот која ја напишала поетесата Ана Бунтеска.
  „Песната е автобиографска... И моја и на Ана, и на сите оние кои што изгубиле некого. Инаку, со Ана се познаваме многу оддамна. Јас сум еден од оние нејзини фанови, почитувачи нејзиниот збор, нејзините стихови и песни и сето она што таа го прави“ -  изјавила Биба во бекстејџот на „Охрид фест“ за Женски магазин и продолжува:
  „Уште во периодот кога ја загубив мајка ми, ѝ реков на Ана дека ако решам да правам албум, сакам таа да ми ги пишува текстовите…“ - заклучува Биба. И еве, соработката стартуваше!
  Покрај музиката и аранжманот на победничката песна, Дојчин ги изработел и миксот, мастерингот и продукцијата на песната, која како звучи можете да слушнете читајќи ги стиховите на лирик видеото на „Како некогаш“ во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=_5oFp-t-wYQ    ]]>

Драган Спасов – Дац на „Охридски трубадури“ и’ ја оспори победата на Биба Додева за „нерегуларности“ во гласањето, па потоа мораше да си ја „свитка опашката“, оти се „истрчал“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dragan-spasov-dac-na-ohridski-trubaduri-i-ja-ospori-pobedata-na-biba-dodeva-za-neregularnosti-vo-glasanjeto-pa-potoa-morashe-da-si-ja-svitka-opashkata-oti-se-istrchal-foto/ Thu, 12 Sep 2019 06:45:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106296

Има една народна поговрка која вели: „Не се истрчувај како прле пред магаре“... Најверојатно зашто прлето не може да си го мери со магарето... капацитетот, се разбира! Токму така некако може да опише и скандалот или барем близу до тоа што се случи на последниот фестивал „Охрид фест - Охридски трубадури“, каде актерот и „пејач“ Драган Спасов - Дац настапи во дует со авторот и пејач Александар Митевски, со неговата песна „Цреши охридски“  со која наидоа на одличен прием и кај публиката и кај жирито. Арно ама, откако поголемиот број на гласови при гласањето отиде кај Биба Додева, на глумецот ем пејач, му се сторило сомнително дека некој ги краде... Или како што самиот за „Фокус“ изјавил: „Имаше многу реакции од публика кога Додева беше прогласена за победничка, а ние останавме на второ место со еден поен помалку од неа. Ми се јавија и луѓе од Скопје кои го следеле гласањето и тие ми кажаа дека има проблем во бодувањето, односно дека ние сме победници. Јас излегов на сцената и побарав да видиме за што станува збор, а публиката ме поддржа. Значи, ништо страшно не се случи, не е ова нешто лично против Додева, напротив, само побарав да се пребројат гласовите по реакциите на публиката“ – појаснува актерот, кој од неодамна започна со дуетски настапи со Митевски. Вели дека на крај се испоставило дека гласањето било во ред, по што на Биба и го честитале првото место и се фотографирале. „Нема никаков скандал, се работи за недоразбирање кое се реши, а на Биба Додева од се срце и го честитав освоеното прво место на поп вечерта на Охрид Фест“ - додал Дац за „Фокус“. Арно ама, резилот за сомнежот при бодувањето не остана незабележен од медиумите, а „црвот на сомнеж“ во „Црешите охридски“ на Дац и Митевски се покажа дека го немало... оти сомнежот испадна неоснован! „Црешите охридски“ рака на срце, ем добри, ем зрели за награда, ама тој што се истрча да ги фали повеќе од потребното,  испадна... „трула вишна“!  ]]>

Пејачката се пошегува на Фејсбук: „Кој се изгорел на Катица, ќе дува и на Биба Додева!“ https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-se-posheguva-na-fejsbuk-koj-se-izgorel-na-katica-kje-duva-i-na-biba-dodeva/ Thu, 22 Aug 2019 11:02:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103413

Огромна е сличноста во изгледот меѓу Катица Јанева и пејачката Биба Додева. Додева на „Златна Бубамара“ дури и ја глумеше обвинителката. Сега, кога Јанева како третоосомничена за „Рекет“ доби 30 дена притвор, пејачката се пошегува на Фејсбук. „Добро вечер драги мои.. Кој се изгорел на Катица, ќе дува и на Биба Додева“ - напишала пејачката.