би те одбрал само тебе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 Dec 2018 12:21:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png би те одбрал само тебе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тара ја одбра Барбара за дует верзија за макфестовската „Би те одбрал само тебе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tara-ja-odbra-barbara-za-duet-verzija-za-makfestovskata-bi-te-odbral-samo-tebe-video/ Mon, 17 Dec 2018 12:20:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63513

Годинашното, 33. по ред издание на фестивалот „Макфест“ навистина ни понуди бројни потенцијални евергрини, а за да им го продолжат векот на своите песни, музичарите понекогаш одлучуваат да им направат и по некоја нова верзија.
Токму тоа го направи Александар Тарабунов со одличната “Би те одбрал само тебе“, чија музика ја потпиша неговата колешка Тамара Тодевска, а стиховите и аранжманот се дело на Роберт Билбилов.
Имено, оваа одлична тема сега си доби освежување во форма на дует со уште една млада ѕвезда во подем –Барбара Поповиќ.
Некогашната македонска претставничка на детската Евровизија 2013, дебитираше на сцената на годинашниов „Макфест“ со „Не си ти крив“ па можеби токму дружбата на популарниот фестивал, резултирала со идејата за дует.
Сето тоа визуелно го надополнил режисерот Зоран Зонде Стојановски, кој ја направи и екранизацијата на оригиналната верзија на песната. И двете варијанти се вистинско освежување на домашната сцена, а како звучи „Би те одбрал само тебе“ во изведба на Тара и Барбара дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=3QcqIlmvLdo&fbclid=IwAR0YU8M8cU2CLmfvM6D-DUPMw1pvbudhwNv96-8aAEL8Wz8bc-mBovGQSNk]]>

Александар Тарабунов како латино љубовник во макфестовската „Би те одбрал само тебе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-tarabunov-kako-latino-ljubovnik-vo-makfestovskata-bi-te-odbral-samo-tebe-video/ Tue, 09 Oct 2018 09:41:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52098

„Би те одбрал само тебе“ пее Александар Тарабунов во фестивалската фламенко тема со која се натпреваруваше на годинашното, 33. по ред издание на  „Макфест 2018“, каде што во рамките на втората полуфинална вечер успеа какао 4. пласирана да влезе во финалето.
Интересно е што новиот потенцијален хит на Тара го потпишуваат неговите колеги: Тамара Тодевска, која стои зад музиката, и Роберт Билбилов, чиј потпис стои на стиховите и аранжманот на песната, што можеби и помалку невообичаено.
Сето тоа одлично го визуализирал режисерот Зоран Зонде Стојановски, кој стиховите и мелодијата ја преточи во латино филмска приказна која во многушто соодветствува со амбиентот и стилот во кој е направена самата песна.
Тарабунов пак, овој пат во стилот на „Џипси кингс“ уште еднаш ги потврдува своите несомнени вокални квалитети, на кои се надоврзуваат и танчарските движења и чекори на прекрасната танчарска двојка, како и актерскиот порив на пејачот, кои се исто така успешно имплементирани во видеото кое се надоврзува на мелодијата доловувајќи ја целата атмосфера.
Како изгледа и звучи Тара како латино љубовник, можете да дознаете ако одберете да ја проследите „Би те одбрал само тебе“ во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=-tBuR9aVxuQ    ]]>